35.8 C
Скопје
23/07/2024 16:39
МАКТЕЛ

  

     

 

Мицкоски во своето експозе ја нарече државата Македонија, вети дека ќе продолжи поддршката на Украина: Да ја обновиме довербата во институциите и да ја направиме Македонија место на просперитет, правда и надеж за сите

      

Почитуван претседател на Собрание,Почитувани пратеници,Екселенции,Почитувана јавност,Честа е голема да може да се говори за создавање на нова влада, но уште е поголема обврската поради добиената доверба. И ова мое обраќaње денес пред вас, исклучиво го гледам низ призмата на запазување и говорење за интересите на граѓаните. Во тоа име овде пред вас го носам гласот на илјадници наши сограѓани кои побараа подобра иднина.

   

Израснавме во оваа земја. Во нејзините скриени мотиви, приказни, и богата историја, во нејзината сегашност која е создадена со тешка, макотрпна работа и сонувања, земја во која нејзините граѓани во минатото, но и сите граѓани денес, правевте многу, дишевте за неа, работевте за неа.Тоа не беа само пусти сонувања, туку плод на трудот, и ни оставија огромна одговорност. Во секој чекор, во секоја мисла дојдовме до денешниот ден, подготвени да ги живееме и одново градиме соништата, да биде подобро.

 

Македонија е нашиот дом, и нашата заедничка тврдина. И секоја поделба треба да ја надминеме со разум и со мудрост. Ниту една наша разлика не е поголема од мотивот да успееме, и тука немам никакви дилеми.Граѓанинот беше секогаш тука кога беше најпотребно за татковината. Гласаше на референдумот за независност, работеше макотрпно, редовно ги решаваше своите обврски кон неа, плаќаше даноци, работеше, придонесуваше за животот.

   

     

Порано, во историјата нашите граѓани имаа и други, но и слични егзистенцијални предизвици, и тогаш како и сега граѓаните беа лојални кон државата и правеа се таа да е слободна, независна, силна и просперитетна.На тој пат имаше и доста разочарувања и силни предизвици, но граѓанинот на оваа земја опстоја, и гордо и на нозе се понесе со сите случувања.

Време е, доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за секој еден граѓанин! Секој еден од вас, Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати, секој од вас, направи се за својата татковина.Сега е ред и време, таа, да прави за вас! За тебе! И оној кој живее на северот, југот, западот или истокот во нашата заедничка Татковина.

          Во услови на историски предизвици и широко распространето разочарување, граѓаните на недвосмислен начин ја изразија својата голема желба за промени и ни го доверија мандатот да ја насочиме нашата нација кон посветла иднина.

          Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, и ова не го говорам дека имам намера да смислувам изговори или да плачеме над лошата состојба, туку дека одлучно ќе одговориме, затоа што оваа генерација нема опција за неуспех и заедно ќе мора да направиме големи чекори напред. И затоа нема да барам никакви 100 дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш. Впрочем немавме ниту една секунда изминатиов период.

Веќе во вторник најавувам нова инвестиција повеќе од 400 милиони евра, потоа ќе ги намалиме даноците, покачиме пензиите, ќе обебедиме пари за капитални проекти. Доста времето се трошеше на измислени теми, и етнички прашања, време е да се засукаат ракавите решат проблемите и ова да биде влада на економија и развој. Тоа го сакаат сите.

          Нашата носечка цел е да ја обновиме довербата во институциите на државна власт, да ја елиминираме корупцијата и да обезбедиме владеење на правото.

      Централно место во нашата животна мисија е економското заживување. Ќе започнеме нов силен циклус на економски раст, поттикнат од стабилни јавни финансии. Поддршка за конкурентен приватен сектор и значајни инвестиции во иновациите и во информатичката технологија. Нашата цел е да создадеме продуктивни и добро платени работни места, да ја намалиме невработеноста и да поттикнеме средина каде што бизнисите можат да се развиваат.

Мора да постигнеме раст на БДП до 5% годишно. Ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно. Намалување на невработеноста до 7,5%. Односно создавање на нови 55 илјади работни места. Ќе ги намалиме даноците. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка. Инвестиции во инфраструктурата од над 2 милијарди евра за 4 години,  завршување на автопатот Кичево – Охрид, реконструкција и рехабилитација на железничкиот коридор 10 и набавка на возови, како и 250 милиони евра капитални инвестиции во општините. Ќе работиме на децентрализацијата

Ќе направиме формирање на посебен фонд за врвна наука преку кој ќе фатиме чекор со светските истражувачки центри, обнова и реновирање на училишта, како и зголемување на платите во образованието согласно со Колективниот договор, зголемување на буџетот во образованието, силни инвестиции во здравството и нови болници и многу други работи. И конечно одговорност и фронт против корупцијата, прочешлување на имотот на судиите, обвинителите и функционерите.

