МВР ги активира дроновите за да ги лови подметнувачите на шумските пожари и да го спречи натамошното опустошување на шумите и природата. Според информациите на полицијата дроновите ќе бидат оперативни 24 часа и се опремени со термални камери за да бидат функционални и во текот на ноќта а целта е и рана превенција на пожарите како и откривање на причините. Сепак од МВР нема да откријат колку дронови се во функција и на кои подрачја ќе оперираат а се со цел да има поголема оперативна успешност во рамките на полициската акција „Пожар 2024“.
Она што е јасно е дека голем дел од пожарите се подметнати а полицијата досега успеа да открие шестмина пиромани и против нив да поднесе кривични пријави против шест лица кои одговараат за предизвикување на општа опасност или предизвикување на шумски пожар.
Се поголем број на граѓани бараат од надлежните да се донесе одлука дрвата уништени во пожар да не се сечат за потоа да не може да се користат во комерцијални цели за да се спречи натамошното уништување на природата. Од ЦУК информираат дека денес има шест активни пожари а девет се под контрола