На почетокот, Ајкокс мислела дека се заразила со ковид, а откако болеста станала посериозна и ѝ рекле дека има рак, таа била подложена на многу тешки третмани со хемотерапија и трансплантација на матични клетки. Холивудската актерка Ники Ајкокс, најпозната по улогите како Мег Мастерс во серијата „Суперприродно“ и Џејми Ален во продукцијата на „Темно сино“, почина на 47-годишна возраст по тешка битка со ракот. Нејзините последни улоги пред да се повлече од актерството беа филмовите од 2014 година „Девојката во воз“ и „Мртво на кампусот“, а Ники ја објави веста за нејзината болест во март 2021 година.
На почетокот, Ајкокс мислела дека се заразила со ковид, а откако болеста станала посериозна и ѝ рекле дека има рак, таа била подложена на многу тешки третмани со хемотерапија и трансплантација на матични клетки. Можеби ќе ве интересира. Многу ми се слоши и мислев дека имам ковид, но работите се искомплицираа. Завршив во болница со дијагноза леукемија – ја информираше тогаш јавноста.
За жал, и покрај макотрпната терапија, Ники не можеше да се опорави од тешката болест, па почина на само 47 години.