МАКТЕЛ

    

МВР влезе во демолираното кафуле „Класик“ на газдата на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко

      

Министерството за внатрешни работи денеска влегло во кафулето „Класик“ во Кочани кое минатата недела беше демолирано од револтирани протестирачи. Објектот е во сопственост на Дејан Јованов Деко, неформален сопственик на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 претежно млади лица. Претреси полицијата врши и во подружницата на пазарна инспекција во Кочани. Како што објави „Слободен печат“, фирмата „ММММ Кафе Дооел“ Кочани, што управувала со кабарето „Пулс“ добила лажна лиценца за работа издадена од Министерството за економија каде како адреса на која е заведена дискотеката фигурира улицата „Крижевска број 2“ во Кочани.
Токму оваа адреса во индустриската зона во Кочани, во близина на кружниот тек, претставува и адресата којашто Државниот пазарен инспекторат ја имал во својот регистар за вршење инспекциски надзори во 2023 година, но тогаш не им била заведена како адреса на која треба да се врши надзорот, туку како адреса на која „се наоѓа седиштето на фирмата „ДПТУУ „ММММ кафе ДООЕЛ“ Кочани, спротивно на тоа што е заведено во Бизнис мрежа. Иако ја имале адресата на фирмата заведена во регистарот, не оделе во дискотеката на инспекциски надзор, туку оделе на другата адреса.

Во лажната лиценца, пак, издадена на 13 март 2024 година, адресите се заведени обратно и на точен начин – седиштето е на „Димитар Влахов“, а објектот на „кабарето“ е на улицата „Крижевска“, како што во реалноста и било. Според документација што „Слободен печат“ ја доби од свиркачи, инспекторка на Државниот пазарен инспекторат на 28 јуни 2023 година спровела надзор не на адресата каде што се наоѓала дискотеката уште од 2012 година, туку во објект на улицата „Димитар Влахов бр.5 сутерен – 33“ Кочани, која што не е истата адреса на која се наоѓа дискотеката. Оваа информација е потврдена од документација што „Слободен печат“ ја доби од укажувачи од Државен пазарен инспекторат (ДПИ). Можно е инспекцискиот надзор да бил вршен во вториот, сега демолиран кафе-објект на неформалниот сопственик Дејан Јованов – Деко. На хартија, како управител на фирмата фигурирал шанкерот Александар Карадакоски кој е повреден во пожарот и е на лекување во Литванија. Надзорот што го спровела инспекторката на 28 јуни 2023 година бил вонреден, а во регистарот на извршени инспекциски надзори, графата за изречени мерки е празна, што значи дека најверојатно не била пронајдена неправилност.

На страницата на Државниот пазарен инспекторат на 11 ноември 2024 е објавен неделен извештај (до него може да пристапите на следниот линк), од кој се гледа дека на 29.10.2024 во правниот субјект ДПТУ ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани (на кого е издадена лажната лиценца за „Пулс“), е извршен повторно вонреден инспекциски надзор за да се провери дали се почитува Законот за заштита од пушењето, ама не е утврдена неправилност. Не е објавено на која адреса е вршен надзорот. Нашите извори тврдат дека претставки за вонредни инспекциски надзори до ДПИ во Скопје во врска со фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани“ стигнувале директно до одделението на ДПИ во Штип, а не во Скопје. Според податоците во „Бизнис мрежа“, „ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани“ била основана на 15 мај 2020 година, а седиштето на фирмата е на „Димитар Влахов“ бр. 5. Во регистарот на пазарната инспекција, пак, седиштето е на „Крижевска“ каде всушност се наоѓа објектот. Фирмата ММММ кафе ДООЕЛ е со блокирана трансакциска сметка и работела во дејност „ресторани“. Но, објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс“, всушност бил регистриран за лесна индустрија, а никако за угостителска дејност. Бројни се пропустите во градежната изведба која воопшто не одговарала на строгите безбедносни стандарди за да може да функционира како кабаре. Објектот немал хидрантска мрежа ни хидрант во употребна функција. Немало доволно противпожарни апарати според квадратурата на објектот, односно имало само два. Немало две излезни врати, колку што е пропишано за евакуација на луѓето, а едната импровизирана метална врата на задниот дел од објектот, била заклучена со катанец и без квака одвнатре, обложена со гипс-картон и сунѓер за звучна изолација.

