21.8 C
Скопје
31/03/2023 17:57
МАКТЕЛ

   

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АМЕРИКА МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ВОЈВОДАТА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ

    

  

Огранокот на здружението „Заборавени Македонци” од САД по повод денешниот ден 1 февруари, односно 151 година од раѓањето на Смиле Војданов (1872-1958), врсникот на Гоце Делчев, македонскиот илинденски војвода и доживотен активист за слободата и независноста на Македонија го обзнануваат Меморандумот што Смиле Војданов, како претседател на Македонско-Американската Народна Лига (во САД) на 11 февруари 1945 г. го испратил до американскиот Стејт департмент и претседателот Френклин Д. Рузвелт.
Со оглед на честите референци за македонското прашање во последните депеши од Балканот, како и поради тоа што јавно се разговара за проблемот околу идните граници меѓу балканските земји, Националниот комитет на Македонско-американската народна лига на САД што се состана во Детроит, Мичиген на 11 февруари 1945 година се чувствува повикан како претставник на илјадници Американци со македонско потекло да го достави до нашиот Стејт департмент и јавното мислење следниов меморандум:

 

Во сегашната реконструкција на балканските земји на демократска основа, правилното решение на македонското прашање ќе придонесе кон долгорочното стабилизирање на мирот на повоениот Балкан, како и на Европа во целина.
Македонското прашање израсна од желбата и борбата на македонскиот народ за правото на самоопределување и национална независност.
„Поради стратешката положба на Македонија на Балканскиот полуостров и хетерогениот карактер на нејзиното население, македонското прашање одиграло и ќе продолжи да игра важна улога во животот на балканските народи.“
Македонија е земја што го зазема централниот дел на Балканот, со Солун како нејзиното главно пристаниште во Егејското Море. Територијата на Македонија е приближно иста со територијата на Западна Вирџинија. Се протега од двете страни на Вардарската долина – балканската порта кон Егејот. Две други реки – Струма и Места – го пресекуваат источниот дел на земјата. Поголемиот дел од Македонија е планински, особено на северот, со богати, плодни полиња во централниот и јужниот дел.„Населението на Македонија кое брои нешто повеќе од 3 милиони, се состои од многу националности. Најбројни се Македонските Словени. Втората по големина група се Грците. Потоа доаѓаат Албанците, Евреите, Турците и Арм’ните. Македонските Словени зборуваат дијалект кој е најблизок до бугарскиот и српскиот јазик.“

  

Од сите балкански народи, Македонците најмногу страдаа под угнетувачката власт на турската империја. Србите ја освоија својата национална независност во 1804 година. Грција ја доби својата слобода во 1829 година. Бугарија беше ослободена од Русија за време на руско-турската војна од 1877-78 година. Со Берлинскиот договор, 1878 година, тогашните европски државници решија да ја остават Македонија под власта на декадентнста Османлиска империја. Нивниот неуспех да го послушаат советот на британскиот либерален водач Вилијам Гледстон да им се даде Македонија на Македонците се покажа како скапа грешка која оттогаш е одговорна за најголемиот дел од неволјите на Балканот.Македонија е географски и економски ентитет со историја од повеќе од педесет години борба за слобода и национална независност. Оваа борба ја водеше ВМРО (Внатрешна Македонска Револуционерна Организација) основана во Солун во 1893 година. Оваа организација беше вистинска народна сила предводена од Гоце Делчев. Десет години подоцна во 1903 година македонскиот народ се крена против неподносливиот јарем на султаните. Три месеци 20.000 македонски герилци се бореа со турската војска што броеше 200.000. Борбениот крик на Патрик Хенри – дај ми слобода или дај ми смрт! – одекнуваше со недели по планините и долините на Македонија. Востанието беше задушено најбезмилосно. Повеќе од 5.000 беа убиени, а 200 села целосно уништени.

    

Во 1912 година Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора (последнава исто така сега дел од Југославија) и објавија војна на Турција наведувајќи дека се борат за ослободување на македонскиот народ. Меѓутоа, со поразот на Турција, балканските сојузници почнаа да ја делат Македонија меѓу себе. И бидејќи не можеа да се договорат за поделбата на пленот, избувна Втората балканска војна, овој пат меѓу сојузниците. Војната заврши со поделба на Македонија (Букурешки договор од 1913 година) на три дела. Бугарија доби една десетина, додека остатокот од Македонија беше поделен речиси подеднакво меѓу Грција и Србија.

