Премиерот и пет министри потрошиле 20.000 евра за авиобилети за бизнис класа, за патувањето на Самитот на НАТО. СДСМ сака да ни ја продаде шарената лага дека тоа било аргумент за некакво „луксузирање“ на новата влада.Има илјада начини да се разбие овој наводен аргумент. На пример, тие 20.000 евра да се споредат со стотиците илјади евра потрошени за приватните журки на СДСМ и на ДУИ за време на нивното владеење.
Но, навистина нема потреба од такви експликации. Нема потреба да се објаснува она што може да го разбере секој нормален и пристоен човек, секој што поразот на СДСМ и на ДУИ не го доживува како лична трагедија. Доволно е само да се повтори дека малициозноста не е аргумент.Премиерот и министрите треба да патуваат во бизнис класа, во авионите и во другите превозни средства. Тоа е факт.Скапите авиобилети не се луксузирање, туку сосема обратно – можност за штедење на народните пари. Тоа е аргумент.
Звучи нелогично? Да, ама само за малициозните и за тие што се ложат на евтин популизам.Оние другите можат да се информираат дека патувањето со бизнис класа на патниците им нуди услови и за работа за време на летот и за квалитетен одмор, после кој се спремни и орни за работа. Така многу деловни луѓе, но и обични смртници, кои се принудени или едноставно сакаат да патуваат, ги скратуваат „празните одови“ и времетраењето на своите патувања и така штедат на хотелски трошоци, на скапи и заморни трансфери од аеродромите до своите дестинации и слично.
Ова е аргументирање.И не е баш нуклеарна физика, другарчиња од СДСМ. За сето ова може да се прочитаат стотици статии, да се научи нешто, а богами и да се искуси.Како што не е некоја голема „филозофија“ да се сфати дека и „пискотниците од Галичник до Река“, за наводно безобразно високите плати на премиерот, на министрите и на други државни функционери, се само обичен популизам.И малициозност, секако. Злоба и пакост.
Целата колумна на Плусинфо.мк