   

Немало пристап за противпожарни возила од двете страни, согласно Правилникот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Внатрешноста на објектот била обложена со гипс-картон кој немал огноотпорни својства. Немало ниту спуштен таван со противпожарна отпорност од најмалку 30 минути. Немало врати со противпожарна отпорност за најмалку еден час, ниту систем кој би ги предупредил посетителите дека настанал пожар со силен звучен сигнал. „Дискотеката“ била непрописно обложена со лесно согорливи материјали за звучна изолација. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на височина од три метри. На лице место во кабарето бил присутен и службеник на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам кој констатирал дека објектот во кој се случила несреќата е регистриран како објект за лесна индустрија со површина од 419 квадрати. Никогаш не била извршена пренамена на објектот од лесна индустрија во угостителски објект. И покрај тоа што немало пренамена, тој добил дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена пред 15 години. На 16 март во стравичен пожар, во овој нелиценциран објект загинаа 59 жртви.

  

Најново

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за  нови и подобри почетоци

Sase Ivanovski

Мицкоски со честитка до Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква

Sase Ivanovski

Честитка од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод Велигден

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го честита најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение

Sase Ivanovski

Герасимовски: Велигден е потсетник дека само заедно можеме да изградиме праведно и солидарно општество

Sase Ivanovski

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Sase Ivanovski

Левица: ЗНАМ сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар

Sase Ivanovski

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

Sase Ivanovski

Сар: Во интерес на Велика Британија е пораз на радикалните исламисти на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Неготинец украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Sase Ivanovski

Триото Сиљановска, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид. На утринската литургија на поглаварот Стефан му дојде само Ѓорѓе Иванов

Sase Ivanovski

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Синоќа, пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се собраа голем број граѓани за да го одбележат најголемиот христијански празник – Велигден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ЦРКОВНО НАРОДНАТА КУЈНА НА „СВЕТИ СПАС“ ГОДИШНО СЕ ПОДГОТВУВААТ ДО 70 000 ОБРОЦИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Попладнево, несреќа на патот кон Кичево

Sase Ivanovski

Видео: Масовни протести во САД против власта на Трамп

Sase Ivanovski

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со велигденска честитка: Велигден нека ни донесе утеха, мудрост и хуманост

Sase Ivanovski

Токио бара фер пристап во економските преговори со САД, вели јапонскиот премиер Ишиба

Sase Ivanovski

Келог до Украина: „Вие нема да бидете дел од НАТО“

Sase Ivanovski

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски: Нека светлината на Воскресението биде водилка за изградба на праведно и хумано општество

Sase Ivanovski

Сончево и топло со температури до 27 степени

Sase Ivanovski

Денеска се празнува Воскресение Христово

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ДРЖАВНО УБИСТВО

Sase Ivanovski

Ристески: Нема одложување на мерката за објавувањето на цените, ќе се интензивираат контролите

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Верниците го слават најголемиот христијански празник – Велигден

Sase Ivanovski

Богдановиќ: Вечен спомен, Валандовски покољ

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Sase Ivanovski

Преплашен граѓанин: Синоќа ме нападнаа 5 кучиња скитници…едното ме касна и тоа длабоко…

Sase Ivanovski

ИНФОГРАФИК – 1 Месец по трагедијата во Кочани – биланс до 19.4.2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Несакани инциденти по натпреварот во Струга. Дошло до тепачка меѓу гостиварци и обезбедувањето на Струга ТЛ. Интервенирала полицијата и биле приведени 4 фудбалери

Sase Ivanovski

Костадинов: Раззеленување наспроти бетонизација! Мега парк наспроти мега трговски центар! Визијата за зелена Струмица станува реалност! Од срце за Струмица!

Sase Ivanovski

Со години не можеле да ја доживеат уметноста, но на тактилната изложба во Нова Горица во Словенија, граѓаните кои имаат проблем со видот можеа да ја почувствуваат убавината на 33 уметнички дела

Sase Ivanovski

Од филмска локација до урнатини, заборавени наместо реставрирани се Хавзипашините конаци – коплекс од 19 век во селото Бардовци во Скопје

Sase Ivanovski

Русија осуди 19-годишна жена на три години во казнена колонија по поетски антивоен протест

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Огнот од Ерусалим во Бигорски

Sase Ivanovski

Кинески роботи трчаа против луѓе на првиот хуманоиден полумаратон во светот. Тие изгубија за една милја…

Sase Ivanovski

Велигден 2025 со Трамп…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русија грабнува мажи од спортски сали во новата регрутација на Путин