„Поделбата на Македонија меѓу балканските земји настрана од сите трагични политички последици му нанесе тежок удар на индустрискиот и економскиот развој на земјата. Делот на Солун беше отсечен од поголемиот дел од неговата заднина. Бродскиот превоз на луѓе и стоки низ Солун нагло се намали. Градовите како Скопје и Битола значително се намалија во населението поради економската дислокација и политичкото угнетување што го предизвика поделбата на Македонија.“Мировната конференција во Версај на крајот на Првата светска војна наместо да ја исправи поделбата на Македонија – ја санкционираше и всушност ги охрабри деспотските предвоени влади на Бугарија, Грција и Србија да продолжат со својата политика на тероризам и денационализација на македонскиот народ. Не се слушна гласот на американската делегација која предложи автономија на Македонија.

Она што се случуваше во трите дела на Македонија пред и по Првата светска војна беше исто толку одвратно како најлошите злосторства на нацистите во оваа војна (Втората светска војна). Во Македонија под Југославија, српските хегемонисти водеа политика на безмилосна денационализација, принудувајќи ги Македонците да се нарекуваат „јужни Срби“ и да додадат „-иќ“ на нивните презимиња. Во Македонија под Грција судбината на Македонците не беше подобра. Грчките власти насилно ставаа рицинусово масло во грлото на секој што беше фатен ако зборува македонски. Стотици илјади македонски селани беа протерани од земјата и нивната земја беше предадена на грчките бегалци од Мала Азија.

Македонија под бугарска власт претрпе најмногу од тероризмот на фашистичката клика на озлогласениот Иван Михаилов. Михаилов и неговиот претходник Тодор Александров се прогласија за водачи на старата ВМРО. Меѓутоа, под нивно раководство оваа организација дегенерираше во банда на платеници. Терористите на ВМРО одиграа срамна улога во соборувањето на селскиот режим на премиерот Стамболиски во Бугарија (1923). За време на владеењето на теророт што следеше тие учествуваа во масакрот на 30.000 антифашисти – Бугари и Македонци.„Таква беше трагичната судбина на македонскиот народ по Првата светска војна. Искрено се надеваме дека сегашната народна војна на Обединетите Нации против германската и јапонската агресија ќе донесе правда и слобода за Македонија.“

Во текот на оваа војна македонскиот народ повторно докажа дека заслужува да биде слободен и активно да учествува во обновата на Балканот врз основа на демократијата. Во сите три дела на нивната маченичка земја, Македонците се бореа рамо до рамо со југословенските, грчките, албанските и бугарските партизани, подеднакво против нацистичките поробувачи како и против домородните квислинзи. Во Македонија под Југославија беше формирана Македонска народноослободителна армија, со командант генерал Михаил Апостолски. Оваа армија е дел од Ослободителната народна армија на Југославија и се бореше под генерална команда на маршалот Тито.

Осврнувајќи се на улогата што ја одиграа македонските партизани во војната на Балканот, Голт Мекгован од северноамериканскиот весник „Алијанса“ рече во депеша од „некаде на Блискиот Исток“ – „Македонија стана меѓународно место за состанување на герилци, прв пример на ентузијастичка балканска тимска работа. Таму се собираат грчките, југословенските и бугарските борци. Нивната цел по војната е независна Македонија, поврзана со федералниот систем на Тито, кој црпи инспирација делумно од САД, а делумно од Русија.”

Првиот чекор во создавањето на слободна Македонија е веќе направен. На 29 ноември 1943 година, заседанието на АВНОЈ одржано во Јајце, го усвои федералниот принцип, со кој се даде „целосна еднаквост на народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“. За Македонците под Југославија оваа историска одлука значеше дека за прв пат по пет века тие го добија правото на самоопределување и национална независност. Ова е одлично сведоштво за вистинскиот народен карактер на југословенското националноослободително движење.

„Прогласувањето на слободна македонска држава како федерална единица на новата демократска Југославија се случи на 2 август 1944 година во манастир во близина на градот Битола (грешка на американскиот новинар, б.м.) каде тајно се собраа 125 делегати од сите делови на Македонија. Меѓу луѓето кои беа сведоци на овој значаен настан беа претставниците на Сојузничката воена мисија во Југославија и Високата команда на Тито.“
Според извештаите од Софија, цитирани од ОВИ, шефот на новата влада на Бугарскиот татковински фронт Кимон Георгиев изјавил дека Бугарија нема да се противи на желбата на бугарскиот дел на Македонија да се обедини со новата македонска држава во федеративна Југославија.

