4.8 C
Скопје
08/12/2022 00:39
МАКТЕЛ

„Луди нацистистички наркомани“ – како се смени реториката на Медведев од либерална кон анти-западна?

Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, во февруари годинава, реториката на рускиот екс-претседател Димитри Медведев стана сè пожестока, особено за човек кој претходно не се експонирал премногу во јавноста, а своевремено се сметал за либерален модернизатор. Тој на социјалните мрежи за ЕУ, НАТО и за Украина употребува зборови како „наркомани“, „нацисти“, „им тече плунка од дегенерација“, „војна против Сатаната“, а голем дел од неговите наративи се пренесувани во македонските медиуми или на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

  

„Наркомани“, „нацисти“, „им тече плунка од дегенерација“, „војна против Сатаната“. Ваква и слична реторика, користи поранешниот руски претседател Димитри Медведев, опишувајќи ја воената инвазија на Русија врз Украина. И во своите говори, а особено на социјалната мрежа Твитер и на Телеграм, каде што е особено активен, Медведев користи најгруби зборови за Западот, НАТО и за Украина.

Од почетокот на војната, во февруари годинава, неговата реторика стана сè пожестока, особено за човек кој претходно не се експонирал премногу во јавноста, а своевремено се сметал за либерален модернизатор.

  

Во пораката по повод Денот на националното единство на Русија, Медведев рече дека задачата на татковината е „да го запре врховниот владетел на пеколот, без оглед на името што го користи – Сатана, Луцифер…“ Медведев изјави дека Русија има различни оружја, предупредувајќи дека „Москва може да ги испрати сите свои непријатели во вечните огнови на пеколот“.

Москва се бореше со „лудите нацистички наркомани“ во Украина, поддржани од западњаци на кои им тече плунка од дегенерација по брадата, рече тој.

Поранешниот премиер и претседател, актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, Димитри Медведев, го отвори својот профил на Телеграм, на 17 март годинава откако почна војната во Украина. Профилот на Медведев на социјалните мрежи оттогаш е посветен на антидемократски, антизападни и анти-НАТО наративи.

Во јуни годинава, Димитри Медведев објасни:

Често ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку груби. Одговорот е дека ги мразам. Тие се копилиња и ѓубриња. Тие сакаат смрт, нам, на Русија, напиша Медведев, додавајќи дека додека бил жив, ќе направел сè за да исчезнат.

Тој не појасни дали „тие“ се однесува на Украинците, на западните политичари или, пак, и на едните и на другите.

На социјалната мрежа Твитер, тој има 1,1 милиони следбеници, а тој лично следи само 20 профили. Слична жестока и груба реторика може да се забележи и таму, а во коментарите има голем број луѓе кои го поддржуваат, но и такви кои го критикуваат, а воедно и изразуваат чудење од неговите наративи.

 

Најбрз начин да се донесе конфликтот во Украина до точка од која нема враќање е да се вооружаат психопатите во Киев со ракети со долг дострел. Повозрасните лидери од Вашингтон и од НАТО понекогаш мораат да почнат да го користат нивниот мек мозок, пишува Медведев во октомври годинава.

Во август годинава, пак, Медведев на Твитер имаше обид да стави знак на еднаквост меѓу претседателот на Украина Володомир Зеленски и Адолф Хитлер.

 

Шефот – кловн на Украина предложи да биде „одговорно целото население во Русија“. Адолф Хитлер беше тој што последен се обиде да ги примени таквите идеи на еден народ како целина. Остануваат некакви прашања за природата на украинскиот режим?, гласи твитот на Медведев во август годинава. 

За тоа како на твитер профилот на Медведев растел бројот на неговите следбеници, покажуваат и статистичките податоци од веб-страницата „Трендсмеп“, која ги следи овие трендови. Се гледа дека во 2022 година, наеднаш и со „брзина на светлината“ расте бројката на луѓе кои го следат профилот на експретседателот на Русија.

Фото: Принтскрин, trendsmap.com

Реториката на Медведев наголемо се следи и во земјава. Медиумите ги пренесуваат неговите изјави и написи на социјалните мрежи, во кој тој буквално со гадење зборува за Западот, НАТО и за Украина.

Со посебно внимание беше пренесен твитот кога Медведев на Твитер го повика Илон Маск, најбогатиот човек на светот и новиот сопственик на Твитер, да ја исклучи сателитската интернет услуга во Украина. Медведев му честиташе на Маск за „надминувањето на политичката пристрасност и идеолошката диктатура на Твитер“.

И откажи се од тој бизнис со Старлинк во Украина, напиша Медведев.

Воедно и Маск се впушти во бизарен разговор на Твитер со Медведев.

