Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска изјави дека без разлика чија ингеренција е, ќе помогнат за депонијата што гори во Липково десетина дена. Тој рече дека ќе излезат в пресрет и на општините и на граѓаните.
– Во наредниот период, денови се во прашање, кога ќе бидеме сведоци на отпочнување прво Свети Николе, работиме интензивно и за Битола, работиме и на другите регионални депонии. Нема да застанеме тука. Работиме и во втората фаза – рециклирање, што е најбитно во однос на депониите, одговори тој на новинарско прашање за регионални депонии што одамна се најавуваат.
Меџити одговараше на новинарски прашања за време на посетата на општина Студеничани.