7.8 C
Скопје
15/09/2024 09:43
МАКТЕЛ

     

Младите си одат од Северна Македонија: „Во оваа земја не живееме, туку преживуваме”

     

Порталб.мк спроведе анкета за заминувањето на младите од Северна Македонија. Од 134 анкетирани кои одговорија на анкетата, 22 млади рекоа дека веќе ја напуштиле државата, а од преостанатите 112 кои сè уште се наоѓаат во РСМ, 67 планираат да заминат. Причините за заминување се најразлични, но меѓу главните кои ги набројаа младите се корупцијата, политизацијата, непотизмот, здравството, ниските плати и стандард и други. Млади за Порталб.мк раскажаа за своите лични искуства. Бројката на млади луѓе кои ја напуштаат нашата држава е алармантна. Родителите со солзи во очите секоја година ги чекаат и ги испраќаат своите деца. Младинските организации и социолозите предупредуваат: Ако надлежните не најдат решение, тогаш ќе останеме без младина. Министерството за социјална политика, демографија и млади вети план за враќање на младите во татковината со понуда на поволни услови.

 

 

Анкета на Порталб: Младите си заминуваат

  

Од 5 до 26 август 2024 година, Порталб.мк спроведе анонимна анкета за заминувањето на младите од Северна Македонија. Анкетата беше исклучиво наменета за возрасната група од 15 до 35 години.

На анкетата одговориле вкупно 134 лица од оваа возрасна група, од кои 85 лица од машки пол, а 49 од женски.

Од вкупно 134 анкетирани, 22 млади луѓе веќе си заминале од земјава, а од останатите 112 кои сè уште се во Северна Македонија, 67 планираат да заминат.

Со исклучок на еден од анкетираните лица, сите други анкетирани имаат членови на семејството или пријатели кои си заминале од нашата земја.

Половина (11) од оние кои веќе ја напуштиле државата, тоа го направиле поради економски/финансиски причини, а другите (11) поради подобар стандард и подобри услови за живот.

Сепак, преселувањето во друга земја било проследено со разни предизвици. Деветмина се соочиле со финансиски предизвици, 4 со јазични предизвици, 3 со неприфаќање од локалното население, 2 со бирократски предизвици и 4 со други предизвици.

Но, и покрај овие предизвици, најголем дел од нив (15) се изјасниле дека се презадоволни од живеењето во местото каде што се преселиле, а само 7 од нив не се толку задоволни од животот во земјата каде што се преселиле.

Од 22 млади кои ја напуштиле државата, само 6 размислуваат да се вратат во РСМ, а останатите 16 не ни помислуваат на тоа.

Од вкупно 134 анкетирани, 98 сметаат дека заминувањето на младите од РСМ станало тренд, додека други 36 го мислат спротивното.

Инфографик: Фисник Џелили/Порталб.мк

“Не е толку тешко заминувањето, колку што е животот во Северна Македонија”

Анкетираните млади го споделија со Порталб.мк и своето искуство при заминувањето и со предизвиците со кои се соочиле. Во продолжение ви пренесуваме дел од одговорите.

„Никој не сака да го напушти семејството, куќата и местото каде што растел, но условите за живот (не секогаш се поврзани со економските услови), не ти оставаат друг избор. Многу брзо се адаптирав, во странските земји имаш повеќе можности, а што се однесува до нашата земја, ако немаш школо и познанства ни кучињата нема да те изедат“.

„Воопшто не е тешко, Европејците се одлични домаќини“.

„Преселувањето беше сериозен предизвик и бараше многу посветеност за да се прилагодиме на новата средина, особено за да го научиме јазикот“.

„Беше многу тешко да се остави семејството и да се замине во туѓина, но немаме што да правиме, такви беа условите во РСМ“.

„Заминувањето не е толку тешко колку што е тежок животот во Северна Македонија. Бројни предизвици, гостопримство не можеме да кажеме дека сме имале“.

„На потешкотии наидовме уште од самиот почеток, сè уште имаме потешкотии со локалното население, повеќе поради религијата и нацијата на која припаѓаме.“

„Многу е полесно во Германија отколку во РСМ“.

„Копнежот по семејството ни го крши срцето. Околината ме прифати добро, таму каде што живеам луѓето се добродушни. Единствениот проблем е германскиот јазик, но познавањето на англискиот ми помогна многу“.

