Четириесетгодишниот С.Џ. од Прилеп бил приведен вчера кај местото викано Долно Шилево. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во викенд-куќа, сопственост на В.С. од Прилеп, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.