Почитувани граѓани, верувам во вашата љубов кон државата, сакате да биде безбедна, а вашите животи побогати и посигурни. Заедно одиме кон таа цел. Ви ветувам, ќе дадаме сè од себе за да ги оправдаме вашите очекувања и верба во нас. Од минатото добро знаеме дека она што ќе го посееме сега, ќе го жнееме утре. Затоа мора да сме будни, затоа клучно е СДСМ да победи на изборите, зашто само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните. Ветивме живот во слобода и тоа најголемо ветување го исполнивме. Сега ви ветуваме ИДНИНА, предвидлива, спокојна, европска, рече носителката во третата изборна единица Сања Лкаревска, вечерва во Велес.
Лукаревска истакна дека е предизвик и чест да се биде носител на листа во третата изборна единица, зашто, верувам во исправните политики на СДСМ, во чесноста и во љубовта на нашите членови кон државата и кон сите нејзини граѓани.
– Тука сме, со вас сме , ние не бегаме ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата. СДСМ бил, е и ќе биде со граѓаните секогаш, и во добро и во лошо. Затоа важно е СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија таму каде што ни е местото на сите, на цела држава-после НАТО, влез во Европската унија. Како Македонци со македонски јазик, по исправниот пат. Убедена сум дека и Велес, и на 24 април и на 8 мај, ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија, рече Лукаревска.Кога ќе го заокружите бројот 1, и задутре и на 8 мај, вие гласате за иднината. Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија.