На 12.11.2022 полициски службеници од СВР Битола- Полициска станица од општа надлежност Прилеп на ул. “Марксова” во Прилеп го лишиле од слобода Е.В.(42) од Прилеп поради сомнение
за сторено кривично дело кражба.
Од Е.В. е одземен мопед “томос”, кој бил пријавен за украден на 02.11.2022
Мопедот е вратен на сопственикот, а против Е.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Лишен од слобода криминалец баран со потерница, осуден на петгодишна казна затвор
На 11.11.2022 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.( 33) од Куманово.Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и 236 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.