

Во текот на денот остварив кратка средба со градоначалникот на општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев. Разговаравме за состојбата и менаџирањето на човечките и материјално техничките ресурси кои се на располагање и се во функција на справување со пожарите во регионот за кој истиот е координатор.Го посетивме и современиот контакт и мониторинг центар 13300 кој е во состав и сопственост на општината.
Заедно се заложивме, по формализирање на неопходните правни процедури, во најбрз рок Министерството – ОВР Кавадарци во сопствените простории да добие директен пристап, увид и користење на истиот во насока на координирано, брзо и ефикасно работење на полицијата заедно со локалната власт а се во интерес на јавната безбедност на граѓаните на градот Кавадарци.