Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ синоќа оствари средба со Герт Јан Компан -Генералниот директор на Директоратот за проширување во рамки на официјалната посета која ја оствари неделава по повод последните билатерални состаноци и завршувањето на Скрининг процесот за Северна Македонија во Европската Комисија.
На средбата освен за крајот на скрининг процесот, кој успешно се реализираше во изминативе 15 месеци за што се говореше за Планот за раст кој предвидува инвестиции во реформите, интегрирање на заедничкиот пазар на ЕУ, со помагање на интегрирање на пазарите од регионот со реформи и инвестиции, поддржани со фонд од шест милијарди евра од ЕУ.Во фокусот на разговорот беше Планот за раст кој претставува најамбициозен механизам на Европската комисија во досегашниот процес за интеграција на земјите од Западен Балкан, со кој за првпат ќе имаме резервирани пари за реформи.
За соговорниците, Планот за раст претставува премостлива фаза од крајот на скринингот до отворањето на Кластерот 1 преку инвестиции и реализација на реформи со кои граѓаните ќе ги почуствуваат придобивките од ЕУ и ќе ја приспособат државата за полноправно членство во Европската Унија.Со планот се предвидува забрзување на реформите, економскиот раст и многу потребната социо-економска конвергенција. Овој план за раст е конкретна финансиска и политичка инвестиција на ЕУ во Северна Македонија и останатите држави од Западен Балкан. Планот претставува подадена рака на ЕУ за забрзување на членството на Северна Македонија во унијата до 2030 година.