35.8 C
Скопје
23/07/2024 16:53
МАКТЕЛ

  

     

 

МИТАНОВСКИ: СДСМ Е ВО КОМА, ЗАТОА МУ ТРЕБА ЛЕКАР?!

      

Ако, јас, добро го читам “распоредот на звездите!”, тогаш, новиот лидер на СДСМ, ќе биде лекар.
Ако сакаме да бидеме мариовски мајтапчии, тоа, и не би било лошо. СДСМ е во тешка кома и му е неопходен, еден, добар, професор д-р промариус, за да го анимира и врати во живот.
Меѓутоа, проблемот е во тоа што болеста на СДСМ не е од таков карактер, за да биде излечена од лекар.
Деновиве, прочитав интересна опсервација од потпретседателката на партијата, мене драгата, Сања Лукароска, која, трагајќи по причините за епскиот ппораз на СДСМ, мегу другото, ја наведува ендемската болест на партијата – АРОГАНЦИЈАТА И НЕДОПИРЛИВОСТА!

   

Се мисли на раководството, а и на поширокото членство, оние од повисоките партиски ешалони, инфилтрирани и влебени во институциите на системот.
Ако е така, А ТАКА Е без задршка, тогаш, и институциите патат под ендемскаста болест – АРОГАНЦИЈА И НЕДОПИРЛИВОСТ! Кога е во прашање плебсот, како и да не постојат!
Критичарите и забележуваат на Лукароска, дека,СДСМ има и други болести, дека мегу нивните редови се инфилтрирале многу другарки и другари, кои се одзиваат на имињата Мито и Корупција, дека првенците им летаат со приватни авиончиња – откако во буџеларите им влетале стотици илјади евриња од јавните претпријатија, раководени и контролорани од другарките и другарчињата!
И тоа е така, ама, коренот на сето тоа, повторно, е во ароганцијата и недопирливоста. Само арогантен, недопирлив, самбендисан, надуен и самоуверен, бахат и неодговорен, можеда си дозволи да побара, или, да даде од народното – во неограничени количини!

 

Оние што во одреден период (и за одреден период!) се вмешале во ова шарено друштво, мегу кои спаѓам и самиот, а родителите не учеле, “да не пиеме вода од државна чешма”, брзо осознававме дека не сме за тамо каде што сме биле, те, или, се повлекувавме самоиницијативно, или, беше побарано.
Врти сучи, што би рекол бегалецот во Бјудим и Пешта, “шилото ќе излезе од вреќета!”, особено ако нечии нечисти раце, од сто ошавки во вреќата, ја извлекуваа единствената краставица, кога требаше да се поставуваат другарките и другарите на одговорни позиции.
Едно време, бахатоста, самобендисаноста и извлекувањето на кадрите за одговорни и помалку одговорни позиции, се манифестираше низ отворената поделба и етикетирање, на елита и провинцијалци.
Надоврзано на вечната болест: подобни и послушни, а не способни, оваа поделба донесе катастрофални последици.
Лојалноста, како основен критериум за напредување не е никаква посебност на СДСМ. Тоа го има во сите партии, но, овде “охриѓанците ја усовршија пицата измислена од Италијанците!”, до степен на “совршеност!”

   

     

Лојалност без човечки и етички фундамент, е еднакво на бахатост, на бестијалност, која, оди до неслутени размери. До – верувале, или не !?
Да го наполниш чекмеџето, до врв, со пари од полугладниот народ, да ги задоволиш сите овоземни потреби, те да тргнеш по раскопување на туѓи вечни почивалишта, само колку да си овозможиш поповолна позиција и на оној свет, не е само бесрамно, туку и лудо!
И уште очекуваше, дека, охриѓани ќе ја гласаат уште еднаш!!!
Негативна кадровска селекција имаше и во социјализмот на Броз. Кога го собра Севишниот, државата ја остави со кочлективно раководств (Претседателство) и претседател – Македонец.
Македонска направија! Усовршена во СДСМ! Во периодите, кога, до Шефот, или Папата – кој како милува, стоеше Попадија, која се одзиваше на “македонската Кејт Мос!”, и, која, толку го беше зела низ нозе првопретпоставениот, те , кутриот, морал да ги трпи сите нејзини хирови!

