17.3 C
Скопје
14/05/2025 10:04
МАКТЕЛ

     

Масовни злоупотреби при доделување туѓа нега и инвалидски пензии – спроведена истрага против 49 лица, 23 уапсени

      

По повеќемесечна предистражна постапка што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар. Во акцијата од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогонот. Станува збор за основано сомнение за извршени низа кривични дела со кои е направена штета на државниот буџет. Постапувајќи по кривичната пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 49 лица.

Имено, во текот на 2023 година првоосомничената порано вработена на универзитетска клиника заедно со други двајца осомничени создале злосторничко здружение – група, која имала за цел вршење на кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Примање поткуп“, „Давање поткуп“, „Примање награда за противзаконито влијание“ и „Давање награда за противзаконито влијание“. Во меѓувреме припадници на групата станале уште деветмина осомничени од кои двајца како лекари специјалисти биле претседатели на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес, а останатите лекари специјалисти вработени во ЈЗУ Општа болница Велес, Универзитетска клиника за неврологија Скопје, ПЗУ – ординација за општа медицина и специјалистички ординации од Велес, адвокат од Велес и службено лице во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово.

   

Заради стекнување со противправна имотна корист, криминалната група од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барала и примала парични средства – поткуп или награда за противзаконито влијание. За возврат организаторите и припадниците на криминалната група преземале противправни дејствија на директно или индиректно давање или нудење на парични награди, поткуп на службени лица, како и противправни дејствија на директно или индиректно примање на парични награди или поткуп со што на барателите им обезбедувале исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега. За остварување на право на туѓа нега тие ги пријавувале барателите што давале поткуп кај матични доктори кои вршат дејност во Велес со цел надлежна за постапување да биде Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“ чиј поранешен и актуелен претседател на комисијата се членови на групата. Така, членовите на групата без присуство на лицата кои давале поткуп обезбедувале фиктивни медицински прегледи кај матичните доктори, како и клинички или болнички прегледи кај лекари и медицински лица. Воедно осомничените со преземање на противправни дејства изготвувале, обезбедувале и употребувале медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација со невистинита содржина. Со преземените дејства осомничените ги заобиколиле одредбите од Законот за социјална заштита каде се утврдени условите за добивање на парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење. Припадниците на криминалната група влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките и донесување одлуки во корист на барателите надвор од нивното место на живеење, иако законски надлежна институција за водење на оваа постапка се Центрите за социјална работа според местото на живеење на барателот.

Паралелно, во истиот временски период во текот на 2023 година вработена на Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади, заедно со првоосомничената и двајца други осомничени создале злосторничко здружување – група, која имала за цел вршење на истите кривични дела како и претходната група. Припадници на групата станале уште 12 осомничени од кои тројца се припадници и на првата група. Оваа група континуирано ги извршувала кривичните дела при што нејзините членови се стекнале со противправна имотна корист. Организаторите и припадниците со координирани дејствувања барале и примале парични средства – поткупи од лица баратели на право на инвалидска пензија користејќи идентичен modus operandi како и првата група. Со преземените дејствија осомничените членови на групата на барателите им обезбедувале исполнување на услови за успешно водење на постапките за стекнување со право на инвалидска пензија, врз основа на која припадниците на криминалната група-членови во Комисиите со искористување на своето реално влијание и службената положба овозможиле успешно водење на постапката за стекнување со право на инвалидска пензија, како и донесување одлуки во корист на барателите на право на инвалидска пензија кои дале поткуп.

Според дејствијата содржани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка на останатите осомничени им се ставаат на товар кривичните дела и тоа: на три матични лекарки кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, 16 осомничени кои понудиле и дале поткуп заради обезбедување на медицинска документација со невистинита содржина се осомничени дека сториле кривично дело Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање поткуп, додека на девет осомничени кои се согласиле и дале парична награда на товар им се става кривичното дело – Давање награда за противзаконито влијание. Припадниците на групите освен за кривично дело Злосторничко здружување се осомничени и за други кривични дела и тоа: пет лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, четири лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, три лица за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Во текот на денешниот ден осомничените се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд. Обвинителството имајќи ги предвид кривичните дела сторени од секој осомничен поединечно како и висината на запретените казни и исполнетоста на околностите за определување на мерки за обезбедување за 12 осомничени предложи определување на мерка притвор, додека за три лива мерка куѓен притвор, за останатите лица се предложени мерки на претпазливост.

   

Најново

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата инвестира во здравството и образованието, се градат нови патишта и спортски сали

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Ристески: Таравари се враќа во прегратките на луѓето кои го осакатија државниот буџет во изминатите години

Sase Ivanovski

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

Sase Ivanovski

Студио 10 – Разговор со Златко Перински

Sase Ivanovski

Петрушевски: Нема среќа врз туѓа несреќа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најдобрата работа е да бидеш зафатен…

Sase Ivanovski

Какви се цените на ист производ кај нас, во сосдеството и ЕУ?

Sase Ivanovski

ВРХОВЕН НА 7 МАЈ ЈА УКИНАЛ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ВАСИЛ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА Возачот што ја усмрти Фросина немал правосилна пресуда против него како отежнителна околност

Sase Ivanovski

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, некои Европејци забораваат кои биле лошите момци…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арапски коњи ја придружуваат поворката на Трамп по пристигнувањето во Саудиска Арабија со Илон Маск…

Sase Ivanovski

Папата Лео, во првиот познат разговор со странски лидер, разговара со украинскиот Зеленски…

Sase Ivanovski

Индија го прекина молкот откако авионот Рафал, наводно, бил соборен од пакистански ловец од кинеско производство…

Sase Ivanovski

Прекрасната канцелариска зграда „Ананас“ во Синисело Балсамо, во близина на Милано, Италија…

Sase Ivanovski

Моника Марвез: Мажите никогаш не се менуваат…

Sase Ivanovski

Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Sase Ivanovski

Прислушкуван разговор: Фикрет Абдиќ и Ратко Младиќ. Oпсадата на Сараево 29.05.1992. Снимка која е сокриена од јавноста во БиХ…

Sase Ivanovski

Топ Тема: Ќе паѓаат ли каматните стапки на кредитите за домаќинствата и компаниите?

Sase Ivanovski

Адвокатот на Васил: Казната е превисока, иста ваква сообраќајка во 2019 година е завршена со 3,5 години

Sase Ivanovski

Обвинителство: Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казна затвор за вакво дело

Sase Ivanovski

Димитриевски: Филипче мора јавно да каже што изнел, што однел, чие однел и што планирал

Sase Ivanovski

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Sase Ivanovski

СДСМ: Сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци се новите специјализанти во Клиничката болница – Штип

Sase Ivanovski

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓоргија Пулевски, таа на Кочо Рацин искршена

Sase Ivanovski

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....