Во изминатите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ има доволно материјал за да се каже дека потфрли и ги изневери очекувањата и ветувањата. Пред изборите ВМРО-ДПМНЕ имаше многу горделиви ветувања а од друга страна гледаме поинаква реалност. На меѓународен аспект имаме нови проблеми, наместо интеграција имаме изолација.
Во делот на животниот стандард на граѓаните имаме намалување на платите а обвинувањата за криминал и корупција се сведоа само на личен линч од партиска говорница, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија. -Има многу изневерени очекувања и неисполнети ветувања. Денеска слушнавме дека пензионерите нема да ги добијат ветените 5.000 денари кои за време на целата кампања ги слушавме, линеарно, ниту половина.
Просечната плата за прв пат се намали за 1.000 денари. На меѓународен план, Албанија на претрка на европскиот пат и ние сега остануваме во чекалната. Наместо соодветна дипломатија за подобрување ние ќе останеме во една бездна. Имавме и огромен број на скандали, косовската граница стана приватен премин. Бројни се промашувањата во изминатите 100 дена на секое поле, рече Лукаревска.
Цела кампања слушавме дека прво со што ќе се занимава ВМРО-ДПМНЕ е криминалот на ДУИ а денеска гледаме таа коалиција базирана на кекси и гурабии потопени во млеко е ставена на пиедестал, додаде Лукаревска. -Нема борба против криминал и корупција а нема ниту реформа во судството. Едно се зборуваше во кампања, сега гледаме друго. Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја гледаме секојдневно. Заедно со ДУИ го донесоа Законот за реорганизација на државната управа, формираа тело за правична застапеност., речепратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.