          Нашата посветеност на европските интеграции останува цврста. Ќе работиме ангажирано на усогласување на нашите политики со европските стандарди, унапредувајќи ја нашата цел за полноправно членство во Европската Унија.

Продолжуваме и понатаму да стоиме заедно со нашите партнери од ЕУ и заедно ќе усогласуваме заедничката надворешна политика со ЕУ. Продолжува и поддршката на Украина да се брани и да го одбрани својот суверенитет и територијален интегритет.Ќе инвестираме во културата и заштита на културнто наследство.  Развојот на спортот е клучен за поттикнување на националната гордост и промовирање на здрав начин на живот. Младите се иднината, а ние сме посветени на создавање средина каде што тие ќе можат да напредуваат.

          Грижата за нашите пензионери е приоритет.Градењето добри односи со нашите соседи е од суштинско значење за регионалната стабилност и просперитет.   Развојот на меѓуетничките односи е фундаментален дел од нашата визија. Прославувајќи ја нашата различност и обезбедувајќи еднакви можности за сите, ќе изградиме посилно и покохезивно општество.

          Драги пријатели, Работата на сите предложени кандидати за јавни функции ќе биде предмет на постојана ревизија и евалуација и ќе има место само за тие со јасна волја, кои се посветени на државата и народот и кон исполнување на програмата, и кои ќе бидат блиски до народот и ќе имаат јасен, морален и професионален компас.

Накусо оние кои ќе бидат луѓе. Јас разбирам дека грешки се возможни, но грешки кои ќе се исправаат затоа што динамиката која ја планирам е пеколна, темпото ке биде силно затоа што народот очекува од нас резултати, одговорноста која ја имаме е огромна. Се работи за нашиот образ. И за нашата чест. Неморал и потфрлања нема да толерирам. Кој нема да може да се носи со тоа не е погрешно ниту грев да каже, или заедно да утврдиме, и да ја промени позицијата или да биде реконструиран од постојната. Ова важи за сите функционери кои ќе бидат именувани од нашата коалиција без разлика од која партија доаѓаат.

Вашата одговорност не е пред вашите партиски штабови, туку, запаметете, вашата одговорност е пред граѓаните, и го штитите Уставот и законите.  Ќе барам од секого повеќе од максимумот. Немаме време, треба брзи резултати, треба многу работа, мерки, чекори и проекти, на народот му е потребен квалитетен живот и држава која ќе биде негова! Ве уверувам дека вие и идните генерации ќе бидете горди на овој период од нашата историја.

          Сакам да се обратам и до опозицијата. Вие ќе ја имате мојата подадена рака да седнеме и разговараме за сите отворени и важни прашања. Важни прашања за граѓаните. Јас ќе се однесувам со должна почит кон вашите предлози и не очекувајте политички хајки затоа што нема да го трошам времето на тоа што го трошевте вие. Но ќе има одговорност за секој криминал.

          Почитувани пратеници,Ја барам вашата поддршка да ја менуваме наѓата татковина. Да создадеме услови за подобар живот. Ќе продолжиме напред со гордост и одлучност, обновувајќи ја Македонија која е повторно ваша – каде што транспарентноста и отчетноста не се само идеали, туку реалност.Со ваша поддршка ќе го направиме ова место, место на просперитет, правда и надеж за сите. Државата да ја вратиме на народот. Македонија повторно горда, за секој еден од вас.

    

Најново

ИДФ ја потврдија смртта на двајца заложници на Хамас

Sase Ivanovski

Леброн Џејмс ќе го носи знамето на САД на отворањето на Олимписките игри во Париз

Sase Ivanovski

ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ СТАНА МАЈКА Нина Ангеловска Станков го доби синот Стефан

Sase Ivanovski

ХАОСОТ СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ СТАБИЛИЗИРА Тошковски најави дека наскоро управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги

Sase Ivanovski

ОНКОЛОГИЈА ЌЕ РАБОТИ ВО 2 СМЕНИ До 20 часот ќе се дава терапија за пациентите

Sase Ivanovski

ГО ЗАПАЛИЛ ТРАКTОРОТ, ЈА ЗАПАЛИЛ ТРЕВАТА, ЈА ЗАПАЛИЛ КОЛАТА… Штипјанец имал баксузен ден

Sase Ivanovski

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ОД МАСАКРОТ ВО ДАРУВАР Почина уште еден од повредените во Домот за стари лица

Sase Ivanovski

ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ НА КЛУПА ВО АЕРОДРОМ Се работи за 44-годишник од Пробиштип