Sase Ivanovski

Во Венеција се повеќе туристи бегаат без да ја платат сметката со што нанесуваат огромни загуби на сопствениците

Sase Ivanovski

Трамп: Повлекувањето на тарифите ги зголемува пазарите – Договорот со ТикТок сега е чип за договарање

Sase Ivanovski

Кина го гради првиот работен реактор со ториум во светот користејќи декласифицирани американски документи

Sase Ivanovski

Руте во Одеса прогласи „непоколеблива“ поддршка за Украина

Sase Ivanovski

Присуството на НАТО во стратешкото море што го дели со Русија ќе стане поголемо

Sase Ivanovski

Тимот на Трамп открива недостаток на експертиза – и трпение – се заканува да ги напушти мировните преговори за Украина

Sase Ivanovski

Еве што се сомневаат американските воени лидери на Пацификот дека Северна Кореја добива за испраќањето војници и оружје во војната во Русија

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ ЗА ЗЛАТНО ПЕНКАЛО ВРЕДНО 15.000 ДОЛАРИ Висок ирански дипломат го ставил в џеб на преговорите во Оман

Sase Ivanovski

ПУТИН ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ, А „ШАХЕДИ“ ЛЕТААТ НАД УКРАИНА Зеленски вели дека рускиот претседател манипулира со човечките животи

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИ БЛАГОДАТНИОТ ОГАН ВО ЕРУСАЛИМ И СЕ СПУШТИ ВО КУВКУЛИЈАТА Според црковните преданија, таму бил погребан Исус Христос

Sase Ivanovski

Две жени се степале во кочанско село

Sase Ivanovski

Горан Миленковски од МВР за „Слободен печат“: Лага е дека сум извадил посмртница за да не плаќам кредит!

Sase Ivanovski

Во ред е да бидете тажни: Психолозите велат дека токсичната позитивност е ризик по здравјето

Sase Ivanovski

ПМФЛ: Натпреварот Воска Спорт – Вардар не го доживеа својот крај

Sase Ivanovski

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка

Sase Ivanovski

Како дојде од „војната ќе ја решам за 24 часа“ до „ова не е наша војна“ – дали Трамп ја „лизнува“ Украина?!

Sase Ivanovski

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

Sase Ivanovski

СДСМ: Ем бесмислена, ем нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

Sase Ivanovski

Министерство за ватрешни работи: Пронајден возачот кој во Скопје со “фиат” удри во тротинет, возилото е одземено

Sase Ivanovski

Маркетите ги објавија цените на производите, споредбата е исклучително комплицирана

Sase Ivanovski

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Sase Ivanovski

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

Sase Ivanovski

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Sase Ivanovski

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

Sase Ivanovski

ФФМ ги обнови сите седишта на стадионот Тодор Проески во Скопје, најголемиот и најмодерен стадион во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Охрид преполн за Велигден

Sase Ivanovski

Париз добива споменик посветен на жртвите од геноцидот во Сребреница

Sase Ivanovski

Извршниот директор на Голдман Сакс, Дејвид Соломон, освен што води една од најдобрите светски инвестициски банки – исто така и врти песни како диџеј Д-Сол

Sase Ivanovski

Каракал е вид на дива мачка кој живее во јужна Азија, но се најде во кафез на шпанскиот остров Мајорка како дел од „пленот“ на полицијата по апсењето на криминална група која шверцувала диви животни и ги продавала преку онлајн платформа

Sase Ivanovski

На денешен ден 1941 година со одбрение на Германија, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Две нови дигитални услуги на МВР достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: Зошто Америка се откажува од светот, НАТО и Европа

Sase Ivanovski

Милитаризирана ЕУ – Обид за нејзина рефакторизација (ЕУ со шлем и штит – но без компас)

Sase Ivanovski

40 БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ ДОШЛЕ ВО БИХ ЗА ДА ГО ЛИКВИДИРААТ ДОДИК?! Претседателот на Република Српска сака воен сојуз со Србија и со Унгарија

Sase Ivanovski

Дрон го загрозил слетувањето на два авиони на аеродромот во Дубровник

Sase Ivanovski

Се надевам дека за краток рок ќе ја завршиме истрагата за трагедијата во Кочани, истакна Тошковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Диско -шталата била партиски штаб на ДПМНЕ, таму локалните функционери ,,локале” и јаделе

Sase Ivanovski

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована

Sase Ivanovski
Вчитувам....