Изборите завршија. Народот со 560 000 гласови, убедливо, изгласа повозрасна женичка, професорка на УКИМ, за претседател на државата. И жената пробува сега да си фати ритам во професија и функција за која нема школо, тоа е еден организиран хаос 24/7, каде не знаеш каде ти е главата а каде газот, од авион во лимузина, од лимузина се ракуваш со човек што прв пат го гледаш, камери трештат на сите страни, одиш на конференции, трчаш да го стигнеш главниот даса да се ракуваш и да лобираш нешто за твојата државичка…
Сето тоа е еден безмилосна мелница која те меле на ситни парчиња. Разбирам дека политиката е поларизирачка и емоционална работа, но деновиве Сиљановаска е мета на една брутална сурова злобна црна кампања каде секој нејзин најбанален потег се исмејува, спинува, извртува, со толкава доза на омраза и отров, небаре жената е Адолф Хитлер или Путин?!?!
Зошто? Што не ја оставите малку на мира, да се навикне да новата позиција, дајте и неколку месеци, и после да почнеме да дебатираме да анализираме па и да критизираме, но ова толку рано одма на ѓон ми е многу ниско и искрено дури ми се гади од тоа ниво на отров кон женава… Таа реално нема направено ниту еден потег за да предизвика таква омраза, ова покажува колку е ниското ниво на демократска култура во земјава и тоа важи за двете страни и за левицата и за десницата во земјава…
Да не се разбереме погрешно, чантата и беше многу смешна на сликата со Шолц и Зеленски, ама се случуваат такви грешки, таа за прв пат после 30 години е на таква одговорна функција и жената е малку во години, тешко ќе и оди да се снајде, но тие години па си носат стабилност и други предности, на пример нема да трча по некои женски додека камерите не ја снимаат како некои досегашни претседатели, нема да се труе со алкохол до смрт итн итн… Нејзиниот шарм на симпатична бабичка ќе го омекне срцето и на нашите најголеми душмани во регионот и светот… Се си има про и контра…