Денеска (08.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода Ф.П. (31) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Исто така, денеска (08.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06.50 часот во Скопје, на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода В.Д. (33) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.