-Вечерва полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради сомнение дека во 17.30 часот од аптека на подрачјето на Аеродром, со закана од вработената одзел пари. Тој е приведен во полициска станица и кај него се пронајдени одземените пари кои ќе бидат вратени на сопственикот. По документирање на случајот против Н.Н.ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Крадецот избегал во дворот на училиштето, што предизвикало паника и кај учениците и кај родителите кои чекале да ги земат своите деца. Тие биле евакуирани во просториите на школото.Директорката на училиштето, Магдалена Петревска, вели дека обезбедувањето во објектот било на висина на задачата.
-Би сакала да ве известам во врска со ситуацијата која се случила денес во 18:10ч. ви споделувам информации со цел да не се шири паника, страв и дезинформации. Во училиштето немало никакво пукање туку полицијата бркала локално крадец кој успеал да влезе во училишниот двор и да создаде паника кај родителите кои ги пречекувале децата од настава. Обезбедувањето било во училишниот двор на задача. Крадецот во обид да влезе во стариот дел(кој бил заклучен) бил фатен од полицајците. Сепак самата ситуација сама по себе била непријатна и вознемирувачка па, затоа сите ученици и родители кои биле затекнати во дворот биле евакуирани внатре во училиште (од страна на обезбедувањето и вработените) се додека не пристигнала интервентната полиција за да го приведат осомничениот. Бидејќи се создала голема паника кај родителите учениците се ослободени пред крајот на 7-миот час, вели Петревска.