20.8 C
Скопје
11/10/2024 11:34
МАКТЕЛ

     

Мицкоски на првиот академски час до студентите: Вие сте иднината, со конкретни проекти ќе го унапредиме образованието

     

„Почитувана ректорке,
Почитувани декани,
Почитувани професори,
Почитувани студенти,
Драги пријатели,

 

Денес, стојам пред вас не само како премиер, туку и како редовен професор на Машинскиот факултет при нашиот најреномиран Универзитет кој го носи името на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Универзитет кој отсекогаш бил центар на знаењето, развојот и иновациите во нашата држава.
Често се навраќам во просториите на мојот матичен факултет и денес со истата желба која ме водеше уште кога започнав како млад асистент пред повеќе од 2 децении. Токму тука, во оваа академска средина го зацврстив моето претходно уверување дека образованието не е само процес на учење и пренесување знаења, туку дека е извонредно животно патување кое не завршува никогаш, туку само се надоградува, се менува и се прилагодува со текот на времето. Како што рекол големиот филозоф Аристотел: „Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки“. Ова е токму она што го гледаме денес – студентите се борат низ предизвиците на студирањето, но на крајот нивната упорност е она што ги води кон високи резултати кои ги надминуваат нивните почетни очекувања.

  

Драги пријатели,

Наша задача како држава е да ги создадеме условите во кои овие „корени“ нема да бидат толку горчливи. Од таа причина, посветени сме на повеќе конкретни проекти кои ќе го унапредат квалитетот на високото образование.
Прво, планираме значително да го модернизираме инфраструктурниот капацитет на нашите универзитети. Веќе започнуваме со институционални ангажмани за натамошна реконструкција на лабораториите на некои факултети во дел од нашите Универзитети низ земјата, каде ќе се постават најсовремени опрема и технологии кои ќе им овозможат на студентите да стекнат практични вештини во склад со потребите на современата индустрија.
Второ, започнуваме со обликување на проект за дигитализација на универзитетската администрација со цел да ги олесниме процесите на пријавување, запишување и оценување. Ова ќе ја намали бирократијата и ќе им даде повеќе време на професорите и студентите да се фокусираат на она што е најважно – образованието.
Трето, ја промовираме програмата за интернационална соработка и размена на студенти. Студентите и професорите ќе имаат повеќе можности за студирање и истражување во странски универзитети, со цел да се разменат искуства и да се применат најдобрите практики од светот во нашето образование. Ова ќе ни помогне да го подигнеме нивото на компетентност и иновација во нашите институции.
Исто така, важно е да ги поддржиме нашите професори и да ги мотивираме да продолжат со својот научен развој. За таа цел, обезбедуваме зголемени средства за научно истражување и се залагаме за создавање на фондови за поддршка на научните проекти кои ќе го поттикнат развојот на нови технологии и иновации.

Драги студенти,

Вие сте иднината на оваа држава.
Секој од вас носи во себе потенцијал да направи промена, да креира нешто ново, нешто големо.
Свети Кирил и Методиј не е само име на нашиот универзитет, тоа е важен симбол на знаење, симбол на нашата култура и историја.
Искористете го ова време за да изградите нешто значајно за себе, за вашето семејство, за вашата земја.
Нашата цел е јасна, да создадеме образовен систем кој е во чекор со времето, кој ги задоволува потребите на општеството и пазарот на трудот, и кој ви дава можност да бидете глобално конкурентни.
И тоа ќе го направиме заедно – со вашата посветеност и со нашата поддршка.

Претседателот на Студентската организација напомена дека би биле пресреќни својата иднина да ја гледаат тука во Македонија, а наша цел и како професори и политичари е да ве инспирираме. Ќе продолжиме да го работиме она што го работиме и кое што најдобро го знаеме. Но, сакам да ви испратам една порака дека во животот ништо не паѓа од небото и дека ништо не е така едноставно како што изгледа на социјалните медиуми. Треба да се борите и треба да се борите секој ден. Треба да се борите секој ден повеќе споредено со претходниот ден, само така можете да успеете во името на вашето семејство и во името на вашата татковина Македонија.

Ви благодарам и нека оваа година биде година на успех, знаење и нови хоризонти!

