19.2 C
Скопје
14/05/2025 15:15
МАКТЕЛ

     

МИЈАЛЧE МИКИ МИНОВ, РЕНДГЕН ТЕХНОЛОГ: ВО МАКЕДОНИЈА НЕ МЕ ВРАБОТИЈА, ВО АНГЛИЈА СТАНАВ ШЕФ ВО ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ БОЛНИЦИ НА СВЕТОТ

      

Мики Минов е врвен, македонски, а светски признат рендген технолог, со лична приказна што ја сублимира клучната болка на македонското здравство – партизацијата: „Наместо мене примија кандидат без ден работно искуство, ама активен партиски член. Директорот беше искрен – ми рече: „Мики, партијата така ми нареди, ќе има наскоро нови вработувања, ама мораш прво да се зачлениш“, вели тој. Мики не станал партиски член. Се отселил во Лондон. Се вработил во Imperial College Hospital (една од најдобрите сто во светот) и за четири години станал шеф на одделението за магнетна резонанца. Сега се врати во родната земја. Се приклучи на Граѓанската сила – „Замисли“ и додека многумина му се чудат на умот што од таква позиција и од таков среден систем решил да дојде назад, тој со насмевка вели: „Предизвикот е дома. Џабе сме успешни надвор, ако не се вратиме да си ја средиме земјичката“. Прочитајте ја приказната на Мики.

-Раскажете го Вашето искуство со македонскиот здравствен систем? Мојот почеток на кариерата беше многу неславен. Добив некој чуден работен “договор на дело” при што добивав пола плата за цело работно време а притоа немав никакво здравствено ниту пензиско осигурување. Кога тој договор требаше да премине во постојан работен однос, на конкурсот беше примен кандидат кој дипломирал пред повеќе години, немаше ниту еден ден работно искуство, но беше активен партиски член. Директорот на болницата беше многу искрен и ми кажа дека за овие вработувања одлучува партијата и дека ако станам активен член, ќе има уште вработувања наскоро и така ќе добијам шанса. Многу се разочарав, но останав посветен и не се откажав. За среќа тогаш приватните здравствени установи започнаа да инвестираат во модерна опрема и понудија шанса на многу квалитетни здравствени работници.

   

Потоа Вие заминувате за Лондон. Како се одвиваше Вашиот професионален напредок таму …Фрустрацијата од нашиот несистем ме тераше постојано да барам алтернатива. Во Македонија системот има “плафон” и развојот е лимитиран. Исто така системот е селективен, нееднаков и квалитетот не е мерило. Имав неколку опции. Англија беше идеална шанса, затоа што нуди широки професионални можности За разлика од нашиот систем, англискиот знае да вреднува и наградува. Токму затоа имав многу брза прогресија во мојата кариера.

Се вработив во болницата “Charing Cross” која што е дел од Imperial College (рангиран во топ 100 во светот),  институција која што поставува стандарди на светско ниво, референтен центар за многу дијагностички процедури и третмани кои за прв пат се изведени таму. Имав колеги буквално од целиот свет, најмногу Англичани, се разбира. Преку мојот труд и карактерни особини успеав да се наметнам како лидер и многу скоро бев промовиран во менаџер на Одделот за магнетна резонанца. Сето тоа се случи некако природно, многу лесно, без посебен притисок. Луѓето од управата го препознаа мојот квалитет и така станав дел од менаџерскиот тим.

Бев директно одговорен за квалитетот, безбедноста и воведувањето на нови дијагностички процедури, селекцијата и изборот на кадарот

Во  Англија ниту јас ургирав за да се вработам, ниту потоа мене како шеф некој некогаш ми ургирал

-Може ли да направите споредба на двата системи – македонскиот и британскиот? Вие таму имате искуство од обете страни – ем сте биле пријавен на конкурс, сте се вработувале, ем подоцна, после Вашиот напредок сте биле во позиција и да оценувате кандидати.

Многу е тешко да се спореди. Тоа што таму е нормално, кај нас е невозможно. Во Македонија нема процес. Не постои селекција, освен негативна

NHS – jавниот здравствен систем во Англија е можеби најорганизиран во светот. Брои повеќе од 1 милион вработени и има перфектна хиерархија.

Самиот процес на вработување, од апликација, преку селекција, до избор на успешен кандидат за работа е многу транспарентен. На секој му се дава шанса. Не постои партијата, нема дискриминација по етникум, раса, пол, вера, политички гледишта, сексуална ориентација. Единствена референца е квалитетот. Нема притисок при изборот. Се спроведува интервју од комисија каде сите имаме исто право на глас и од највисоко рангираните апликанти се бира – најдобриот.

-Дали некогаш сте имале некаков притисок таму и дали воопшто некој ги земал предвид Вашите политички ставови?

Во работната средина нема место за наметнување политички ставови. Секој си ја гледа својата работа

Никој никогаш не ми се јавил за препорака или врски при вработување, ниту пак кандидатот што сум го избрал бил подложен на понатамошен ветинг. Тоа е така затоа што процесот е јасно утврден, многу транспарентен и сите имаат доверба во системот.

