– Па видете од власта велат дека нема простор за договор затоа што потрошија 200 милиони евра а од тие 200 милиони евра, гледате дека нема ниту лопата, гледате дека не е ископан ниту еден ров за оној капитален проект, и тоа се пари коишто завршуваат најчесто во приватни џебови како резултат на провизија и затоа нема за пензионерите. Јас веднаш повикувам на состојба кога треба да се разговара со пензионерите, тие ја имаат нашата поддршка, ја имаат мојата поддршка, и очекувам дека ќе се вразуми власта и дека ќе постапи според потребите на пензионерите бидејќи инфлацијата, скапиот живот и ова што се случува практично го уништува на дневна основа стандардот на граѓаните и пензионерите, нагласи Мицкоски од Брвеница каде беше во рамки на партиската кампања „Ова е Македонија за сите“.
Одговарајќи на новинарско прашање, пак, за проблемите со откупот на пиперките и грозјето, Мицкоски оцени дека земјоделците за оваа Влада се маргинална група.
– Но, добрата вест е што набрзо од денес оваа влада ќе биде во опозиција. На идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш во минатото во фокус и било работењето, но исто така и земјоделците како наши сограѓани. Многу е важно тие да произведуваат она со што ние се развиваме како држава, да произведуваат доволно храна за нашите потреби, но и за извоз, рече Мицкоски.