-Во тие осум години додека беа на власт немаа вакви иницијативи за бранителите. До вчера се тепаа за граѓански концепт, имаа албански гласачи, имаат во своите структури и високи функционери Албанци, така што дилемата е зошто им е потребна оваа иницијатива на СДСМ да забега во краен национализам. Но, и оваа тенденција ќе биде како и сите други неуспешни иницијативи за дестабилизација само да се избегне одговорноста, рече Меџити во одговор на новинарско прашање на „Отворените денови“ на InfoTech Academy.Прашан дали ВРЕДИ ќе го поддржи законот за бранители, Меџити рече дека во фокусот на Владата е борбата против корупција.
-Фокусот на оваа Влада е борбата против корупцијата која што е канцер за ова општество. Таа борба ќе биде бескомпромисна за враќање на довербата во судството, а главниот фокус ќе биде и економски развој и стандардот на граѓаните со посебен осврт на децентрализацијата, потенцира Меџити.