Откако Медведев на Твитер објави: „Збогум Лиз Трaс, честитки за салатата“, алудирајќи на оставката на британската премиерка, чие владеење во Британија се споредуваше со времетраење на главица зелена салата, Маск одговори: „Доволно добро тролање, да бидам искрен“. На тоа, Медведев возврати: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.

Македонските медиуми ја пренесоа и последната изјава на Медведев (15.11.2022) на Телеграм, кој го коментираше гласањето во Обединетите Нации за резолуцијата со која се бара воспоставување механизам за Русија да ѝ плати воена отштета на Украина. ОН: Русија да плати репарации на Украина, Медведев бара САД да ѝ платат на Србија, гласи само еден од насловите пренесени во македонските медиуми.

Откако донесе резолуција Русија да ѝ плати отштета на Украина, Генералното собрание на Обединетите нации сега треба да ги повика САД да им платат отштета на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и други земји, напиша Медведев на Телеграм.

Во земјава на социјалните мрежи се споделуваат и тврдења на Медведев кои тој ги споделува на руската социјална мрежа Vk.com, а Вистиномер веќе има дебанкирано дел од нив.

Кога Димитри Медведев стана претседател на Русија во 2008 година, тој беше првиот лидер на земјата во последните децении без познати врски ниту со поранешната Советска Комунистичка партија ниту пак со тајните служби.

Сепак, Медведев – квалификуван адвокат – беше исклучително близок со неговиот претходник Владимир Путин, поранешен агент на КГБ. Тој водеше кампања како штитеник на Путин и се врза за неговата политика веднаш штом победи на изборите во 2007 година.

Ќе можеме да го зачуваме курсот на претседателот Путин, рече тој тогаш.

Во 2012, тие ги сменија позициите – Путин стана претседател третпат, а Медведев се врати на позицијата премиер, до 2020 година.

Според ставовите на некои аналитичари, се чинело дека претседателството на Медведев ветува позитивни промени, и во Русија, но и во врските со Западот, сигнализирајќи ја „можноста за нов, полиберален период во руската политика“. Подоцна сепак тој почнува да усвојува сè порадикални позиции.

Кон крајот на јуни, кога продолжи руската војна против Украина, 27-годишниот Илија Медведев – син на Димитри Медведев – официјално стана член на владејачката партија „Единствена Русија“ на Путин. Ова се случи само неколку недели по непотврдените извештаи дека САД му ја откажале визата на Илија Медведев, кој живеел во Калифорнија, САД, и му дале два дена да ја напушти земјата. Оваа вест сè уште не е официјално потврдена.

  

Најново

ЛЕНИН ГИ РАДИКАЛИЗИРА ПРОТЕСТИТЕ!

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТИТЕ СЕ БОРЕА КАКО ЛАВОВИ И ИЗВОЈУВАА ГОЛЕМА ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА ВО ЏОРЏИЈА СО КОЈА ГО ДОБИЈА МНОЗИНСТВОТО ВО СЕНАТОТ, НИВНАТА МЕДИСКА И ПОЛИТИЧКА МАШИНА ГО ПРЕГАЗИ КАНДИДАТОТ НА ТРАМП КОЈ БЕШЕ АМЕРИКАНСКА ВЕРЗИЈА НА НАШИОТ АЛЕКСАНДАР МАЛЕНКО

Sase Ivanovski

ОВА ЌЕ ЗНАЧИ ВОЈНА, ОВА Е НАЈГОЛЕМА КЛЕТВА ЗА ОВАА ЗЕМЈА

Sase Ivanovski

АПЕЛ ЗА ДОНАЦИЈА ⛪️Црква “Св.Спас” и Црковно здружение за обнова и реконструкција на Црква во с. Долно Палчиште, тетовско

Sase Ivanovski

Тежок судир вечерва го затвори автопатот Скопје – Тетово

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Вечерва на покана на Шефот на OSCE Mission to Skopje, Килијан Вал, присуствував на прием по повод јубилејот 30 години ОБСЕ во Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Министерот за внатрешни работи, Спасовски, присуствуваше на Свечена академија по повод црковно-државниот празник Денот на Свети Климент Охридски

Sase Ivanovski

„Црвена Јабука“ ја препеаја песната на Јонче Христовски „Ако умрам ил загинам“

Tamara Ivanovska

МИС НА ХРВАТСКА ГЛАВНА ЅВЕЗДА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Tamara Ivanovska

Ваква висока и системска корупција се решава со апсења

Tamara Ivanovska

НЕМА ПАРИ АКО ВЕ РАЗРЕШАТ ИЛИ ДАДЕТЕ ОСТАВКА Уставен поведе постапка за укинување на апанажата на функционерите

Tamara Ivanovska

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои имаат бизнис интереси од Град Скопје се тандемот Тачела и коалицијата на неврзаните (СДС, Левица и ДУИ) и бугарски автобуси за јавен превоз?

