„Работите се придвижуваат во нагорна линија од она што го гледам и навистина сум горда за тоа. Покажавме дека сме поразлични во изминативе 80 дена. Затоа што со проблемите со кои што се соочија и владата и сите институции и министерствата во рамки на владата беа енормни, но првата и клучна разлика е во тоа што можевме овие 80 дена како влада да ги искористиме за да информираме за проблеми и состојби кои што ги наследивме и кои што не можат да се надминат.
Од една страна е добро граѓаните да знаат каде има проблеми но наше е да најдиме начин како тоа да го решиме“ кажа Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ воемисијата „За или Против“ на Алфа ТВ и додаде: „Можевме да оставиме и оваа година на 1 септември да нема учебници,и да кажеме дека е грешка поради претходната влада затоа што не ја направила набавката навремено и дека нема можност сега тоа да се нарави, не, напротив МОН со сите капацитети кои ги имаат успеаа после 7 години да го испорачаат она што е обврска“ потенцира Митева. Митева потенцира неколку мерки и проекти кои што биле ветени и се исполнети.
„Зборувавме за зголемување на пензиите на една од првите седници на владата истото беше испо ачано, зборувавме за тоа дека Национални шуми и Водостопанство не се предвидени плати и три месеци се доцни со плата, се најде начин како работниците да ги земат своите плати и да го добијат она што го заработиле. Странските директни инвестиции по што бевме лидери во регионот а со СДС и ДУИ отидовме на дното, ќе ни бидат во фокусот затоа што сметаме дека има потенцијал во Македонија да се инвестира.
Направивме за прв пат совет на странски директни инвестиции. Имавме низа на странски директни инвестиции. Зборувавме за зголемените цени на училишниот прибор најде владата решение и ги намали цените“ рече Митева и додаде: „За овие 80 дена има околу 18 седници на владата а во нив на секоја седница има по низа политики и мерки кои што го подобруваат животот на граѓаните. Покажавме разлика и верувам дека со секоја постапка дополнително ќе го подобриме животот на граѓаните и да допринесиме за развој на економијата и животниот стандард“ нагласи Митева.