Меѓународниот аеродром Скопје / Фото: Фисник Џелили, Порталб.мк

„Во РСМ не живееме, туку преживуваме“

Младите кои се изјасниле дека не заминале од земјава, но кои планираат да си заминат, раскажаа зошто сакаат да го направат тоа. Здравството, политиката, корупцијата, образованието, невработеноста, животниот стандард се само дел од причините поради кои младите сакаат да ја напуштат државата. Еве дел од нивните одговори:

„Во последно време станавме жртви на раскинување на договорите за вработување, и ситуацијата и политичките околности во последно време нè демотивираа и ги оставија на улица токму најдокажаните работници кои вложија најголем труд да ги задржат истите работни позиции кои ни беа понудени и доверени дури и со договори на дело и за многу ниски плати. Затоа, најдобро е да се обидеме да си заминеме од оваа земја и да бидеме ценети некаде далеку за вредностите што ги поседуваме, и можеби токму тогаш ќе ни аплаудираат за нашите достигнувања“.

„Корупција, узурпација на работни места од луѓе кои не се адекватни. Притисокот што ти се прави за едно работно место, за гласови вработија неспособни луѓе на разни позиции во образованието и здравството, затоа не може да има една подобра иднина за нашите деца овде“.

„Мизерните услови на работното место, мобингот, лошите услови за живот, политизирањето на образованието, здравството и сè останато“.

„Начинот на кој функционира државата, здравството е -100, јавните услуги катастрофа, екстремно високите цени на производите во однос на платите – едвај успеваме да го стигнеме крајот на месецот, екстремната политизација на институциите, корупцијата, скандалозното судство, исклучително слабата инфраструктура, накратко, овде само преживуваме, а не живееме“.

Податоците од ДЗС загрижувачки

И додека автобуските станици и аеродромите се преполни со млади луѓе кои ја напуштаат земјата, официјалните податоци на Државниот завод за статистика од базата на Макстат што ги анализираше Порталб.мк покажуваат дека од 2014 до 2023 година од Северна Македонија се иселиле 3.353 млади луѓе (на возраст од 15-34 години). Како што може да се види од бројките, бројот на оние што заминуваат значително е зголемен од 2019 година наваму.

Сепак, се верува дека оваа бројка е многу поголема.

Проблемот со иселувањето на младите од Република Северна Македонија го истакнува и извештајот „Миграцијата во Република Северна Македонија, профил на земјата, 2021“ на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Инфографик: Албина Рамадани / Порталб.мк

„Каменот тежи на своето место, но не и во Македонија“

Порталб.мк разговараше и со неколку млади луѓе, и тие размислуваат да ја напуштат државата.

Адурим Асани вели дека секој ден сè повеќе луѓе ја напуштаат државата поради невработеност, нискиот животен стандард, високите цени на струјата, семејната кошничка, немањето основни услови за младите, минималните и просечните плати кои не се доволни за да преживеат и да живеат достоинствено во РСМ.

„Генерално, недостига перспектива на секое поле. И покрај тоа што здравството и образованието треба да бидат примарни за една држава, не им се придава никакво значење и не се прават потребните инвестиции. Исто така, стравот предизвикан од ниските примања и несигурноста на работните места нè тера нас младите да бараме надеж и алтернативи во поразвиените земји. Македонија не е толку надежна, а ако сега не се преземат мерки за средување на образовниот и здравствениот систем, не се зголемува минималната плата како во европските земји, не се намалуваат цените на струјата и основната храна, не се понудат подобри услови за младите генерации, секој млад човек ќе си замине“, вели Асани.

Леонора Муртезани, која пред три години ја напушти земјава, вели дека не помислува да се врати назад.

„Социјалните мрежи многу влијаат на нашето заминување од земјава, бидејќи ние младите гледаме како живеат таму, и условите што ги имаат уште од нивната 20-та година. Речиси три години живеам во Европа и никогаш не помислувам да се вратам во Македонија, бидејќи сè уште немаме основни услови, а не можеш да најдеш работа без член од семејството да ти се занимава со политика“, вели Муртезани.

Од пет деца, ниедно во РСМ

Неџмедин Исуфи е родител на пет деца – сите ја напуштиле државата за подобар живот. Тој за Порталб.мк изјави дека копнежот по децата е празнина што не се пополнува лесно.

„Ние постарите сега имаме поголема потреба за нив, за нивното присуство, нивните гласови во куќата и за секојдневните моменти кои ги имавме заедно, ми недостигаат многу. Како родител се трудам да бидам силен и да наоѓам утеха во нивните телефонски повици и пораки, но не е исто како да си до нив, да ги гушкаш и да ги гледаш со свои очи. Знам дека иселувањето е тежок избор за нив, но беа принудени да ја напуштат земјата за подобар живот, бидејќи тука нема иднина“, рече Исуфи, кој се надева дека еден ден во РСМ ќе биде подобро.

Младински организации: Невработеноста е една од главните причини за иселување

Енис Мифтари, претседател на организацијата Center for Youth Education and Mediation (CYEM) од Гостивар, вели дека многу млади луѓе ја напуштаат државата поради тешките економски услови со кои секојдневно се соочуваат.