Tamara Ivanovska

Маричиќ од Виена: Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите и да останеме на европскиот пат 

Tamara Ivanovska

СДСМ: Повлекувањето на Ленин е игра на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да ја прекине блокадата

Tamara Ivanovska

Максим Димитриевски му подари книга “The soul of Macedonia” на Претседателот на Израел Ицсхак Херцог

Tamara Ivanovska

Маричиќ: Наша задача се реформите и да останеме на европскиот пат 

Tamara Ivanovska

Мнозинство од граѓаните и политичките партии во земјава ја осудуваат руската агресија врз Украина

Tamara Ivanovska

Приведени две лица од Делчево за „перење пари“

Tamara Ivanovska

„Макекспрес превоз”: Не сме организатори на протестите, апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат превозниците за препукувања

Tamara Ivanovska

Крај за медените години на корупцијата

Tamara Ivanovska

СПАСОВСКИ: Вечерва на покана на Шефот на OSCE Mission to Skopje, Килијан Вал, присуствував на прием по повод јубилејот 30 години ОБСЕ во Република Северна Македонија

Tamara Ivanovska

Еден глас помалку за власта: Апсолутно нема да гласам за уставните измени, вели коалицискиот партнер на СДСМ, Трајанов

Tamara Ivanovska

Мистерија во скопски хотел: Момчето кое пред три месеци исчезна од хотелот се уште не е пронајдено!

Tamara Ivanovska

Инфлацијата се искачи на загрижувачки 19,5 отсто на годишно ниво

Tamara Ivanovska

Воз за Белград ќе нема и догодина, за Солун и Истанбул се чека согласност од Грчките железници

Tamara Ivanovska

Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ донираа пари за топол оброк за нивните врсници

Tamara Ivanovska

Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари

Tamara Ivanovska

Благодарници за брачниот пар Баарс од Холандија за нивните донации во медицинска опрема

Tamara Ivanovska

За вистинска заштита на приватноста, сите закони треба да се усогласат со законот за заштита на лични податоци

Tamara Ivanovska

Истражување со фокус групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси

Tamara Ivanovska

Инспекторатот за животна средина вработува тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа

Tamara Ivanovska

„е-Општество.мк“: Превенцијата и едукацијата на општеството се најсилното оружје за кибер-безбедност

Tamara Ivanovska

Михаилов: Изненаден сум што Германија и Шпанија испаднаа од СП, на Македонија би и било многу тешко!

Tamara Ivanovska

Управниот одбор на ЗЕЛС бара Владата да не ги враќа општините на слободниот пазар на електрична енергија

Tamara Ivanovska

Тасева за тимот од САД што ќе истражува корупција: Порака дека повеќе нема да се толерираат само зборови

Tamara Ivanovska

Ленин- Ме прелажа. Успешно ме изманипулира, се извинувам што ја подржав

Tamara Ivanovska

ЧУЛЕВ: Не е фер да се споредуваат Субрата Рој и Онишченко

Tamara Ivanovska

СНЕЖЕ ВЕЛКОВ: Госпоѓа на улица, домаќинка во кујната, „старлета“ во спалната…!

Tamara Ivanovska

„Тајм“ го прогласи Зеленски и украинскиот народ за „Личност на годината“

Tamara Ivanovska

Изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложен, пристигнала уште една пријава

Tamara Ivanovska

Измамите по телефон не запираат, лековерни граѓани даваат пари на непознати лица!

Tamara Ivanovska

Нов детал од истрагата за смртта на Јанеска: Пиштолот што бил пронајден покрај неа, бил во сопственост на нејзиниот партнер

Tamara Ivanovska

Меркел си ги признава грешките.Требаше порано да реагираме на агресивноста на Русија

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) НЕ МОЖЕА СО ШИПКА, ПА УПОТРЕБИЈА ЕКСПЛОЗИВ Вооружената група ги крена во воздух банкоматите во Топанско

Tamara Ivanovska

ЕВРОПОЛ „УЛОВИ“ КРУПНА РИБА Пресретнат бразилски брод со над 4,6 тони кокаин во вредност од 150 милиони евра

Tamara Ivanovska

МОЌЕН ЦИКЛОН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА? Според Попоски треба да се подготвиме за интензивни дождови и поплави

Tamara Ivanovska

СЕ ЛУКСУЗИРА ЛИ ФИНАНСИСКИОТ ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ – ТРАНСПОРТ? Вели дека не е вистина дека го „заробил“ службеното возило, ама не кажува каде е