„Според нашата промислена проценка обединувањето на сите три дела на Македонија во слободна македонска држава во заедницата на демократските јужнословенски и сите балкански нации ќе понуди најдобро и праведно решение на македонското прашање.“Основната грешка на сите претходни обиди за решавање на македонскиот проблем лежи во тоа што желбата и борбата на македонскиот народ за слобода и национална независност беа целосно игнорирани што доведе до страшни последици за мирот на Балканот.

Слободољубивите Американци со македонско потекло имаат доверба во нашата влада, дека заедно со владите на нашите сојузници – Советскиот Сојуз и Велика Британија – ќе ја увидат праведната кауза на македонскиот народ и ќе помогнат во остварувањето на неговиот стар сон за слободна и обединета Македонија.

Со почит

Смиле Војданов Георги Пирински
Претседател Национален секретар

Македонско-Американска Народна Лига
11 февруари 1945, Детроит, Мичиген
(Забелешка: пасусите што се во наводници се цитати од американскиот новинар Голт Мекгован).

   

Најново

Маричиќ-Росвал: За Северна Македонија вратата на ЕУ е отворена, поддршката од Шведска продолжува

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НАМЕСТО УВОЗ НА РАБОТНА СИЛА, ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА И ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

Sase Ivanovski

Потпишан меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина со Србија

Sase Ivanovski

108 ВРАБОТЕНИ ОД ФИЛХАРМОНИЈАТА НЕ САКААТ ДА ГО ДЕЛАТ ОБЈЕКТОТ СО КОЛЕГИТЕ ОД НОВИОТ ОРКЕСТАР ЗА ЏЕЗ МУЗИКА

Sase Ivanovski

Два дена се трага по исчезнато 12-годишно девојче од Скопје, се бара и 15-годишна тинејџерка со која заедно заминале

Sase Ivanovski

Вучиќ со Ковачевски покрај Сава: Му покажувам на пријателот колку се изградил Белград

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА СЛУЖБА КОЈА СЕ ГРИЖИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ТРАМП ГО ОДБИЛА БАРАЊЕТО НА ОБВИНИТЕЛОТ ОД МЕНХЕТЕН ТОЈ ДА СЕ ПРЕДАДЕ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

Sase Ivanovski

Сторми Даниелс го поздрави обвинението против Трамп со шампањ:„Ми олесна, ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“

Sase Ivanovski

СДК-Газдите на „Интермецо“ и “Мош“ се кријат од пазарната за да не го примат решението за пломбирање

Sase Ivanovski

Северна Македонија и Србија имаат одлични добрососедски односи и заедничка заложба за евроинтегриран Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВЕНИЈА СЕ ОБРАТИ НА УКРАИНСКИ НА ГОДИШНИЦАТА ОД МАСАКРОТ ВО БУЧА: СИТЕ СМЕ СЕГА УКРАИНЦИ!

Sase Ivanovski

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Коалицијата на Левица – СДС – ДУИ во Град Скопје здружно гласаа точки за нови вработувања во институции

Sase Ivanovski

Ковачки е олицетворение на нечовечноста на Груевски, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

РУСИТЕ ОДЛЕПИЛЕ ТОТАЛКА – Лавров: Политиката на Русија вели дека Западот е „егзистенцијална“ закана за Москва

Sase Ivanovski

Запленета дрога во Битола, приведени се пет лица

Sase Ivanovski

Загинаа двајца млади во Зрењанин, девојката била бремена, најверојатно се задушиле од истечен гас од шпоретот

Sase Ivanovski

Јакимовски: Бугарските разузнавачки служби даваат пари за тие што ќе учат бугарски јазик

Sase Ivanovski

Бајден ја повика Русија да го ослободи новинарот на Волстрит џурнал, весник кој е најголем критичар на Белата Куќа и е дел од медиската империја на газдата на Фокс Њуз

Sase Ivanovski

РУСКА ОДМАЗДА ЗА ДОНАЦИЈАТА НА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ: ДАЛИ Е АТАКОТ НА КОВАЧКИ КОН ПЕТРОВСКА НАРАЧКА И ДЕЛ ОД ХИБРИДНАТА ВОЈНА НА РУСИЈА, ?!

