Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 17 септември 2024 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).
Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.
Истовремено, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека лицата кои во претходните години доставиле Изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно да ја достават истата Изјава.Повеќе информации за Бенифициран стаж и Изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд на следните линкови:
https://mapas.mk/wp-content/uploads/2021/06/izjava-za-prodolzhuvane-na-chlenstvo-za-licza-so-ben.-stazh.doc