Бог да ја благослови Македонија“.

Линк од видео материјал

 

Најново

Повеќе од 212.000 хрвати поради долгови завршија во личен стечај

Sase Ivanovski

Најмалку четворица загинати при руски напад врз регионот на градот Одеса во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од ударот на ураганот Милтон на Флорида, најмалку шеснаесет жртви, разрушени домови, автомобили и цели населби!

Sase Ivanovski

Започна увидот во опожарената зграда во општина Чаир

Sase Ivanovski

Ковачев на Фејсбук: Сања Божиновска е подложена на јавен линч затоа што е бугарка

Sase Ivanovski

Потврдена смртта на украинска новинарка во руско заробеништво

Sase Ivanovski

Земјотрес од 3,2 степени ја стресе Северна Македонија

Sase Ivanovski

Мухиќ: Зошто ние да промениме Устав и да внесеме бугари, а тие не го почитуваат нашето малцинство таму?

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова за укинувањето на „балансерот“: Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе оваа одлука

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Партизаните се бореа за слободна Македонија, а ние денес за напредна и интегрирана држава

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ќе предложи закон за реално намалување на цените на производите

Sase Ivanovski

Британија: Украина не смее да користи ракети со долг дострел за да ја нападне Русија

Sase Ivanovski

Српските молери бараат околу дванаесет евра за метар квадратен

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава

Sase Ivanovski

Три гола во Рига, обезбедено првото место во лигата на нациите Северна Македонија убедливо ја победи Летонија

Sase Ivanovski

Норвежаните се префрлаат исклучиво на електрични автомобили

Sase Ivanovski

Вработени на МВР убедувале граѓанин од турска етничка припадност да земе пасош на друг јазик бидејќи немале обрасци на турски

Sase Ivanovski

Кадриу: Одлуката на Уставниот суд е донесена под политички притисок

Sase Ivanovski

Оставка поднесе директорот на училиштето во Ѓорче Петров во градот Скопје каде имало обид за силување на ученик

Sase Ivanovski

Денес се чествува 11 октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

Sase Ivanovski

Во Собранието на Северна Македонија ќе се додели државната награда „11 Октомври“

Sase Ivanovski

Денес се празнува Преподобен Харитон Исповедник

Sase Ivanovski

Несреќа во поранешен рудник за злато во Колорадо во САД: Едно лице загина, 23 спасени

Sase Ivanovski

Николовски од Софија: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога

Sase Ivanovski

Бислимоски: Над 1200 лиценци за производство на струја од обновливи извори за три години

Sase Ivanovski

Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

Sase Ivanovski

Интернет користат 90,8 отсто од домаќинствата во земјава

Sase Ivanovski

Таравари за укинувањето на „балансерот“: Готов е нов закон, очекувам наскоро да се најде во Собрание

Sase Ivanovski

Намален бројот на издадени одобренија за градба

Sase Ivanovski

Димитриеска – Кочовска: Замрзнувањето на трговските маржи не дава резултати

Sase Ivanovski

Минчев: Балансерот беше злоупотребуван, ја изгуби намената за која беше создаден

Sase Ivanovski

Заев и Филипче ќе останат на слобода, имаше обид за поткуп на Крмов по „струмичка линија“, вели Апасиев

Sase Ivanovski

Павловска-Данева: Сите партии претходно се согласиле дека „Балансерот“ е исцрпен во примената

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка

Sase Ivanovski

Зеленски три часа им го презентираше „планот за победа“ на шефот на НАТО и на британскиот премиер

Sase Ivanovski

Главниот проблем во јавниот сектор е недоволната компетентност и стручност, потребна е преедукација на вработените, вели Минчев

Sase Ivanovski

Косовец го подметнал пожарот во подрумските простории на Општина Тетово

Sase Ivanovski

Кривична пријава против 22-годишник за обид за убиство во тетовско

Sase Ivanovski

Што им е заедничко на Соња ТАТ и Конти: Ако еднаш те измамат, срам да им е, ако по вторпат те измамат, срам да ти е!

