Македонскиот и албанскиот народ ниту еднаш немале судир меѓу себе, ниту пак ќе имаат во иднина, што е докажано низ вековите. Политичкиот судир и дебатата меѓу политичките партии на Албанците и Македонците, не смее да се доведе во контекст на судир меѓу народите, реагираше министерот за правда Кренар Лога.
Пренесувањето на дел од одговорот на прашања и констатираната состојба од страна на новинарот е злонамерен чин за пропаганда на сметка на предизборната кампања, реагираше министерот за правда Кренар Лога откако во јавноста се пласираше негова изјава што синоќа ја кажал во емисија на ТВ Шења: „Резултатот од изборите на 8 мај ќе биде почеток на вистински судири помеѓу Македонците и Албанците“, пренесена на албански јазик на порталот на ТВ Шења, а потоа преземена и преведена на македонски јазик во повеќе портали, меѓу кои и Плусинфо.
„Идеолошкиот судир Запад-Исток, во ниту еден момент не смее да се претставува како судир меѓу Албанците и Македонците, а најмалку како нешто кажано од моја страна. Тоа што, општо познато во нашата земја е дека во Северна Македонија има прогресивни европски сили и регресивни проруски струи. Македонскиот и албанскиот народ ниту еднаш немале судир меѓу себе, ниту пак ќе имаат во иднина, што е докажано низ вековите. Политичкиот судир и дебатата меѓу политичките партии на Албанците и Македонците, не смее да се доведе во контекст на судир меѓу народите. Проруските сили и нивната пропаганда, за жал, земаат простор и во медиуми, без да водат сметка за иднината на нашата држава“, наведено е во реакцијата од Кабинетот на министерот за правда.