При прошетката низ просториите, министрите имаа можност да ја разгледаат богата колекција на уметнички дела – изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски“, дело на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе Коробар. Во рамките на посетата, положувајќи цвеќе, двајцата министри заеднички го чествуваа ликот и делото на Св. Климент Охридски, кој воедно е патрон на Националната и универзитетската библиотека во Скопје. Скопје, 7.12.2022