Почнува примената на измените на Кривичниот законик. Кој сè од поранешните и актуелни функционери ќе се спаси од судски прогон? Имаме ли тивка амнестија за функционерската каста?Колку предлог законот за амнестија на осуденици ќе ги растерети затворите?
Во Топ Тема, вечерва Боби Христов дебатира со заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, Александра Цветановска, претседателка на Македонското здружение на млади правници и Јанаки Митровски, адвокат.Неизвесна е иднината на 14 предмети речиси сите на СЈО во кои се опфатени околу 80 лица за злоупотреба ба службена положба, злоупотреби при јавни набавки и слично.
„Не сакам да го коментирам постапувањето на обвинителите или судиите во иднина“, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ.
„Измените на КЗ не се амнестија ниту застарување на овие предмети, туку е прилагодување кон сето она што ќе следи со новиот Кривичен закон и приклучување кон европското законодавство“, рече Мадиќ.
Според неа ставот 5 во новиот КЗ не само што ќе го нема, туку ќе мора да се прилагодиме од поголеми кон помали казни. Времето треба да оставиме да покаже и да не се шпекулира. А времетраењето на постапките треба да се скрати.
„Никола Груевски е осуден за перење на пари, а овој закон не важи за правосилни судски одлуки“, децидна е Мадиќ.
„Не можам да трпам грабежи на интелигенција. Ова се прави за да поминат уставните измени во Собранието. На крајно шверцерски начин беа донесени измените на КЗ во Собранието“, рече адвокатот Јанаки Митровски.„Кај нас постои хронична неказнивост“, рече Александра Цветановска, претседателка на Македонското здружение на млади правници.