Sase Ivanovski

Министерката за одбрана поднела тужба против Ковачки, ќе бара постапка отворена за јавноста

Sase Ivanovski

Министерката Петровска покажа папки, вели во нив има материјал кој го компромитира Драган Ковачки

Sase Ivanovski

Тетовец ќе плати 100 дневни глоби поради објава на ФБ против екс амбасадорка на САД

Sase Ivanovski

Саити: Зголемувањето на платите на судиите е оправдано, одлуките на Уставен мора да се почитуваат

Sase Ivanovski

ТРАМП СЕ ЗАКАНУВАШЕ ДЕКА ЌЕ ЈА АПСИ ХИЛАРИ, НА КРАЈ ТОЈ ЌЕ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР

Sase Ivanovski

ФОКУС: Девојче ја викнало Аниса среде училишен час вчера, и оттогаш и се губи трага!

Sase Ivanovski

Најголемата единица во армискиот состав – Првата пешадиска бригада го одбележа денот на единицата

Sase Ivanovski

И ЕКСПЕРТИТЕ БАРААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ВОЗАТ ПУНТО И ДА ЖИВЕАТ СО МАМИЧКА – Кордалов: Политичарите итно со консензус да ги намалат платите, во спротивно опасно ќе се одалечат од граѓаните

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема поголема глупост од границите на Балканот!

Sase Ivanovski

900 милиони евра за модернизација на армијата во следните 10 години

Sase Ivanovski

„И мојот идентитет постои“ – Марш за видливост на трансродовите лица

Sase Ivanovski

Блокиран е железничкиот сообраќај – протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт

Sase Ivanovski

Вучиќ: Односите меѓу Белград и Скопје се најдобри во историјата

Sase Ivanovski

Герасимовски бара општините да конфискуваат дивоградби

Sase Ivanovski

ЖИЧАРНИЦАТА ОД УТРЕ ЌЕ РАБОТИ ЕДЕН ЧАС ПОВЕЌЕ

Sase Ivanovski

Влада: Одлуката на Уставниот суд не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти

Sase Ivanovski

Османи: Секој сака поголема плата, ама политичарите треба да бидат последните на листата за зголемување

Sase Ivanovski

За нас леб од 33 денари, а за министрите плата од 1 800 евра, вработените од Министерството за култура шести ден на протест

Sase Ivanovski

ДОЈДЕ МОМЕНТОТ ДА СЕ ОТСТРАНИ ФОРМУЛАЦИЈАТА „20%“ ОД УСТАВОТ Таравари застана на страната на министерот Лога, контра Ковачевски, Османи и Маричиќ

Sase Ivanovski

Маричиќ: Секој пратеник ќе треба да се соочи со одлуката дали блокадата ќе си ја наметнеме сами или ќе продолжиме напред

Sase Ivanovski

РАЗОТКРИЕН „ВУЛКАН“ – ТАЈНАТА РУСКА АРМИЈА ЗА САЈБЕР ВОЈНА! Протекоа воени тајни на Кремљ за хибридното војување

Sase Ivanovski

РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ ЗАСТАРУВАЊЕТО НА ТИТАНИК 2 НА САШО МИЈАЛКОВ

Sase Ivanovski

66 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, осум возила упатени на вонреден технички преглед

Sase Ivanovski

Ковачевски-Орлиќ: Клучна е улогата и одговорноста на пратениците за евроинтегративните процеси на двете земји

Sase Ivanovski

СЕДИ МИРЕН, АКО ТИ СЕ МИЛИ ДЕЦАТА!“ Мицкоски добил закани преку Фејсбук

Sase Ivanovski

Ковачевски – Вучиќ: Пријателството и партнерството меѓу Северна Македонија и Србија се продлабочува, овозможуваме забрзан регионален развој

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРДАНОВСКИ: КОВАЧЕВСКИ СЕ ПОКАЖУВА КАКО ДОБАР МЕНАЏЕР, НО ЛОШ ВИЗИОНЕР И ЛИДЕР, КАКО ДА НЕМА ХАРИЗМА И ВИЗИЈА

Sase Ivanovski

ФОКУС: Дури по 16 месеци од исчезнувањето му го пронајдоа телото, судбината на момчето од Демир Хисар останува мистерија за блиските!