Секој неуспешен кандидат добива фидбек, му се укажува на одредени слабости и му се даваат насоки како да ги подобри. На тој начин тој точно знае зошто е одбиен и нема место за сомнеж или незадоволство

Морав да се вратам – предизвикот е дома

Сепак решавате да се вратите во Македонија. Зошто?

Предизвикот е дома. Тука е и најубаво и најтешко истовремено. Треба малку добра волја и многу работа. И работите ќе почнат да се менуваат

Ми недостига чувството на слобода и независност што ја пружа англискиот систем, но се надевам и ние конечно ќе созрееме како општество и ќе се ослободиме од предрасудите и партиската матрица.

Што е она што е главна болка на нашиот здравствен систем, во мноштвото на проблеми?

Партизацијата. Нашиот здравствен систем е како пирамида, длабоко партизиран на секое ниво, а на крај партискиот шеф одлучува. Партискиот штаб решава кој ќе се вработи и дали еден експерт понатаму ќе се развива. Со тоа директно ја афектира квалитетната здравствена услуга на своите граѓани.

Се додека не се воспостават јасни стандарди на селекција при вработување и одговорност при грешка, нема да се подобри ништо.

Треба да се работи и на етичките и морални норми многу повеќе. Некако тој неморален момент на партиско вработување, се провлекува и понатаму во кариерата на одредени здравствени работници. Тие имаат обврска кон партијата, се однесуваат непрофесионално кон колеги кои не се согласуваат со нивните политички ставови, не го почитуваат етичкиот кодекс на однесување кон пациентите и работното место, а често се и корумпирани.

Партиите мораат да се одважат, да покажат зрелост и да дозволат луѓето да се натпреваруваат меѓу себе, ама по фер правила. Само така ќе генерираме квалитет и ќе изградиме нормален здравствен систем.

„Замисли“ е прва иницијатива каде се приклучувам – препознав вистина!

-Активист сте на Граѓанската сила – Замисли, велите прв пат се приклучувате кон граѓанска иницијатива. Зошто е важно граѓаните да се активни и да не остават само на партиите да се занимаваат со политика?

Сите ние сме одговорни за средината во која живееме и мораме да бидеме активни во креирањето на политиките. Тоа е нашата општествена обврска. Со гласот на избори не сме завршиле работа. Баш напротив, треба активно и постојано да се притискаат тие што се избрани да владеат. Мора да има меритократија, мора да се избришат поимите “ваши” и “наши”. Мора јасно да се определи каде застанува партијата и каде започнува “натпреварот”

Во светот промените ги носат граѓанските организации, работничките здруженија и синдикатите. Без нивниот притисок политичките партии комотно си владеат и не тежнеат кон промени

“Замисли” е нешто различно, вистинско, особено во поглед на желбата за системски промени, без притоа да се очекува нешто за возврат, особено не политичка функција

Луѓето што ги запознав овде се исклучителни професионалци со висока морална свест. Повеќето никогаш не се бавеле со политика, но докажани се во својата област и сакаат преку реални проекти да поттикнат промени. На партиите би им било политички скапо, доколку ваквите проекти кои се од општ интерес на сите граѓани не ги поддржат.

   

Најново

Ахмети: ДУИ ќе ја брани Кичево, албанските кадри ќе продолжат да управуваат

Sase Ivanovski

Косовец обвинет за сајберкриминал екстрадиран во САД

Sase Ivanovski

Апелација го осудила без да го извести за седница – зошто Врховен ја укина пресудата на Јованов за дрога?

Sase Ivanovski

Полска откри обид за мешање во претседателските избори, Германија уапси тројца руски шпиони

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Фетаи покажа добро владеење кон Мицкоски, во вторник Таравари ќе се збогува со функцијата

Sase Ivanovski

Жители на Шутка се жалат на градскиот превоз: Нема доволно 19-ки, не можеме ни да појдеме ни да се вратиме од работа

Sase Ivanovski

Мицковски незнаел дека има големи поскапувања но ако се уверел ќе воведел мерки до крајот на годинава

Sase Ivanovski

17 ученици од 4 одд. од ОУ Јан Амос Коменски не одат на настава поради насилен соученик

Sase Ivanovski

Нова дигитализација во ОКТА за уште поефикасна контрола на квалитетот на горивата

Sase Ivanovski

Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Уапсен е охриѓанец, возел со 1,54 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Урсула фон дер Лајен е прогласена за виновна – аферата „Фајзергејт“ ја тресе Европа

Sase Ivanovski

Се одржа првото евровизиско полуфинале, Шведска е фаворит во обложувалниците!

Sase Ivanovski

СДСМ: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница

Sase Ivanovski

СДСМ: Во угостителски објект во Прилеп фрлена е бомба, бараме разрешување на началникот и командирот

Sase Ivanovski

Левица тврди дека Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив“, која добила сомнителен тендер од МРТВ

Sase Ivanovski

Спасовски: Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудството ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Инјектирани нови 41,2 милиони евра во домашната економија, исплатена третата транша од унгарскиот заем наменет за компаниите

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Sase Ivanovski

Владата не размислува да ги намали цените на патарините, туку како подобро да ни ги наплати!