„Големата невработеност и немањето можности за добро платена работа ги принудува да бараат подобри можности во странство. Одлуката за иселување е избор направен од желбата за подобар и финансиски посигурен живот. Тешката економска состојба, недостатокот на стабилност и зголемените трошоци за живот создаваат една безнадежна клима за личен и професионален развој и напредок во земјата. Други фактори кои влијаат на оваа масовна емиграција се корупцијата и неспроведувањето на законот“, вели Мифтари.

Енис Мифтари, претседател на организацијата Center for Youth Education and Mediation (CYEM) од Гостивар / Фото: лична архива

Социолози: Неизвесност и губење на довербата во институциите

Разговаравме и со двајца социолози – Али Пајазити и Дрита Мемети, кои се и универзитетски професори и во исто време се во постојан контакт со младите.

Пајазити вели дека ако продолжи трендот на иселување на младите или одливот на мозоци, Северна Македонија ќе се претвори во „демографска пустина“.

„Во првата категорија се економијата во криза, невработеноста, партиско-центричните политики, нефункционалното судство, непочитувањето на меритократијата, несигурноста, лошата состојба на здравството, дефетистичката општа социјална клима („оваа земја не ја бива, нема друг спас освен заминувањето“, сликата на „овците“, каде што оди првата, одат и сите други). Како атрактивни фактори се повисоката плата, економската сигурност, функционалниот социјален лифт (најдобриот достигнува највисоко), поголемите можности за самоостварување, повисоката култура во повеќето општествени сфери (од екологијата до сообраќајот) и други. Како фактор што најмногу ја тера младата популација да замине од овде е „менталното насилство“ кое го вршат централните и локалните политички лидери кои ги унапредуваат полтроните, а не најдобрите, економскиот криминал кој финансиски ги афирмира крадците и кој создава газди од сиромашните, кои ги занемаруваат најдобрите ученици/студенти или ги игнорираат на најбезобразен начин и со тоа ги превртуваат вредностите наопаку“, вели Пајазити.

Али Пајазити / Фото: Порталб.мк

Мемети, пак, нагласи дека поради вработувањето врз основа на непотизам, познанства и клиентелизам, недостигот на меритократија и немањето перспектива, младите баратели на работа губат верба во институциите во земјата и се одлучуваат да ја напуштат оваа земја.

„Младоста е период отворен кон промени и кон иднината. Во текот на оваа животна фаза, поединците имаат можност да ги подобрат своите животи барајќи подобра можност за образование или вработување, да остават зад себе систем каде што не се чувствуваат безбедни и каде што нивните права и слободи не се секогаш земени предвид. Ако РСМ по изготвувањето на стратегиите за миграцијата не преземе конкретни чекори за промена на условите за живот, трендот на миграција на младите нема да престане и државата ќе се соочи со стареење на населението, пад на наталитетот и одлив на мозоци“, смета Мемети.

Дрита Мемети (социолог) /фотографија од нејзината приватна архива (преземена со дозвола)

„План за враќање на младината“

Северна Македонија до јуни годинава ја имаше Агенцијата за млади и спорт, која беше укината, и делот за младите стана дел од новото Министерство за социјална политика, демографија и млади.

За заминувањето на младите Порталб.мк разговараше со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Тој вели дека подготвуваат план за враќање на младите во татковината што ќе понуди поволни услови.

„Направивме една длабока анализа за масовното заминување на младите од државата. При оваа анализа наидовме на бројни случаи кога млади професионалци конкурирале за позиции во институциите, но поради досегашните практики каде што политичките партии на претходните влади фаворизираа партиски милитанти, овие професионалци не биле земени предвид. Ова доведе до губење на довербата во институциите и како резултат на тоа многу млади луѓе одлучија да бараат подобри можности во странство. Посветени сме да ја промениме оваа состојба и да ја вратиме довербата на младите во нашите институции“, изјави Лимани.

Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади / Фото: лична архива

Инаку, граѓанскиот сектор и меѓународната заедница веќе подолго време алармираат за овој проблем, но државните институции продолжуваат да седат со скрстени раце.

