-Во тие осум години додека беа на власт немаа вакви иницијативи за бранителите. До вчера се тепаа за граѓански концепт, имаа албански гласачи, имаат во своите структури и високи функционери Албанци, така што дилемата е зошто им е потребна оваа иницијатива на СДСМ да забега во краен национализам. Но, и оваа тенденција ќе биде како и сите други неуспешни иницијативи за дестабилизација само да се избегне одговорноста – рече Меџити.Прашан дали ВРЕДИ ќе го поддржи законот за бранители, Меџити рече дека во фокусот на Владата е борбата против корупција.
-Фокусот на оваа Влада е борбата против корупцијата која што е канцер за ова општество. Таа борба ќе биде бескомпромисна за враќање на довербата во судството, а главниот фокус ќе биде и економски развој и стандардот на граѓаните со посебен осврт на децентрализацијата – потенцира Меџити.