Извршено тампонирање на булеварот и во следна фаза ќе се постават водоводна, канализациона и атмосферска мрежа, целосно асфалтирање на булеварот со осветлување и тротоари во должина од 180 метри. Овој проект е комплетна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 6 милиони денари и површина од 4900 метри квадратни. Изведувач е фирмата Градба промет.