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини францускиот претседател Макрон дека „застанал“ со Хамас

Sase Ivanovski

Обвинувања за „бугарски воз“ на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

Одбранбените линии кај Покровск под притисок – Украина во тешка позиција

Sase Ivanovski

Супстанца што предизвикува рак на бубрезите откриена во овошје од Шпанија

Sase Ivanovski

ЕУ: Намалување на илегалните влегувања на мигранти од почетокот на 2025 година

Sase Ivanovski

Им се расипа ли дигитронот? Сè уште не се знае кој е најрепрезентативниот синдикат во земјава!?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за главниот инспектор на Одделение за лично обезбедување на министри поради лажирање на работни часови

Sase Ivanovski

Сиљановска не успеа да го искористи политичкиот капитал

Sase Ivanovski

Иран би можел да создаде нуклеарен конзорциум со земјите од Заливот

Sase Ivanovski

Папата Лав XIV повика на дијалог за мир: Оружјето мора да замолчи

Sase Ivanovski

Увозниците на месо го уништија српското свињарство

Sase Ivanovski

Десетици жени и деца загинаа во нов бран израелски напади во Газа

Sase Ivanovski

Бугарската Влада ги батали државните продавници со евтина храна

Sase Ivanovski

Албански државјанин се обидел да прошверцува 412 литри гориво од Македонија во Албанија

Sase Ivanovski

Ја води ли Виктор Орбан Унгарија кон диктатура?

Sase Ivanovski

Русија се уште не потврди дали Путин ќе се сретне со Зеленски во Истанбул

Sase Ivanovski

Најмалку 16 повредени во украинскиот напад врз Белгордската област

Sase Ivanovski

Киев: Русија се подготвува за голема офанзива

Sase Ivanovski

ЕК: Внимателно ќе ја проучиме одлуката на Судот и ќе решиме за следните чекори

Sase Ivanovski

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

Sase Ivanovski

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Sase Ivanovski

СДСМ: Сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци се новите специјализанти во Клиничката болница – Штип

Sase Ivanovski

Адвокатката Јошевска-Анастасовска: Наместо врескање кога треба и не треба, со ладна глава да се види каква е праксата во ЕУ за несреќи со смртни последици

Sase Ivanovski

Изборот на нов гувернер на Народната банка на 20 мај на пленарна седница, ќе се испочитува рокот, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Трамп: Незнам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција

Sase Ivanovski

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…

Sase Ivanovski

Попладнево протест за Фросина: Тодор Кулаков обвинува за криминален инженеринг

Sase Ivanovski

Ниту еден судија од Велес не прифатил привремено да суди во Кочани, Судскиот совет ја избра Емине Калач

Sase Ivanovski

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Sase Ivanovski

Малолетен пешак прегазен во Скопје

Sase Ivanovski

Макрон: Франција е подготвена да распореди нуклеарно оружје низ цела Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција, во прашање се денови

Sase Ivanovski

Мицковски- Сите кандидати за гувернер се вонсериски ,на 20 ти овој месец во парламентот ќе биде избран новиот

Sase Ivanovski

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во посета на Кочани.

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ!

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: На виралното видео Макрон не крие „ќесичка кокаин“ туку обично хартиено марамче за нос

Sase Ivanovski

Вистиномер: Измислен цитат му се припишува на Фидел Кастро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата инвестира во здравството и образованието, се градат нови патишта и спортски сали

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Ристески: Таравари се враќа во прегратките на луѓето кои го осакатија државниот буџет во изминатите години

Sase Ivanovski

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

Sase Ivanovski

Студио 10 – Разговор со Златко Перински

Sase Ivanovski

Петрушевски: Нема среќа врз туѓа несреќа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најдобрата работа е да бидеш зафатен…

Sase Ivanovski

Какви се цените на ист производ кај нас, во сосдеството и ЕУ?

Sase Ivanovski

ВРХОВЕН НА 7 МАЈ ЈА УКИНАЛ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ВАСИЛ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА Возачот што ја усмрти Фросина немал правосилна пресуда против него како отежнителна околност

Sase Ivanovski

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, некои Европејци забораваат кои биле лошите момци…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арапски коњи ја придружуваат поворката на Трамп по пристигнувањето во Саудиска Арабија со Илон Маск…

Sase Ivanovski

Папата Лео, во првиот познат разговор со странски лидер, разговара со украинскиот Зеленски…

Sase Ivanovski

Индија го прекина молкот откако авионот Рафал, наводно, бил соборен од пакистански ловец од кинеско производство…

Sase Ivanovski

Прекрасната канцелариска зграда „Ананас“ во Синисело Балсамо, во близина на Милано, Италија…

Sase Ivanovski

Моника Марвез: Мажите никогаш не се менуваат…

Sase Ivanovski
Вчитувам....