Sase Ivanovski

Кривична пријава за Фатмир Етеми за измама при работење со хартии од вредност во скопска банка

Sase Ivanovski

Совет на Европа: Во Бугарија нема свест за малцинските права, на Македонците да им се овозможи да се самоидентификуваат

Sase Ivanovski

Пет либански здравствени работници убиени во израелски воздушен напад

Sase Ivanovski

Ураганот Милтон ја пустоши Флорида, има жртви и прекин на струја за повеќе од 2 милиони жители

Sase Ivanovski

Од денеска започнува пријавување за вакцинација против сезонски грип

Sase Ivanovski

Стрип изложба во Скопје под името „Да ѝ дадеме шанса на инклузијата“

Sase Ivanovski

Студенти од Правниот факултет при Американскиот Универзитет на Европа- ФОН во посета на Уставниот суд 

Sase Ivanovski

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни со цел да се оттргне вниманието од нивната неспособност

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦАРИНСКИТЕ УПРАВИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ОДРЖАА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА ВО СОФИЈА

Sase Ivanovski

Кривична пријава за измама при работење со хартии од вредност

Sase Ivanovski

Соопштение од прес-конференција за Барање за гарантирање еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045

Sase Ivanovski

Уставниот суд ја објави Одлуката со која се укинуваат одредби од закони и подзаконски акти кои опфаќаат „припадност на заедница” при вработување во јавниот сектор

Sase Ivanovski

Филипче: Силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Герасимовски: Во заедничка акција со ПОЦ и МВР ги креваме хаварисаните возила кои со години узурпираат јавен простор

Sase Ivanovski

Свечено отворање на новата Волонтерска програма во Собранието

Sase Ivanovski

Учество на началникот на Генералштабот на состанокот на Иницијативата за соработка во одбраната

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ  СО БИН ХАМАД АЛ-ТАНИ, ВРШИТЕЛ НА РАБОТИ НА ДРЖАВАТА КАТАР ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Sase Ivanovski

Министерот Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари

Sase Ivanovski

Учество на началникот на Генералштабот на состанокот на Иницијативата за соработка во одбраната

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Дачиќ во Куманово: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона, одлична соработка меѓу двете полиции

Sase Ivanovski

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, за време на трите дена од продолжениот викенд (11.10.2024 година – 13.10.2024 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши со шпанскиот амбасадор Ортис

Sase Ivanovski

СДСМ: Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените немаат ефект

Sase Ivanovski

Велковски по повод 59 години од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје: Деинституционализацијата е успешна доколку продолжи грижата за децата и понатаму со понуда на различни социјални услуги

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ имаше јасен план за ЕУ интеграција, ВМРО-ДПМНЕ нема

Sase Ivanovski

Лефков: ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, што се однесува за бадентерот тој е Уставна категорија

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ОДБОР НА РЕВИЗОРИ ЗА НАТО

Sase Ivanovski

Судијата Павловска-Данева за Топ-тема: Сите партии претходно се согласиле дека „Балансерот“ е исцрпен во примената

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка

Sase Ivanovski

Герасимовски: Во заедничка акција со ПОЦ и МВР ги креваме хаварисаните возила кои со години узурпираат јавен простор

Sase Ivanovski

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење за Владата

Sase Ivanovski

Се „крчка“ Буџетот за 2025 година

Sase Ivanovski

НАСЛЕДИВМЕ БОРЧ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА, СЕ ОБИДУВАМЕ ДА ЈА СРЕДИМЕ ДРЖАВАТА Мицкоски им вети соработка на синдикатите и на работодавачите

Sase Ivanovski

Горан Минчев: Не е до натрупаноста, туку до стручноста, јавниот сектор врие од непрофесионализам

Sase Ivanovski

Хрватскиот евровизиски музичар Бејби Лазања за првпат доаѓа во Скопје!

Sase Ivanovski

Левица: „Брзите кредити“ со рекордни профити на грбот на најсиромашните

Sase Ivanovski

Сијарто: Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија

Sase Ivanovski

Три лица искасани од кучиња скитници во градот Скопје

Sase Ivanovski

Трендафилов: Работниците во Северна Македонија очекуваат раст на платите со забрзано темпо

Sase Ivanovski
Вчитувам....