0.8 C
Скопје
27/11/2022 03:00
МАКТЕЛ

   

Мартина Димоска: Отсечена од светот, правам научни експерименти во аналогна астронаутска мисија

 

Од личност на годината за образование и наука, до учество во аналогна астронаутска мисија во САД, спонзорирана од НАСА, Мартина Димоска од Кичево е првиот иден магистер на вселенски студии во нашата земја. Таа е и првата женска балканска аналогна астронаутка. „Затворена“ 21 ден на Марс, целосно отсечена од светот со задоцнета комуникација од 20 минути во еден правец поради далечината меѓу Земјата и Марс.

Димоска е најмлада менторка на NASA Space Apps Challenge Mountain View во Силиконската долина во Калифорнија, што се одржува во NASA Ames Истражувачкиот Центар, и на NASA Space Apps Challenge Cleveland, во Охајо, што се одржува во NASA Glenn Истражувачкиот Центар, каде подружник им е NASA Space Apps Challenge Strumica. Овие две Амерички локации се единствените одржани во НАСА истражувачки центри, од над 300 локации на глобално ниво. За тоа што значи да се биде на аналогна мисија, за истражувањата што ги прави како и за нејзините идни планови, открива Димоска во ова интервју за Мета.мк.

 

Што е аналогна мисија и која е твојата улога во неа? 

Аналогните aстронаутски мисии нè подготвуваат за идно истражување на астероиди, Мeсечина, Марс и други планетарни тела. Да се прават тестирања директно во вселената, пред да се доволно пати тестирани, испитувани или симулирани на земјата би било многу опасна и глупава одлука. При aналогните мисии, не само што се тестира нова опрема што би можела да се користи, се тестираат и веќе постоечки хардверски и оперативни концепти, како и динамиката на екипажот но и нивната индивидуална подготвеност. Тие се од огромна вредност на научната вселенска заедница и затоа ми е многу драго што сум првата македонска аналогна астронаутка, но и првата балканска аналогна астронаутка. При тестирање на нови научни експерименти во аналогни астронаутски мисии, се штеди на пари, ресурси, опрема и работна сила. Може да се развијат контролни студии особено за летови во вселената со екипаж, но и контрамерки што може да се тестираат при овие мисии, пред било што да се испроба во вселената. За повеќе околу аналогните мисии може да прочитате тука.

Астронаутите редовно користат аналогни мисии при нивниот тренинг на кои се подготвуваат на поинаквиот начин на живот, изолацијата и екстремните вселенски услови. Најчесто овие мисии имаат тежок и напорен распоред, тренинзи и подготовки, но и многу научни експерименти. Астронаутите се лишени од нормалниот живот, а екипажот кој се состои од само неколкумина го одржува целото живеалиште. Фокусот е во автономноста. Ова всушност најдобро може да се објасни како „служење војска“ и таквиот начин на послушност кон еден хиерархиски систем.

Во моментов ја служам 14. по ред мисија на УНД ИЛМАХ (интегрирано аналогно живеалиште за Месечината и за Марс) финансирана од НАСА и имам титула „Офицер за наука“. „Затворени“ сме 21 ден на Марс, целосно отсечени од светот со задоцнета комуникација од 20 минути во еден правец поради далечината меѓу Земјата и Марс. Во ова марсовско сценарио, заедно со моите двајца членови на екипажот, командантот на Мисијата Тарун Бандемегала и инженерот за летање Праника Гупта, ќе извршиме неколку истражувања. Повеќе информации за живеалиштето може да најдете тука.

Дали е ова возбудливо искуство за тебе, со оглед на тоа дека си првата жена – аналогна астронаутка од Балканот? 

Морам да признаам дека е навистина напорно, зошто покрај моите обврски на мисијата мора да ја работам и својата инженерска работа, но и да давам интервјуа и да креирам содржини за социјалните медиуми. Но сепак, многу ми е драго што конечно можам да отворам пат за идните генерации што сакаат да се дел од вакви научни експерименти за нашиот регион. Ова е долго очекувано искуство за мене, зошто го најавував одамна. Овој пат е збогатен со сите искуства и тренинзи кои што ги исполнував низ годините, а ме доведоа тука. И порано бев прифаќана на аналогни астронаутски мисии, но никако не се вклопуваа во мојот веќе густ распоред. После приклучувањето на магистерските вселенски студии при Интернационалниот вселенски универзитет, моите професори значително го проширија мојот опсег за аналогни астронаутски мисии, па добив огромна прегледност на секторот, и подобро можев да разликувам кои се популистички, а кои соработуваат со вселенски агенции и значително придонесуваат на научниот свет. Така, формирав и носев подобри одлуки на која да се пријавам, и која би одговарала најдобро на мојот кариерен пат и иден развој.

