20.8 C
Скопје
16/03/2025 17:34
МАКТЕЛ

    

Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика по скратена постапка со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата, нема да дозволиме стандардот на граѓаните да биде загрозен

      

Почитувани,Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе биде практично регулирана од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија во неделите кои што следат, а која што ќе биде апликативна односно важечка од први јули заклучно со 31 декември 2024 година.

Во јавноста проструи информација дека истата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните, односно истата ќе биде зголемена.Како идна Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Но, исто така како идна Влада имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата за време на претседателските и парламентарните избори дека тие ќе бидат нашиот приоритет, стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет и како такви и како идна Влада имаме намера сериозно да се грижиме за стандардот на граѓаните.

   

И да не дозволиме истиот тој стандард поради ситни интереси на поединци да биде начнат односно загрозен.Во таа смисла група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска прво потпишан сум јас, доставивме до Архивата на македонското Собрание предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Што е всушност овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика? Тоа е всушност предлог закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен.

А, со овој предлог закон нема да се дозволи она кое што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија.Цениме дека со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка посебно домаќинствата кои што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А, исто така очекуваме и оние кои што влегуваат и во третата и во четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително односно да се движи помеѓу 1 и 2%.

Тоа е она што ние како идна Влада можеме да го направиме.Со други зборови нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата кои добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач. Сега би навлегол малку и во суштината, ќе ми треба и стручно објаснување, ќе се обидам на едноставен начин да сето тоа го доближам до вас, за да може на македонската јавност, на граѓаните да им биде појасно.Како се формира цената на електричната енергија? Цената се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената која за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која за своите услуги ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената која за своите услуги ја наплаќа ги наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.

Вие слушнавте во јавноста дека самата цена на електричната енергија која што ЕСМ поранешно ЕЛЕМ ќе ја доставува до компанијата која што е универзален снабдувач, официјално се уште таа цена не сме ја виделе, но слушнавме дека владата донесла одлука на една од седниците таа цена да се зголеми. Од тоа што можевме во јавноста да го слушнеме цената од 57 донеле одлука да ја зголемат на 60 евра за мегават час, ќе видиме дали е тоа така.

Но, бидејќи ние сме внимателни рековме дека наш приоритет претставуваат граѓаните и нивниот стандард, затоа  предвреме преземаме мерки со кои не би се случил овој ценовен шок, за потоа да имаме инфлаторна спирала која што ќе го начне стандардот на нашите граѓани.Да се вратам сега на формирањето на цената. Сите овие 4 собирока се множеа со коефициентот 1,115. Зошто со овој коефициент, затоа што тоа беше старата маржа која што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5%.

Откако истече тој рок односно од како истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Што правиме ние со овој закон, со овој закон всушност односно дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури и така натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти.

И истовремено упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија.

Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5% на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија.Ние сме влада која што е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните, така во овој период додека сеуште не сме официјално влада се однесуваме, така ќе продолжиме во иднина. 

А, ќе сториме се што е во наша моќ, во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од први јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа која што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија. На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни  бидат исклучиво важни граѓаните. Граѓаните направија тоа што требаше да направат сега, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните.

  

Најново

Таткото кој трагаше по ќерките низ болниците едната ја најде меѓу повредените, другата меѓу починатите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАМП НАРЕДИ НАПАД ВРЗ ХУТИТЕ, УПОТРЕБЕНА Е СМРТОНОСНА СИЛА Рубио го известил Лавров дека САД ќе почнат воена операција

Sase Ivanovski

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Возила од ИМП од Бугарија пристигнаа во Клиничкиот центар во Скопје

Sase Ivanovski

Лила Филиповска: Навикната бев да ви ги споделувам новите песни и спотови на ДНК со години наназад. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна, претажна вест

Sase Ivanovski

Владата донесе неколку одлуки – ќе се активира активирање на механизмот за барање на меѓународна помош