До каде оди тоа “замешатељство” е тешко да се опише со зборови, тоа може само да се доживее и почувствува само на своја кожа!
Кој паметен, со денешните сознанија за таа опскурна појава, би поверувал дека едно време во СДСМ “палеше и жареше!” една “дама!”, зад која не стоел никаков професионален, стручен, па дури ни човечки фундамент!?
Но, со огромно влијание во носењето на одлуките, во прифаќањето, сугерирањето ( и отфрлањето) на кадри само според старата латинска мудросат: Similles Similli Gaudet (Сличен на сличен си се радуваат).
Како од денешен аспект ви изгледа изборот, до првата позиција во партијата и власта, да се пробие личност со толку видливи (лични и семејни) криминални афимнитети, а без трунка морални доблести.

Така и се стигнува до неверојатниот парадокс: луге со толку “путер” од криминал на главата, со правосилни судски пресуди, наместо од зад решетките, да се појавуваат пред студентите, од академските катедри, и, да предаваат, ниту повеќе ниту помалку, туку, токму – право !?
Каде го има тоа на друго место? Ниту во Колумбија!
Како понатаму? Никако “како досега”, како што зоти Али го учеше другарот Таче!
После големиот пораз на партијата во 1988 година, “кога народот погреши, иако беше во право!” ( Бранко Црвенкоски), на една трибоина во Охрид, истиот, рече дека партијата треба да се ресетира!
Собрав храброст, јавно да му одговорам, дека е доцна за ресет, дека е потребен рестарт, ако не и РЕПРОГРАМИРАЊЕ – ПРЕФОРМАТИРАЊЕ!
Тогаш, тоа, беше оценето – КАКО ПРЕМНОГУ!
Се плашам, дека, денеска, и тоа, е ПРЕМАЛКУ!!!

Веле Митаноски

    

Најново

ИДФ ја потврдија смртта на двајца заложници на Хамас

Sase Ivanovski

Леброн Џејмс ќе го носи знамето на САД на отворањето на Олимписките игри во Париз

Sase Ivanovski

ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ СТАНА МАЈКА Нина Ангеловска Станков го доби синот Стефан

Sase Ivanovski

ХАОСОТ СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ СТАБИЛИЗИРА Тошковски најави дека наскоро управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги

Sase Ivanovski

ОНКОЛОГИЈА ЌЕ РАБОТИ ВО 2 СМЕНИ До 20 часот ќе се дава терапија за пациентите

Sase Ivanovski

ГО ЗАПАЛИЛ ТРАКTОРОТ, ЈА ЗАПАЛИЛ ТРЕВАТА, ЈА ЗАПАЛИЛ КОЛАТА… Штипјанец имал баксузен ден

Sase Ivanovski

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ОД МАСАКРОТ ВО ДАРУВАР Почина уште еден од повредените во Домот за стари лица

Sase Ivanovski

ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ НА КЛУПА ВО АЕРОДРОМ Се работи за 44-годишник од Пробиштип

Sase Ivanovski

РУСИЈА НЕМА МИЛОСТ ЗА НОВИНАРИТЕ КРИТИЧАРИ Новинарка на Радио Слободна Европа осудена на шест ипол години затвор

Sase Ivanovski

СЕ ВЖЕШТУВА СИТУАЦИЈАТА НА КИПАР Не отстапуваме ни педа земја, ни на Ердоган, ни на некој друг

Sase Ivanovski

ШТИПЈАНЕЦ ПРАЗНЕЛ СТАНОВИ ВО СКОПЈЕ Крадецот е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава

Sase Ivanovski

ДКСК за одлуката на Судскиот совет: Постапката за утврдување одговорност на членови на Управниот одбор на АСЈО е поднесена во законскиот рок

Sase Ivanovski

Трет каснат од змија во Велешко за 10 дена

Sase Ivanovski

Аваја: Правда за Ромите или Лов на Гласови? Што Навистина Сака Левица?

