„Верските заедници, како и армијата и полицијата, како униформирани институции, традиционално во овој регион се со голема доверба. Тука има повеќе објаснувања, од кои едно е дека луѓето немаат директно толкава интеракција со овие институции и кого помалку гледате и помалку ве услужува, толку помала е веројатноста да ве разочара“ рече Илина Мангова Регионалната советничка за Европа од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во утринската програма на „Слободен печат“, коментирајќи ја нивната последна анкета. Таа додаде дека тоа е еден аспект, додека другиот аспект за високата доверба во верските заедници е што тие не се занимваат со дневнополитичките случувања, туку држат некои традиционални позиции, кои и јавноста тежнее да ги држи.
„За да видиме дали се зголемува или не религиозноста треба да гледаме и други фактори – како ја практикуваат и во која мера ја практикуваат религијата граѓаните“ рече Мангова.
Таа додаде дека на светско ниво, во економски и демократски развиените земји од западниот свет се бележи намалување на религионоста, додека таа е се уште значајна и се зголемува во останатиот дел од светот.