Што истражуваш додека си на мисијата?

Одговорна сум, заедно со мојот тим, за неколку истражувања што ги спроведуваме тука – Собирање ЕЕГ податоци (се скенира твојот мозок со метод на електроенцефалографија). При ваквите испитувања, гледаме како изолацијата и долготрајните вселенски патувања може да влијаат на пример на когнитивното распаѓање, на можноста на нашата меморија „да се потсетува“ и слично. Овие експерименти се развиени од д-р Тери Ректор. Следно истражување е 20 минутно еднонасочно (вкупно 40 минути во двата правци) постојано одложување на комуникацијата преку онлајн-системот ECHO. Марс и Земјата имаат доцнење при комуникацијата и во зависност од взаемната местоположба на двете планети, доцнењето може да биде од 4,3 или произволно 5 минути, до 21 или произволно 20 минути. За да извршиме дневни итни задачи и да решиме некој битен проблем, треба да сме ефикасни, брзи и многу трпеливи, но и многу смирени.

Се прави и студија за вежбање каде носиме посебно одело што ги мери нашите витални знаци, наречено CardioBreath. Тоа е научна соработка развиена од Универзитетот Симон Фрејзер во партнерство со Канадската вселенска агенција, НАСА и УНД. Истите одела се присутни и на ISS (Меѓународната вселенска станица). Се прават и истражувања поврзани со растителни модули, осносно истражувања со растенија, каде што садиме брзорастечки семиња наменети за вселенско патување, садиме и microgreens, користиме Hamama системи. Имаме уред наречен ЕxoLab кој што го „фаќа“ јаглеродниот диоксид и е наменет за да помогне при опстојувањето на живот на Земјата и во вселената. Вакви уреди е планирано да се лансираат на 15 ноември 2022 година на ISS и може да се прават взаемни истражувања за да се воочат разликите меѓу Земјата и вселената. Теренски се тестира подобрената верзија на вселенското оделото UND NDX2-AT EVA, при EVA екстравехикуларни активности, односно ова се добро познатите „вселенски прошетки“ или Space Walks. Во текот на мисијата правиме дополнителни екскурзии со ровер и собираме примероци, мапираме терен за иден развој на живеалиштето, но и геолошки ги испитуваме собрани примероци во лабараторијата за геологија. Имаме доста истражувања што опфаќаат микробиологија, истражувања поврзани со 3D печатење и многу други експерименти за кои што не смееме сè уште да изнесуваме јавни податоци. Имаме дневни тестирања, психолошки прашалници, решавање на проблеми во животно загрозувачки ситуации, и многу строг распоред кој мора да го следиме.

Кои се твоите планови за во иднина на професионален план?

Сакам да воспоставам посериозна соработка со нашата земја и институциите со кои што имам можност да соработувам со цел да се збогати нашето познавање и учество во вселенската индустрија. Веќе имам тим што активно работи и сериозно придонесува и неодамна ја отворивме International Space Alliance. Дополнително, приватниот вселенски сектор ми е клучен фокус периодов и освен тоа што се реализирам како инженер, активно ги следам сите други подвизи, но особено аналогните мисии.Напорно работиме на NASA Space Apps Challenge хакатоните исто така, и имаме многу важни локации и одлична соработка со локалното население. Го водиме NASA Space Apps Challenge Mountain View во Силиконската Долина, во Калифорнија каде домаќин е NASA Ames Research Center, и NASA Space Apps Challenge Cleveland, во Охајо, каде домаќин е NASA Glenn Research Center. Од над 300 локации во светот, ние сме единствените две локации што се одржуваат директно во НАСА истражувачки центар, поддржан од NASA персонал. Ова е препознаено и ценето од сите, а нашата блиска соработка со NASA Space Apps Challenge Strumica во Македонија отвора нови врати и многу можности за учесниците, но и за нашата земја.

