-И во овој момент сакам да говорам дека клучно е да ја отвориме темата што по неуспехот на уставните измени. Се чини дека владата нема никаков план ниту пак говори за тоа. Од друга страна имаме премиер кој е уценет. Имаме премиер кој ДУИ го држи во заложништво, а токму тие се вистинските газди во владата, газди на криминалот и господари на туѓите судбини. И затоа ви велам дека ќе направам се за да ДУИ оди во опозиција, и подготвен сум да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за да ДУИ после 20 години власт да оди во опозиција. И ова не го зборувам затоа што на овој начин сакам да го градам својот рејтинг, и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како што тие луѓе од раководството на ДУИ јавно го зборуваат.
Ова го зборувам затоа што верувам во тоа. Кога тие ќе заминат во опозиција, ќе и се раздени на Македонија. Кога тие ќе заминат во опозицијата ќе не биде. Повторувам ова е пакт за национално единство со некриминализирани сегменти од општеството. А криминалците од сегашната влада ќе одговараат пред лицето на правдата. Таквиот пакт за национално и државно единство ќе биде и добар одговор да ги здружиме силите и да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса за која ви говорам, рече Мицкоски.
Тој додаде дека треба да се препознае овој историски момент за понудена рака за обединување на македонското ткиво и за заедништво на македонскиот блок кој постојано губи овие 32 години и се откажува од својот супстрат загрозувајќи ја својата егзистенција.-Говорам и за обединување на сите граѓани од сите вери и заедници застанувајќи зад определбата да изградиме нова и заедничка иднина, најави Мицкоски.