Sase Ivanovski

Дискотеката во Кочани имала блокирана банкарска сметка

Sase Ivanovski

Град Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани

Sase Ivanovski

Во живо: Тензии во Кочани

Sase Ivanovski

ТВ СТАР: Сопственикот на дискотеката Дејан Јованов – Деко се обидел да бега, но е уапсен

Sase Ivanovski

Откажани сите спортски настани во Македонија

Sase Ivanovski

Шкупи: Андреј Лазаров се задушил додека спасувал други животи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нова снимка покажува како горел објектот што се користел како дискотека

Sase Ivanovski

Вучиќ: И ги ставаме на располагање сите капацитети на Северна Македонија

Sase Ivanovski

М-р Сара Пројковска Николовска – придружен вокал во ДНК е меѓу загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОШКОВСКИ: 22 ЛИЦА СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА И ЌЕ СЕ ПРЕНЕСАТ СО АВИОН ВО СТРАНСТВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОШКОВСКИ: ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ОСОМНИЧЕНИ СЕ 25 ЛИЦА, ДЕЛ СЕ ПОЧИНАТИ ДЕЛ СЕ ВО БОЛНИЦА, ДЕЛ СЕ УАПСЕНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОШКОВСКИ: УАПСЕНИ СЕ ПЕТ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА И ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Sase Ivanovski

РФМ побара одложување на натпреварот со Словенија, ЕХФ не дозволи, мечот ќе почне со едноминутен молк

Sase Ivanovski

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Мицкоски разговарал со Руте, се размислува за активирање на НАТО системот за справување со несреќи

Sase Ivanovski

Папата Франциск испрати сочуство по повод трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Зеленски за несреќата во Кочани: Украина тагува со нашите македонски пријатели

Sase Ivanovski

Разговор Мицкоски-Руте: Можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи

Sase Ivanovski

ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници

Sase Ivanovski

Изгледа пиротехниката е дел од концертниот настап на ДНК, не од дискотеката. Слична сценографија и ефекти на претходен настап во Станица 26 минатата недела

Sase Ivanovski

По Србија, утре Ден на жалост и во Црна Гора!

Sase Ivanovski

ИНФОМАКС ОД КОЧАНИ: НЕМА ЧОВЕК ШТО ДЕНЕСКА НЕ ПЛАЧЕ ВО КОЧАНИ!

Sase Ivanovski

ЗНМ и СЕММ: Новинарите да се придржуваат до принципите на одговорно и хумано новинарство

Sase Ivanovski

ТЕЛМА ОБЈАВУВА: Андреј Ѓоргиески им подлегнал на повредите!

Sase Ivanovski

Андреј од ДНК им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Mомчиња пред кочанската болница: Дојдовме ако треба да помогнеме

Sase Ivanovski

Романскиот министер за здравство: Не правете ја нашата грешка, итно барајте помош од ЕУ!

Sase Ivanovski

Изјава на ПСРСМ Африм Гаши по повод немилиот настан во Кочани

Sase Ivanovski

МЗ: Пациенти одат на лечење во Бугарија, Турција и во Грција

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: 9 ПАЦИЕНТИ СО АВИОН ЗАМИНУВААТ ЗА ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани

Sase Ivanovski

Дискотеката „Пулс“ во Кочани што се запали ноќеска и во која загинаа 59 млади, а 155 беа повредени, работела со фалсификувана лиценца, дознава Плусинфо

Sase Ivanovski

Папата Франциск со порака на сочувство по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Активирани стручни тимови за кризна интервенција и психосоцијална поддршка за семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Сочувство од српското МНР по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МОН: семејствата на повредените кои се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите на неколку ученички и студентски домови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Што може да направи државата за да ги заштити жртвите на семејно насилство?

Sase Ivanovski

Единствена Македонија: Сочуство до семејствата на жртвите во Кочани, брзо закрепнување на повредените

Sase Ivanovski

Митровски за трагедијата во Кочани: Одговорност од директните виновници ќе се добие, но кој ги штител?

