Премиерот Христијан Мицкоски не смета дека е преседан неговата најава за протести доколку членовите на Судскиот совет не постапат соодветно одлуката на парламентарците кои им изгласаа недоверба и се инаетат. Тој смета дека со вчерашната изјава што ја даде, а ја повтори и денеска, дека може да се случи народ, не се врши упад во независноста на правосудството и додаде дека како претседател на Владата негова должност е да предупредува на последиците од однесувањето на членовите на Советот.
Прашан дали судиите од Судскиот совет на кои им беше изгласана недоверба ќе продолжат да земаат плата, Мицкоски даде потврден одговор велејќи дека така ќе биде се додека не заминат од функцијата, што е, како што рече, уште една причина за револтот кај граѓаните. „Ја чувствувам таа негативна вибрација кај граѓаните, гледам дека работата зоврива и дека можно е да се самоорганизираат и тоа може да бидат масовни протести. И тука сум веќе и јас загрижен бидејќи логично е да се грижиме за безбедноста на државата“ – додаде Мицкоски.