Sase Ivanovski

РУСИЈА НЕМА МИЛОСТ ЗА НОВИНАРИТЕ КРИТИЧАРИ Новинарка на Радио Слободна Европа осудена на шест ипол години затвор

Sase Ivanovski

СЕ ВЖЕШТУВА СИТУАЦИЈАТА НА КИПАР Не отстапуваме ни педа земја, ни на Ердоган, ни на некој друг

Sase Ivanovski

ШТИПЈАНЕЦ ПРАЗНЕЛ СТАНОВИ ВО СКОПЈЕ Крадецот е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава

Sase Ivanovski

ДКСК за одлуката на Судскиот совет: Постапката за утврдување одговорност на членови на Управниот одбор на АСЈО е поднесена во законскиот рок

Sase Ivanovski

Трет каснат од змија во Велешко за 10 дена

Sase Ivanovski

Аваја: Правда за Ромите или Лов на Гласови? Што Навистина Сака Левица?

Sase Ivanovski

Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава

Sase Ivanovski

ВРИЕ МИЛИОНЕРИ ВО ВЛАДАТА: НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ ИМА ТРИ СТАМБЕНИ ЗГРАДИ ВО БЕЛГИЈА

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

Sase Ivanovski

Два стана во Шпанија, по еден во Португалија и Србија, два во Скопје, девизни сметки во Чешка, Србија, Шпанија: Министерката Божиновска меѓу најбогатите во Владата

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Спасов се стекна со бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува со пиар за лажни вести?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СУДОТ ПРЕСУДИ ДЕКА ФУРКАН САЛИУ ПРАВИЛНО ГО ЧУВАЛ ПИШТОЛОТ ВО СВОЕТО ВОЗИЛО, ОТФРЛЕНО Е БАРАЊЕТО ОД МВР ЗА КАЗНА

Sase Ivanovski

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорката на Кралството Норвешка Н.Е. Кристин Мелсом

Sase Ivanovski

Средба на министерот Муртезани со грчката амбасадорка Филипиду

Sase Ivanovski

Ласовска на седницата за замениците министри: Програмските определби ќе се реализираат

Sase Ivanovski

Герасимовски-Гети: Општина Центар и Лајнос од Чикаго имаат заеднички интерес за соработка

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, приведен дилер на дрога

Sase Ivanovski

ЛУДА КОЛУМНА НА ГЕРО: КОПУЦИТЕ ВО СДСМ НЕ ЗНААТ ДЕКА Е ШТЕДЕЊЕ ДА ЛЕТАШ СО БИЗНИС КЛАСА

Sase Ivanovski

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Sase Ivanovski

140 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Двата хеликоптери на МВР исфрлија над 85 тони вода врз пожарите околу селата Мокрени, Габровник и Селце

Sase Ivanovski

СЛОВЕНИЈА УВЕЗЛА НАД 3 МИЛИОНИ ЛИТРИ МАКЕДОНСКО ВИНО ПО ПРОСЕЧНА ЦЕНА ОД 0,70 ЕВРО ЗА ЛИТАР

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)

Sase Ivanovski

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денес се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година.

Sase Ivanovski

Средба Муцунски – Фидан

Sase Ivanovski

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ИСЛАМСКИ ПРАШАЊА НА САУДИСКА АРАБИЈА

Sase Ivanovski

ОСНОВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКО ТЕЛО НА КОАЛИЦИЈАТА ВЛЕН КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊАТА НА ИЗБОРИТЕ, ИМЕНУВАЊАТА И НАДЗОР НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ

Sase Ivanovski

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница

Sase Ivanovski

ИПАРД грант за производство на метални производи: До 600.000 евра за нови машини и опрема, изградба и реновирање на објекти

Sase Ivanovski

АКО ОДИТЕ НА ОДМОР, ОВА ТРЕБА ДА ГО ПРОВЕРИТЕ ПРЕД ДА ТРГНЕТЕ НА ПАТ: Ќе ви заштеди време и пари

Sase Ivanovski

Опасна игра на давеници

Sase Ivanovski

„НЕКОИ ХЕРОИ СЕ ОБИЧНИ ЛУЃЕ МЕЃУ НАС“: Лога со посебна објава денеска

Sase Ivanovski

„Не сакам да девалвирам никого се додека не ги видиме преформансите“: Мицкоски за назначувањето на новите заменици

Sase Ivanovski

(ФОТО) И 6 ЛЕНТИ СЕ МАЛКУ Гужви на „Богородица“, се чека повеќе од еден час

Sase Ivanovski

ПАЗЕТЕ КАДЕ ЈАДЕТЕ Инспекторите влегуваат од ресторан во ресторан, уништени се 8,7 тони небезбедна храна

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ГО ЧИСТИ ДУНАВ ОД ПОТОНАТИТЕ ГЕРМАНСКИ БРОДОВИ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Европската унија донира 16 милиони евра за извлекување на 21 брод

Sase Ivanovski

ДАЛИ ВМРО СЕ ЛУКСУЗИРА ИЛИ СДСМ СЕ ГЛУПИРА? Многу било 20.000 евра за авиобилети за 5 министри за Самитот на НАТО, а таман било 600.000 евра за изнајмување автомобили за Самитот на ОБСЕ во Скопје?