Tamara Ivanovska

ЕВРОЕНТУЗИЈАЗМОТ ОПАЃА, НО НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ Пендаровски во Брисел потврди дека ЕУ е најдобрата алтернатива за нас

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БОМБА НА НАЌЕ ЧУЛЕВ: МВР ПЛАЌА 4 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ЗА ОШТЕТИ КОН ВРАБОТЕНИ КОИ БИЛЕ НЕРЕГУЛАРНО ПРЕРАСПРЕДЕЛЕНИ, СУСПЕНДИРАНИ ИЛИ ДОБИЛЕ ОТКАЗ

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) НАЌЕ ЧУЛЕВ: МЕ ИЗБРКАА ОД РАБОТА, БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЕРТИФИКАТИ СЕ КОРИСТАТ КАКО АЛИБИ ЗА ЧИСТКА НА НЕПОДОБНИ ВО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ

Tamara Ivanovska

САШКО КОЦЕВ: Добро видовме дека можете, сега тргнете ги автобусите!, порача тој

Tamara Ivanovska

Кутиров: Реконструкција на граничните премини со Бугарија и дигитализација на постапките за подобрување на трговската размена во регионот

Tamara Ivanovska

Мицкоски на средба со Канадскиот амбасадор Џајлс Норман

Tamara Ivanovska

СКОПСКО со нов проект во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак

Tamara Ivanovska

Прв состанок на Групата за поддршка на Кримската платформа

Tamara Ivanovska

СДСМ: Не е само Ленин, Мицкоски е тој кој треба да ја повлече блокадата на Скопје

Tamara Ivanovska

Битиќи – Филипиду: Добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Грција носат значителни придобивки за двете земји

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СДСМ:Сите виновници за хаосот во Скопје се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СДСМ: Доста беше изживување врз граѓаните Мицкоски да ги запре блокадите на Скопје

Tamara Ivanovska

СДСМ: Мицкоски да каже колкава штета им направи на граѓаните со блокадите во Скопје и да се повлече

Tamara Ivanovska

Реформите во одбраната и поддршката за Украина теми на денешната средба на Петровска со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Коалицијата Тачела да го реши проблемот со превозниците кои сами го креираа, по Ленин да се повлече и Сталин, а не да се закануваат дека со специјалци ќе газат луѓе

Tamara Ivanovska

Управниот одбор на ЗЕЛС ја одржа 11 седница на која дискутираше за предизвиците од енергетската криза, каде посебно внимание беше посветено на дописот што EVN group го испрати до општините

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Васко Кичевски да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела, а за малверзациите во ПОЦ ќе има ревизија и кривична одговорност по промена на власта

Tamara Ivanovska

Во Делчево ќе се отвори –центар за дијаспора

Tamara Ivanovska

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници во Вашингтон САД, на форум на ИДУ

Tamara Ivanovska

Средба Џафери-Милков, соработката секако треба и понатаму да се продлабочува, заради продолжување на процесот на проширување на Европската унија

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Странски извршители да гонат криминал, а не домашни е јавен пораз и доказ дека МВР продуцира криминал, Спасовски да си даде оставка

Tamara Ivanovska

(ВИДEO) Од прес-конференцијата на портпаролите: Одлука да се поништи одлуката за прием на Онишченко во државјанство; Одлука за користење средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица и за финансирање мерки за вработување евидентирани невработени лица

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: СДС по тајните средби на Ковачевски со Арсовска очекувано застана во нејзина одбрана

Tamara Ivanovska

Ковачевски-Едштадлер: Северна Македонија доверлив партнер и идна членка на ЕУ

Tamara Ivanovska

Од прес-конференцијата на портпаролите: Изминатото деноноќие произведени 12.580 MWh електрична енергија, целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

Tamara Ivanovska

МОН: Волонтери на Мировниот корпус ќе соработуваат со девет основни и две средни училишта

Tamara Ivanovska

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Tamara Ivanovska

Што е крипто валута?

Tamara Ivanovska

Главната расправа за пожарот во тетовската модуларната болница одложена за 27 декември

Tamara Ivanovska

Инспектори од Центар затворија градилиште на Пластичарска: Инвеститорот треба да го урне објектот

Tamara Ivanovska

Стопанската Комора на Македонија идентификува извозните можности и потенцијали на македонската економија

Tamara Ivanovska

Јовановски најави оставка од „Слобода превоз“

Tamara Ivanovska

Пендаровски побарал помош од НАТО за сајбер безбедноста

Tamara Ivanovska

Leave a Comment