Sase Ivanovski

Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава

Sase Ivanovski

ВРИЕ МИЛИОНЕРИ ВО ВЛАДАТА: НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ ИМА ТРИ СТАМБЕНИ ЗГРАДИ ВО БЕЛГИЈА

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

Sase Ivanovski

Два стана во Шпанија, по еден во Португалија и Србија, два во Скопје, девизни сметки во Чешка, Србија, Шпанија: Министерката Божиновска меѓу најбогатите во Владата

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Спасов се стекна со бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува со пиар за лажни вести?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СУДОТ ПРЕСУДИ ДЕКА ФУРКАН САЛИУ ПРАВИЛНО ГО ЧУВАЛ ПИШТОЛОТ ВО СВОЕТО ВОЗИЛО, ОТФРЛЕНО Е БАРАЊЕТО ОД МВР ЗА КАЗНА

Sase Ivanovski

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорката на Кралството Норвешка Н.Е. Кристин Мелсом

Sase Ivanovski

Средба на министерот Муртезани со грчката амбасадорка Филипиду

Sase Ivanovski

Ласовска на седницата за замениците министри: Програмските определби ќе се реализираат

Sase Ivanovski

Герасимовски-Гети: Општина Центар и Лајнос од Чикаго имаат заеднички интерес за соработка

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, приведен дилер на дрога

Sase Ivanovski

ЛУДА КОЛУМНА НА ГЕРО: КОПУЦИТЕ ВО СДСМ НЕ ЗНААТ ДЕКА Е ШТЕДЕЊЕ ДА ЛЕТАШ СО БИЗНИС КЛАСА

Sase Ivanovski

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Sase Ivanovski

140 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Двата хеликоптери на МВР исфрлија над 85 тони вода врз пожарите околу селата Мокрени, Габровник и Селце

Sase Ivanovski

СЛОВЕНИЈА УВЕЗЛА НАД 3 МИЛИОНИ ЛИТРИ МАКЕДОНСКО ВИНО ПО ПРОСЕЧНА ЦЕНА ОД 0,70 ЕВРО ЗА ЛИТАР

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)

Sase Ivanovski

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денес се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година.

Sase Ivanovski

Средба Муцунски – Фидан

Sase Ivanovski

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ИСЛАМСКИ ПРАШАЊА НА САУДИСКА АРАБИЈА

Sase Ivanovski

ОСНОВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКО ТЕЛО НА КОАЛИЦИЈАТА ВЛЕН КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊАТА НА ИЗБОРИТЕ, ИМЕНУВАЊАТА И НАДЗОР НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ

Sase Ivanovski

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница

Sase Ivanovski

ИПАРД грант за производство на метални производи: До 600.000 евра за нови машини и опрема, изградба и реновирање на објекти

Sase Ivanovski

АКО ОДИТЕ НА ОДМОР, ОВА ТРЕБА ДА ГО ПРОВЕРИТЕ ПРЕД ДА ТРГНЕТЕ НА ПАТ: Ќе ви заштеди време и пари

Sase Ivanovski

Опасна игра на давеници

Sase Ivanovski

„НЕКОИ ХЕРОИ СЕ ОБИЧНИ ЛУЃЕ МЕЃУ НАС“: Лога со посебна објава денеска

Sase Ivanovski

„Не сакам да девалвирам никого се додека не ги видиме преформансите“: Мицкоски за назначувањето на новите заменици

Sase Ivanovski

(ФОТО) И 6 ЛЕНТИ СЕ МАЛКУ Гужви на „Богородица“, се чека повеќе од еден час

Sase Ivanovski

ПАЗЕТЕ КАДЕ ЈАДЕТЕ Инспекторите влегуваат од ресторан во ресторан, уништени се 8,7 тони небезбедна храна

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ГО ЧИСТИ ДУНАВ ОД ПОТОНАТИТЕ ГЕРМАНСКИ БРОДОВИ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Европската унија донира 16 милиони евра за извлекување на 21 брод

Sase Ivanovski

ДАЛИ ВМРО СЕ ЛУКСУЗИРА ИЛИ СДСМ СЕ ГЛУПИРА? Многу било 20.000 евра за авиобилети за 5 министри за Самитот на НАТО, а таман било 600.000 евра за изнајмување автомобили за Самитот на ОБСЕ во Скопје?