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛЦИ НА ТИГАР И ПЛАНИНАРИ КОНЕЧНО УСПЕАЈА – По четири дена извлечено е телото од бездната во Неготинско

Sase Ivanovski

АЛКОХОЛ И ДОЛГОВИ БИЛЕ ПРИЧИНА ЗА УБИСТВОТО – Две лица се уапсени за убиството во казино кај Млечен, по едно се уште се трага

Sase Ivanovski

Трамп за обвинението: Ова е политички прогон, овој „лов на вештерки“ ќе му се врати на Бајден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРДАНОВСКИ ЗА СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ НА МИЈАЛКОВ: ВРЕМЕ Е ДА ОДАТ СУДИИ ВО ЗАТВОР НА ДОЛГА РОБИЈА, ТИЕ СЕ КОРУМПИРАНИ ДО КОСКА

Sase Ivanovski

Играле заедно во казино во Капиштец, па извадил пиштол и го убил

Sase Ivanovski

237 санкционирани возачи во Скопје: 79 за брзо возење

Sase Ivanovski

АХВ и Ветеринарната комора ќе потпишат методологија за утврдување на цените за активности од јавен интерес

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Покренато обвинение против Трамп во случајот со исплата на мито за Сторми Дениелс – Ова е првпат во историјата на САД поранешен претседател да биде обвинет за кривично дело

Sase Ivanovski

Потпишани билатерални документи помеѓу владите на Србија и Северна Македонија – во фокус интересот на граѓаните и економиите на двете земји

Sase Ivanovski

СДСМ: Градоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ удри по џебот на граѓаните, поскапи комунални услуги за 66 отсто

Sase Ivanovski

Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци: Си нарачувал производи на интернет со туѓи лични податоци

Sase Ivanovski

АлтернАтивА: Македонското судство е на колена!

Sase Ivanovski

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Sase Ivanovski

Предизвиците на руралната жена и унапредување на нивната состојба во фокусот на панелот „Жени од руралните средини го движат регионот“, на регионалната конференција на МТСП

Sase Ivanovski

10 ГОДИНИ ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, ИНТЕРВЈУ СО ДОЦ. Д-Р ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ

Sase Ivanovski

КАРДИОХИРУРГИЈАТА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРЕРАСНА ВО ВОДЕЧКИ КАРДИОХИРУРШКИ ЦЕНТАР ВО РЕГИОНОТ

Sase Ivanovski

СИСТИНА: СО МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНИ МЕТОДИ ДИРЕКТНО УНИШТУВАМЕ ТУМОРИ И КАНЦЕРИ: ИНТЕРВЈУ СО ДОЦ. Д-Р АЛЕКСАНДАР ЃОРЕСКИ

Sase Ivanovski

Сеул го обвини Пјонгјанг дека ги егзекутира луѓето кои споделуваат видеа од нивната земја

Sase Ivanovski

(ФОТО ОД ПРЕД ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ВО САРАЕВО) Германија подготвена за нови имигранти: Над 50 илјади неквалификувани работници од Балканот ќе добијат дозвола за работа

Sase Ivanovski

Маричиќ: Искуството кажува дека чекањето не ни ја подобрува позицијата

Sase Ivanovski

ЛУДАК: Путин повика скоро 150.000 млади Руси да загинат во Украина

Sase Ivanovski

Приведени криумчари од кавадаречко, пронајдни пет лица мигранти од Конго

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛЕГЕНДАРНА ИЗЈАВА НА МЕРКО: Ако може да колеме јагниња и телиња, само кучињата ли ќе ги чуваме?

Sase Ivanovski

Шокантна изјава во најлош можен момент на Српскиот патријарх Порфириј: Украина го прогонува православието

Sase Ivanovski

Боки 13 остана речиси без желудник; Хирургот: Пациентот е во ризична состојба, опериравме повеќе од четири часа

Sase Ivanovski

Вицепремиерката Грковска им ги додели дипломите на најдобрите студенти од ФИНКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ДО ЕФТОВ: ГИ ВРЕЃАШ АЛБАНЦИТЕ КОГА ВЕЛИШ ДЕКА СУМ НАЈСИМПАТИЧЕН АЛБАНЕЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕПАК ВИСИНАТА НЕ БИЛА ТОЛКУ БИТНА?!

Sase Ivanovski

Во изјава за Макфакс, Русковска најави борба по предлогот за да ја разрешат: Не сум поразена, не се каам

Sase Ivanovski

ВМРО-Народна за МРТ во Бугарија: Го поддржуваме Ковачевски, но зошто ова не се побара и од Србија

Sase Ivanovski

СДСМ Прилеп: Задолжувањето на граѓаните со 7.5 милиони евра е неодговорност и лудост!

Sase Ivanovski

Полска забранета зона за руски и белоруски спортисти

Sase Ivanovski

Leave a Comment