Речиси се и исто, само него го нема. Загрижуваат одредни недоречени ветувања во предложената програма, како на пример преиспитување и рационализација на поставеноста и органите на државната управа со можност за спојување и укинување на одредни државни органи, дали новата реорганизација изласана после полноќ и во скратена постапка ви беше потреба за реформа, која ќе биде и соодветно прочистување – рече Лукаревска.
Лукаревска истакна дека за поздравување во програмата на ДПМНЕ е тоа што ќе се продолжат добрите решенија во даночната сфера, во дигитализацијата, во обновливите извори на енергија, во културата, земјоделието, поддршка за иновации, повисок стандард на вработени и на пензионери, нешта кои владата на СДСМ ги издигна на достоинствено ниво.
Откако станавте опозиција до 8 мај и во добро и во лошо имавте само еден збор – избори, бидејќи слепо целевте кон власта, па затоа кога велите дека: „почнуваме да ја реализираме нашата визија за државата, која повторно во рацете на народот, секој граѓанин има можност да напредува и да живее достоинствен живот имате одговорност за огромна искреност“, нагласи Лукаревска, додавајќи дека ДПМНЕ секако ќе го отвори Уставот, но тогаш ќе се види за што.
Ако добиените избори од ДПМНЕ за некого значеше надеж, сега уште невселени на „Илинденска“ може да констатираме дека надежта веќе заминува, бидејќи ја однесоа постизборните играрии. Просто фрапантно е како за неколку дена се изпогазени повеќе работи. Станува збор можеби за некој куса лента, на којашто го нема името на државата, а камо ли нејзиното достоинство, добро и нејзината иднина, истакна Лукаревска.
Лукаревска коментирајќи ја програмата ДПМНЕ се оврна и на најавените изненадувања од нивна страна секоја недела.Кога ќе не изненадите со ветената една милијарда, не слушнавме ниту збор за неа. Дали се работи за пари од земја која преку коњски скок е инфилтрирана во државата, за што бевме јавно предупредени пред три години. Скокот се случи, да видиме до каде ќе не однесе овој пат, порача пратеничката.