Во емисијата „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше Марија Митева портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ каде што истакна дека институциите мора да реагираат да бидат ажурни и експедитивно да одговараат за да се врати довербата на граѓаните во институциите.
„Состојбите мораме да ги презентираме пред граѓаните, станува збор за политичка партија која што 7 години практицирала власт, станува збор за партија која што должи одговори додека беше на власт и цениме дека одговорите кои што ги должат треба да ги дадат на јавноста и граѓаните, затоа што од една страна СДС сака да презентира лажна реалност. Време е во политиката да има почесен пристап така што зборувањето на вистината е она што го правиме и ќе продолжиме да го правиме и бараме одговорност“ кажа Митева и додаде:
„Информациите кои што ги добиваме од институциите се навистина фрапантни состојби кои покажуваат зошто ние велиме дека Македонија била ограбена држава, однесувањето кое што го практицирале во рамки на институциите е загрижувачко и состојба која што никогаш не треба да се повтори.Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе покаже еден поинаков пристап и ќе ги промениме состојбите. Претставката е изработена од правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ и истата ќе биде доставена до ДКСК очекуваме брза постапка затоа што цениме дека има два анкетни листови на Филипче кои што во целост се разликуваат еден од друг а станува збор недвижен имот кој што сте го стекнале пред да ја имате првата позиција и истото не сте го пријавиле“ нагласи Митева.
Митева потенцираше дека институциите мора да реагираат и да постапуваа.„Граѓаните очекуваат резултати едно е ние да зборуваме а друго е институциите да постапуваат за да ја вратиме комплетно довербата институциите ќе мора да понесат одговорност и да бидат поажурни и брзо, експедитивно да даваат одговори“ истакна Митева и додаде:
„Има многу состојби за кои што зборував почнувајќи од фирмата која што Филипче ја има во Бугарија а не е пријавена во анкетниот лист. Потоа фирмата која што се поврзува со друга фирма на иста адреса во која е регистрирана и неговата фирма што се занимава со градежништво Медикал420 а таа фирма беше поврзана со крупен скандал со наркотици од фирма што пред година дена и била изземена лиценцата а за иста таа лиценца поранешен премиер се иземал поради сопствени интереси итн“ кажа Митева.