СВР Штип соопшти дека е поднесена кривична пријава против Н.Ј.(39) од Виница, затвореник во штипскиот затвор, „поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
„На 23.07.2024 затворски полицаец при влез во Казнено поправниот дом Штип, извршил преглед над пријавениот- осудено лице, при што била пронајдена и одземена марихуана“, велат од полицијата.