   

Најново

МИЦКОВСКИ, КОЈ ИМАШЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ДОДЕКА БЕШЕ СОВЕТНИК ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА ГРУЕВСКИ И ДОДЕКА БЕШЕ ДИРЕКТОР НА ЕЛЕМ: ЌЕ ЗАБРАНИМЕ ПОЛИТИЧАРИ ДА СЕ БАВАТ СО БИЗНИС НА ЕНЕРГЕНСИ?!?!

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ СЕ ЖАЛИ: Кога ќе го видам или слушнам Кастриот Реџепи имам тегоба во стомакот

Sase Ivanovski

ЕВЕ НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПРЕСВРТОТ НА БОИШТАТА – УКРАИНЦИТЕ СЕ БОРАТ КАКО ФАНАТИЦИ: ИСПАЛУВАЛЕ ПО 4000 ГРАНАТИ ДНЕВНО, ОД 350 ХАУБИЦИ КОЛКУ ШТО ДОБИЈА ОД САД НА ПОДАРОК, ГИ СТОПИЛЕ ЦЕВКИТЕ НА СТОТИНА, ПРАТЕНИ НА ПОПРАВКА ВО ПОЛСКА

Sase Ivanovski

МОНСТРУМ: Путин пред мајките на загинатите војници изјави дека не жали што ја почнал војната

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: АПЕЛИРАМ ДО ТАРАВАРИ ДА СЕ ВРАЗУМИ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: КОГА ЈАКИМОВСКИ ДОЈДЕ ДА МЕ МОЛИ ДА ГО ПОДРЖАМ ВО ВТОР КРУГ ВО КАРПОШ ДОБАР МУ БЕВ, СЕГА НЕ МУ ЧИНАМ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: ОДБИВАМ ДА ИМ СЕ ИЗВИНАМ НА СКОПЈАНИ ЗА ДАНЕЛА, НЕ СМЕ НИЕ НИШТО КРИВИ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: Јас и градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ се зафативме и ги решивме проблемите со мостовите кај Хотел Русија и оној во Карпош на Љубљанска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЛАТЕВ Е ЛЕГЕНДА, ЛАПА ПАРИ ОД УНГАРСКО МАСЛО И ГО ПРАШУВА МИЦКОВСКИ: Колку луѓе имате платено да не ве критукуваат или да ве фалат на јавната сцена, има неколку кои ми се сомнителни

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ СО ИДИОТСКА ИЗЈАВА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Сите сакаат да бидат лидер на ВМРО ДПМНЕ, никој не сака да биде лидер на СДСМ?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА МИЦКОВСКИ: НЕ СУМ СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ ПОБЕДЕВМЕ ВО СКОПЈЕ БЕЗ НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ КАКО ДАНЕЛА

Sase Ivanovski

ВАКВА ГЛУПЕРДА СЕ РАЃА ЕДНАШ НА 100 ГОДИНИ – ЗЛАТЕВ: Денеска во земјава има повеќе криминал од времето на Грујо и Мијалков?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЕРО СЕ ЖАЛИ: МЕ СРЕЌАВААТ ЛУЃЕ НА УЛИЦА И МЕ ОБВИНУВААТ ДЕКА СУМ ГО УНИШТИЛ СЈО

Sase Ivanovski

СДСМ ПОЛЕКА ЈА ПАЛИ МАШИНАТА, ВМРОВЦИТЕ ПАК ЛИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО ОПОЗИЦИЈА?!

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА СЕ НАЛУТИ: ГИ БЛОКИРАШЕ СИТЕ ШТО НЕ И СТИСКАЛЕ ЛАЈКОВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО, АТАНАС КОСТОВСКИ – ТАСКО: Во Македонија има две вистини, таа на медиумите на СДСМ и таа на медиумите на ВМРО!

Sase Ivanovski

Петковски: Пробиена е безбедноста на Собранието, Џафери е должен да го расчисти случајот

Tamara Ivanovska

Јадранка КОСТОВА: Сите се наши, и ајдуците и паразитите!

