Најглавната задача на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде економска обнова и борба за повисок животен стандард на граѓаните, вели Христијан Мицкоски во интервјуто за Магазинот за туризам и менаџмент.Мицкоски истакна дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да влијае на зголемувањето на економската моќ на граѓаните.
За таа цел, мора да се влијае на зголемувањето на економската моќ на граѓаните, мора да е работи на повисоки примања. Она што сега им го прави власта на пензионерите е недостоинствено, а тие најдобро ги чувствуваат последиците од лошото владеење и од падот на економијата. Во периодот од 2017 до 2023 година растот на БДП на жител во Македонија е само 20%, кај сите други држави од регионот е 50%, а некаде и над тоа. Додека Македонија има раст од 20%, во Србија растот е 50%. За истиот период, во Бугарија БДП на жител се зголемил 64%. Во Албанија, во периодот од 2017 до 2022 година БДП на жител пораснал 52%. Власта лажеше дека инфлацијата е увезена, а сведоци сме дека имаме 50% поголема инфлација од еврозоната, рече тој.
Претседателот Мицкоски нагласи дека во делот на економијата владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира низа на проекти кои ќе го вратат достоинството на граѓаните.