Sase Ivanovski

Деспотовски: Со настапот во ЛШ пишуваме историја, против Волунтари ќе бидеме крајно мотивирани

Sase Ivanovski

Го купиja за 35 милиони, а сега ќе го продадат за само 500 илјади фунти!

Sase Ivanovski

Скандал во Полска: Левандовски има фалц димпломa за завршен факултет

Sase Ivanovski

Словенецот Погачар е победник на Тур Д’Франс

Sase Ivanovski

Во протестите во Бангладеш уапсени над 500 луѓе

Sase Ivanovski

Израел нареди евакуација на областа што претходно ја прогласи за хуманитарна зона во Газа

Sase Ivanovski

Битка за легитимитет или „после мене потоп“?

Sase Ivanovski

Русинки, Молдавки и Албанки приведени во ноќен клуб на патот Тетово – Скопје

Sase Ivanovski

Се запали автобус на ЈСП „Скопје“, пожарот избил кај моторот поради неисправна инсталација

Sase Ivanovski

Трагична несреќа во Скопје: Загина мотоциклист, се судриле со Холанѓанец

Sase Ivanovski

Тошковски за пожарите: Состојбата е подобрена, но има жариште во правец на Криволак

Sase Ivanovski

Пикси не е повеќе селектор на Србија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со теренско возило старо 4 децении тргнале од Демир Капија до Серта да гасат пожар

Sase Ivanovski

Италијанскиот ланец супермаркети Conad влегува во Македонија

Sase Ivanovski

Во денешно време сите бираат несериозни врски, затоа што немаат време за љубов!

Sase Ivanovski

Малолетник од Кочани силувал малолетничка од Скопје

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Мексико среде бел ден брутално убиен висок полициски функционер

Sase Ivanovski

Курти: Нема социјална еднаквост без родова еднаквост, жените се наш приоритет

Sase Ivanovski

Дачиќ: Приштина се обидува да ја избегне одговорноста за убиството на полицаецот Крсмановиќ

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе биде најсилниот сојузник на Америка на Блискиот Исток без оглед на исходот од изборите

Sase Ivanovski

Болтон: Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина

Sase Ivanovski

По 11 години, кредитниот рејтинг на Турција за прв пат беше зголемен за два степена

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Жена во Филаделфија ладнокрвно пукаше во 7-месечно бебе во количка

Sase Ivanovski

5.000 ЕВРА ЗА КУПЕН Е-АВТОМОБИЛ ПРОИЗВЕДЕН ВО КРАГУЕВАЦ Вучиќ најави дека попустот ќе го добие секој клиент

Sase Ivanovski

500.000 ВОЈНИЦИ ГО ДРЖАТ ПРСТОТ НА ОРОЗОТ Портпаролката на НАТО ја откри силата на Алијансата

Sase Ivanovski

НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ПРЕТПЛАТНИЦИ – новите пакети на Нетфликс дадоа резултати

Sase Ivanovski

БЕА НАЈСИРОМАШНИ ВО СВЕТОТ, СЕГА СЕ МЕЃУ НАЈБОГАТИТЕ ДРЖАВИ: Економскиот развој е достапен за секого

Sase Ivanovski

Ројтерс: Бајден одлучи да се откаже, откако анкетата покажа дека губи во шест клучни држави на изборите

Sase Ivanovski

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за квалитет

Sase Ivanovski

Кога си најголем и не ти треба ПР! Кој приватен производител лани од продажба на струја наплати 190 милиони евра?

Sase Ivanovski

ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА И ЛАЖНО СУДЕЊЕ Хантер Бајден ја повлече тужбата против Фокс њуз

Sase Ivanovski

„ИТНО ИСПРАЌАЈТЕ ОРУЖЈЕ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ“ Зеленски упати апел по масовниот руски напад

Sase Ivanovski

РУСИЈА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА БУГАРИЈА И НА РОМАНИЈА Бродовите на НАТО се закана за Москва

Sase Ivanovski
Вчитувам....