Tamara Ivanovska

Хрватската пошта одби да изработи поштенски жиг со ликот на Тито

Tamara Ivanovska

ГО НАШОЛ ТАТКО МУ ВО ИМПРОВИЗИРАН ГРОБ ВО ХЕРСОН Приказната на Серхиј открива што правеле Русите пред да си заминат

Tamara Ivanovska

ПУТИН БИ МОЖЕЛ ДА МОБИЛИЗИРА 300.000 ЖЕНИ? Ако се оди на целосна мобилизација, тоа се вкупно 2 милиони луѓе

Tamara Ivanovska

ТЕШКО МОЖЕ ЧОВЕК ДА ЗАПАМТИ 15 ИМИЊА ЗА СУДИИ За Црвенковска нема ништо спорно во списоците со предлози за членови на Советот

Tamara Ivanovska

КУРТИ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ИМА ПРИЗНАВАЊЕ НА КОСОВО НАПРОЛЕТ Српската листа му одговори, „часовникот чука единствено за формирање на ЗСО“

Tamara Ivanovska

И АВМУ ГО ОСУДИ ОДНОСОТ НА РАМАДАНИ КОН НОВИНАРКАТА ДОДЕВСКА „Носителите на јавни функции не смеат да упатуваат вулгарни навреди“

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Први сме во регионот во енергетска трансформација, можеме да станеме зелен центар на Европа

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски од Штип: Во македонскиот исток речиси и да нема пат кој не е обновен во време на СДСМ

Tamara Ivanovska

ЈАПОНСКОТО ЈАБОЛКО, ХРАНАТА НА БОГОВИТЕ, ПОТЕКНУВА ОД КИНА А НАЈМНОГУ ГО ИМА ВО ГЕВГЕЛИСКО – ВАЛАНДОВСКИОТ РЕГИОН

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Први сме во регионот во енергетска трансформација, можеме да станеме зелен центар на Европа

Tamara Ivanovska

Костадинов: СДСМ реализираше антикризни мерки од 760 милиони евра, грижата за граѓаните и компаниите продолжува

Tamara Ivanovska

(Видео) Миланов: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ја води општина Штип во финансиски амбис

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Следува ново покачување на пензиите и платите во 2023

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Имам одржлив економски план, 2023 е година на економски пресврт

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски од Штип: Големината на СДСМ е во државничките политики насочени кон иднината

Tamara Ivanovska

Лукаревска од Пробиштип: 2023 е година на економска пресвртница, грижата за сите продолжува

Tamara Ivanovska

Андрески: Приоритет во време на кризата е зголемување на домашното производство на храна и поддршка на земјоделците

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БРАВО ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Со реновирање на 78 полициски станици со енергетски ефикасни фасади и ставање фотоволтаици на кров заштедена 30% струја во октомври

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: И во Пробиштип СДСМ е силно и одлучно – заедно со граѓаните на трибина ги потврдивме заедничките заложби што како Влада ги исполнуваме во континуитет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФОТО РЕПОРТЕР ЗАСТАНА ДА СЛИКА НА УЛИЦА ВО ЊУЈОРК ПРЕКРАСНА ДЕВОЈКА ОД АЛБАНИЈА

Sase Ivanovski

БОМБА НА СДК: БУНТ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ, ЧЛЕНОВИТЕ ИЗБРАНИ ОД СУДИИТЕ СПРЕЧИЈА ДА ПОМИНЕ ГОТОВ СПИСОК ЗА ГЛАСАЊЕ ЗА КЛУЧНИ МЕСТА ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ

Sase Ivanovski

СДК: „Кајмак“ не е лесен филм, но има животворен хумор и затоа лесно се прима. Баш хуморот е алатката што ја трансцендира суштината на приказната, комплексна како и самиот живот – за малку љубов, за трошка среќа живееме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ГО ПРЕЧЕКАА КОВАЧЕВСКИ ВО ШТИП

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) БРАВО: ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПЛОШТАД ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Sase Ivanovski

Приведени крадци фатени на дело во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Премиерот Ковачевски во посета на фабриката за масло Брилијант во Штип

Sase Ivanovski

Во Белгија запленети 115 килограми кокаин, вреден над 11 милиони евра

Sase Ivanovski

Жените на протест во Либан: Бараат поголеми казни за насилство и малтретирање

Sase Ivanovski

Здружението Социо-културен простор Тетово остана без простории

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска: Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава

