Извршена е обдукција од ветеринар кој потврди дека мечката починала од старост откако претходно била на терапија кратко пред да угине, изјави директорот на Битолската зоолошка градина, Жарко Тренкоски.
Една од двете кафеави европски мечки во Битолската зоолошка градина угина. Корисниците на социјалните мрежи деновиве се запрашуваа зошто Битолската зоолошка градина не соопштила за смртта на мечката.
– Денеска стапив на функцијата директор на Битолската зоолошка градина, надлежните органи се информирани за смртта на мечката, но навистина не можам да одговорам зошто таа информација не била соопштена – изјави за Плусинфо новоименуваниот директор на зоолошката градина, Жарко Тренкоски. Тој појасни дека мечката била постара од 35 години и угинала од старост.
– Извршена е обдукција од ветеринар кој потврди дека мечката угинала од старост откако претходно била на терапија кратко пред да угине – објасни директорот.