Министерството за внатрешни работи информира зголемениот број на полициски службеници пред зградата на Општина Кочани е поради обезбедување на документација од општината.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест. Апелираме до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера“, информираат од МВР.
Во текот на вчерашниот ден, на градскиот плоштад во Кочани, граѓани се собраа за да одадат почит на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кои потоа се упатија кон општинската зграда, полициската станица и домот на градоначалникот на Кочани, Папазов. Исто така гневните граѓани, каменуваа и кафуле, сопственост на газдата на „Пулс“.