Sase Ivanovski

Битиќи негира дека контактирал со Онишченко

Sase Ivanovski

Чеченците добија ново оружје. Кадиров: „Задоволство е да се пука од него“

Sase Ivanovski

Путин ликвидираше уште еден непослушник – ненадејно почина министерот за надворешни работи на Белорусија

Sase Ivanovski

КАРДИНАЛ ГО ШПИУНИРАЛ ПАПАТА ЗА ДА ГО УЦЕНУВА: На пријателка потрошил половина милион евра

Sase Ivanovski

ПУТИН ГУБИ ВАЖЕН СОЈУЗНИК: Му се затвораат вратите

Sase Ivanovski

БОЛНАТА ВИСТИНА КОЈА ЌЕ ВЕ ШОКИРА: Еве зошто децата во рацете на питачите секогаш спијат

Sase Ivanovski

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор социјалните медиуми

Sase Ivanovski

Владејачката словенечка партија го напушта Твитер

Sase Ivanovski

Приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора е 847 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Судијка во долна облека се појави на рочиште: Запали цигара, сите се прашуваат дали е нормална

Sase Ivanovski

НА БАНДEPИ ВО СКОПЈЕ 3AЛЕПЕНИ Ш0КАТНИ СООПШТЕНИЈА: “ВАЖНО! ЖЕНИ ВНИМАВАЈТЕ НА СВОИТЕ МАЖИ КОИ ОДАТ НА РОДИТЕЛСКА”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Миа Костова брутално искрена за тоа дали е подобар сексот со маж или со жена?

Sase Ivanovski

ПОРАНО СЕ ОДЕШЕ КАЈ ШКОЛСКИОТ ПСИХОЛОГ САМО ЗА ДА СЕ ЈАВИШ ДОМА, ДЕНЕС – ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Поголемите деца со депресии, помалите – АДХД

Sase Ivanovski

САМИ ПРОТИВ НИКОЈ Србија е единствената во регионот што не ги почитува мерките на ЕУ против Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Сара Климоска и Филип Трајковиќ од Кајмак во емисијата Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

ДРЕСОТ СО КОСОВО НА СРПСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЈА НАЛУТИ ФИФА Отворена е истрага за натписот „Не се предаваме!“

Sase Ivanovski

САКАВ ДА КУПАМ БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, АМА СЕГА НЕ КУПУВАМ! Онишченко вели дека веќе не го интересира енергетскиот бизнис

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не постои застој, ниту селективност при склучувањето на договорите меѓу компаниите и ЕСМ за поевтина струја

Sase Ivanovski

Цената на зејтинот намалена за 40 денари

Sase Ivanovski

Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија

Sase Ivanovski

Ленин со видео: Како Данела дрско лаже дека во кампања не се возела со приватен автобус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски: Намалување на цените на основните прехранбени производи е очекувано со успешните антикризни владини мерки

Sase Ivanovski

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги излаже граѓание, не се зголемуваат цените на Катастар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски во „Актива”: Домашните компании со владина поддршка инвестираат и вработуваат, кризата е и можност за економски раст и развој

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски: На изборите во 2024 година ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз

Sase Ivanovski

СДСМ:Буџетот за 2023 година обезбедува економска пресвртница и повисоки плати и пензии

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ:Ковачевски има проблем со реалноста – Македонија е во економска и социјална катастрофа и затоа катастрофално ќе изгуби на избори

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Набавивме 12 возила за јавните претпријатија, Куманово помеѓу најдобро класифицираните општини со опрема и современа механизација, ЈП Водовод Куманово после 20 години добива нова опрема

Sase Ivanovski

ОСМАНИ ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА КРАЛСТВОТО САУДИСКА АРАБИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)ГОРИ НАВИВАЧКОТО СЕЛО БЛИЗУ СТАДИОНОТ ЛУСАИЛ ВО КАТАР Чадот е видлив од далеку

Sase Ivanovski

ОСМАНИ САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ОСНОВАЧИТЕ НА КЛУБОВИТЕ „Да видиме која е нивната цел, да изградиме мостови на соработка“

Sase Ivanovski

ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО 2024-ТА, ВМРО-ДПМНЕ ПАК ЌЕ ИЗГУБИ Ковачевски зборува за иднината и за можната коалиција со Алтернатива

Sase Ivanovski

Leave a Comment