Sase Ivanovski

Деспотовски: Со настапот во ЛШ пишуваме историја, против Волунтари ќе бидеме крајно мотивирани

Sase Ivanovski

Го купиja за 35 милиони, а сега ќе го продадат за само 500 илјади фунти!

Sase Ivanovski

Скандал во Полска: Левандовски има фалц димпломa за завршен факултет

Sase Ivanovski

Словенецот Погачар е победник на Тур Д’Франс

Sase Ivanovski

Во протестите во Бангладеш уапсени над 500 луѓе

Sase Ivanovski

Израел нареди евакуација на областа што претходно ја прогласи за хуманитарна зона во Газа

Sase Ivanovski

Битка за легитимитет или „после мене потоп“?

Sase Ivanovski

Русинки, Молдавки и Албанки приведени во ноќен клуб на патот Тетово – Скопје

Sase Ivanovski

Се запали автобус на ЈСП „Скопје“, пожарот избил кај моторот поради неисправна инсталација

Sase Ivanovski

Трагична несреќа во Скопје: Загина мотоциклист, се судриле со Холанѓанец

Sase Ivanovski

Тошковски за пожарите: Состојбата е подобрена, но има жариште во правец на Криволак

Sase Ivanovski

Пикси не е повеќе селектор на Србија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со теренско возило старо 4 децении тргнале од Демир Капија до Серта да гасат пожар

Sase Ivanovski

Италијанскиот ланец супермаркети Conad влегува во Македонија

Sase Ivanovski

Во денешно време сите бираат несериозни врски, затоа што немаат време за љубов!

Sase Ivanovski

Малолетник од Кочани силувал малолетничка од Скопје

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Мексико среде бел ден брутално убиен висок полициски функционер

Sase Ivanovski

Курти: Нема социјална еднаквост без родова еднаквост, жените се наш приоритет

Sase Ivanovski

Дачиќ: Приштина се обидува да ја избегне одговорноста за убиството на полицаецот Крсмановиќ

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе биде најсилниот сојузник на Америка на Блискиот Исток без оглед на исходот од изборите

Sase Ivanovski

Болтон: Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина

Sase Ivanovski

По 11 години, кредитниот рејтинг на Турција за прв пат беше зголемен за два степена

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Жена во Филаделфија ладнокрвно пукаше во 7-месечно бебе во количка

Sase Ivanovski

5.000 ЕВРА ЗА КУПЕН Е-АВТОМОБИЛ ПРОИЗВЕДЕН ВО КРАГУЕВАЦ Вучиќ најави дека попустот ќе го добие секој клиент

Sase Ivanovski

500.000 ВОЈНИЦИ ГО ДРЖАТ ПРСТОТ НА ОРОЗОТ Портпаролката на НАТО ја откри силата на Алијансата

Sase Ivanovski

НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ПРЕТПЛАТНИЦИ – новите пакети на Нетфликс дадоа резултати

Sase Ivanovski

БЕА НАЈСИРОМАШНИ ВО СВЕТОТ, СЕГА СЕ МЕЃУ НАЈБОГАТИТЕ ДРЖАВИ: Економскиот развој е достапен за секого

Sase Ivanovski

Ројтерс: Бајден одлучи да се откаже, откако анкетата покажа дека губи во шест клучни држави на изборите

Sase Ivanovski

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за квалитет

Sase Ivanovski

Кога си најголем и не ти треба ПР! Кој приватен производител лани од продажба на струја наплати 190 милиони евра?

Sase Ivanovski

ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА И ЛАЖНО СУДЕЊЕ Хантер Бајден ја повлече тужбата против Фокс њуз

Sase Ivanovski

„ИТНО ИСПРАЌАЈТЕ ОРУЖЈЕ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ“ Зеленски упати апел по масовниот руски напад

Sase Ivanovski

РУСИЈА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА БУГАРИЈА И НА РОМАНИЈА Бродовите на НАТО се закана за Москва

Sase Ivanovski
Вчитувам....