Sase Ivanovski

Таравари: Трагедијата што се случи во Кочани е поголема од секој збор, сочувство до семејствата

Sase Ivanovski

Лимани: Трагедијата во Кочани ги потресе срцата на сите нас, сочувство до семејствата на загинатите

Sase Ivanovski

Во пожарот во Кочани почина и Филип Стевановски

Sase Ivanovski

Осум пациенти се во моментот на аеродромот во Скопје и ќе се пренесат во болниците Пирогов во Софија и во Варна

Sase Ivanovski

Зекирија Ибрахими по повод трагедијата во Кочани: Институциите треба да го обелоденат случајот и одговорноста да се одреди точно

Sase Ivanovski

МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите на неколку ученички и студентски домови

Sase Ivanovski

Во овие тешки моменти на болка и тага Движењето ЗНАМ за наша Македонија изразува длабоко сочуство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Герасимовски: Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели

Sase Ivanovski

Лажни линкови за донација се шират на социјалните мрежи, по трагичната несреќа во Кочани

Sase Ivanovski

Поради тешката трагедија во Кочани, МНТ ги откажува претставите од 17 до 22 март 2025 година

Sase Ivanovski

Загинаа Филип Стевановски и Александар Коларов, клавијатурист и гитарист во ДНК

Sase Ivanovski

Калиопи, Каролина, Елена Ристеска: Македонските пејачки во шок и неверување изразија сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Почина Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи!

Sase Ivanovski

ХОТЕЛ КАРПОШ НУДИ БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ НА РОДНИНИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ДЕЦА ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Првите три пациенти од Клинички центар тргнаа со возила опремени за интензивна нега за болницата Папаниколау, Солун Наредните 1-2 сати ќе има Авио транспорт за Софија, транспорт за Србија…

Sase Ivanovski

Траорно е во кочанската болница – родители тагуваат, други во неизвесност за децата

Sase Ivanovski

(Видео) Сиљановска за Инфомакс: Сочувство до семејствата на загинатите – Сите соседни држави понудија помош!

Sase Ivanovski

Владата прогласи седум дена жалост за трагедијата во Кочани, ќе следи вонредна инспекција на сите дискотеки

Sase Ivanovski

СРБИЈА ИСПРАТИ 14 ЛЕКАРИ И 5 ВОЗИЛА ЗА ИТНА ПОМОШ Повредените ќе се згрижуваат во Нишката болница и во ВМА

Sase Ivanovski

МОЛИТВИ ОД МПЦ ЗА ЗАГИНАТИТЕ И ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ „Нажалена Македонијо, утеха нека ни биде верата“, порача поглаварот Стефан

Sase Ivanovski

Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун

Sase Ivanovski

Во Министерството за надворешни работи формиран кризен штаб за координирање со надлежните институции за несреќата во Кочани

Sase Ivanovski

Видео: Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни со изгореници од втор степен

Sase Ivanovski

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Sase Ivanovski

Во живо: Изјави на директорот на Градска болница Настов и претседателот на Собранието Гаши за повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

СО 3 ВОЗИЛА ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЌЕ СЕ ВРШИ ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ Тешко повредени од КАРИЛ ќе одат на лекување во соседна земја

Sase Ivanovski

ЦРВЕН КРСТ ОТВОРИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ Се собира помош за настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Почина тапанарот на ДНК од Струмица

Sase Ivanovski

Вучиќ изрази сочуство до Силјановска – Давкова за трагедијата во Кочани: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови

Sase Ivanovski

Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

ГАРАНТИРАМ БРЗА ИСТРАГА, ЌЕ СЕ УТВРДАТ ПРИЧИНИТЕ И ОДГОВОРНОСТА ЗА ПОЖАРОТ Увидот е во тек, се сослушуваат повеќе лица

Sase Ivanovski

„ЕВРОПА ТАГУВА СО ВАС НА ОВОЈ ТРАГИЧЕН ДЕН“ Највисоките претставници на ЕУ изразија жалење за жртвите

Sase Ivanovski

ВТОРНИК, ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО СРБИЈА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Српската влада утре ќе донесе одлука

Sase Ivanovski

Ре-Медика ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ВИДЕО: МВР синоќа вршеле контрола во изгорената дискотека и не го прекинале концертот

Sase Ivanovski
Вчитувам....