Со 84 гласа за без ниту еден против и без ниту еден воздржан – но и без дебата, помина точката со која се гласаше потребата од утврдување на бројот на потпретседатели во законодавниот дом.
Според информациите, се очекува да бидат изгласани на утрешната седница.Пратениците денеска гласаа и за точката за основање на постојаните работни тела на собранието која помина со 91 гласа за без ниту еден против без ниту еден воздржан .Ова е трета седница на Собранието со новиот собраниски состав.Во вторник се очекува пред пратениците да се најде и точката за изборот на новиот владин состав каде мандатарот Мицкоски и идниот премиер ќе треба да ги претстави пред народните избраници имињата на новите министри.