Јавното обвинителство ќе утврди дали и колку е одговорен градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, одговори Мицкоски на новинарско прашање како е можно градоначалникот да не е меѓу осомничените за трагедијата во Кочани, со оглед дека по распитот е пуштен на слобода. Мицкоски додаде дека градоначалникот во оставката навел дека стои на располагање за се и дека не бега. Тој нагласи дека истражните органи ќе влезат во општината, за да ги проверат сите документи.
„Ако пледирате на тоа дека градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, па дека го штитиме, се лажете. Никого нема да штититме. Свети ВМРО да биде. И јас да сум. И родена сестра и брат да ми е, ќе одговара, ако има каква било вина. И затоа реков, кривична одговорност ќе има за сите“, рече Мицкоски.