 

Најново

Како Македонија може да фати чекор со дигиталната револуција

Sase Ivanovski

Трчај бе: Како една трка стана полигон за креативци и визија за новите генерации дизајнери

Sase Ivanovski

СДСМ: Дипломатски дебакл на Сиљановска во Софија

Sase Ivanovski

Сиљановска ќе бара објаснување од Радев за знамето: Ваков чин не беше предвиден

Sase Ivanovski

Решенијата со Бугарија не се на дофат на раката

Sase Ivanovski

Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак

Sase Ivanovski

Медведев: Русија може да употреби нуклеарно оружје ако „го загуби трпението“

Sase Ivanovski

Левица: Сиљановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

Sase Ivanovski

Случај Крмзов: Обвинувања за шверц, долгови кон УЈП и блокирани банкарски сметки!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поплави во Европа: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани се стотина граѓани

Sase Ivanovski

По инцидентот на небото над Скопје, се огласи ЗКЛМ: Не станало збор за заташкување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дурмиши: ССМ да не брза, покачување на минималната плата ќе има, но мора да се слушне и бизнис секторот

Sase Ivanovski

Коцевски оцени дека акцијата за даночна измама и перење пари била успешна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трендафилов: Во Европа 60-70% оди за плати, кај нас 10% од профитот е за работниците, 90% за луксузирање на газдите

Sase Ivanovski

Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Sase Ivanovski

Црквата во Лерин не била срушена затоа што имала македонски натписи

Sase Ivanovski

Папата Франциск смета дека американските гласачи треба да изберат помеѓу „помалото од двете зла“

Sase Ivanovski

УКИМ ги усогласува давачките: Повисоки трошоци за дел од студентите со дигитализацијата

Sase Ivanovski

Оваа година, Браќа Манаки ќе прикаже врвни филмски проекции и ретроспективи, и ќе понуди и можност за посветени дискусии и работилници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: НЕ ЗНАМ ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП, БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ БЕЗБЕДНИ

Sase Ivanovski

Погледнете колкава редица за новиот IPHONE16

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Часови по готвење за данските ученици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кејт Мидлтон го заврши третманот со хемотерапија: „Не можам да ви кажам какво олеснување е тоа“

Sase Ivanovski

Во израелско бомбардирање на Газа загинаа 14 лица

Sase Ivanovski

Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина

Sase Ivanovski

Ким Џонг Ун и Сергеј Шојгу најавија поголема соработка за одбрана на „заедничките безбедносни интереси“

Sase Ivanovski

СВР Битола поднесе пет кривични пријави за пожари

Sase Ivanovski

Приведен прилепчанец затекнат при кражба во викендица

Sase Ivanovski

Русите со дронови ја нападнаа одеса, под закана се и други украински градови на брегот на Црното Море

Sase Ivanovski

Формирано ново одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје

Sase Ivanovski

САД и Британија не и дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел

Sase Ivanovski

Како Милчо Манчевски за филмот “Сенки” ја изиграл владата на Груевски и лапнал 1 милион евра

Sase Ivanovski

Со донации од македонските граѓани во Газа дистрибуирана питка вода

Sase Ivanovski

Генерал-мајор Сашко Лафчиски во текот на денешниот ден учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Во врска со таблата на граничниот премин Блаце со Косово, чија фотографија беше објавена од дел од медиумите, го соопштуваме следното…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДС беше рака под рака со корупцијата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и понатаму е против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица поради изнуда

Sase Ivanovski

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранители

Sase Ivanovski

Стојаноски: Директорите од СДС и ДУИ во јавните здравствени устранови набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО 

Sase Ivanovski

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Санкции за превоз на патници без лиценци

Sase Ivanovski

Проверен факт: Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски нелегално ги трошел народните пари за субвенции за фирми блиски до СДС

Sase Ivanovski

Рељиќ на 7-та позиција на Олимписката ранг листа

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Прилеп

Sase Ivanovski

Тошковски: Секој што правел криминал ќе одговара, без разлика кој и колку високо бил

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Радовиш

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на македонската национална опера и балет во Софија

Sase Ivanovski

СВР Битола поднесе пет кривични пријави за предизвикување на пожари во Битола и битолско

Sase Ivanovski

ДУИ: Неспособноста на ВЛЕН ги уништува националните достигнувања на Албанците

Sase Ivanovski

Меџити: ДУИ е деструктивна, а СДСМ забега во национализам

Sase Ivanovski

Меџити: Нема да одиме таму каде што сака да не поведе деструктивната опозиција

Sase Ivanovski

Кабинет на претседателката Сиљановска – Давкова: Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Sase Ivanovski

Блиска фирма на пратеник од Европскиот фронт добила тендери од Груби, обвини Абази

Sase Ivanovski

Филипче: Дипломатска катастрофа и понижување на македонската држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Трајанов: Власта има капацитет да спречи меѓуетнички конфликт!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ситници со кои домот ќе изгледа полуксузно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кога тренерите потврдуваат зошто се тренери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Додиќ во небрано: Деца го нарекоа лопов…

Sase Ivanovski

(ФОТО) Првиот црнец примен на Универзитетот во Оклахома во 1948 година бил принуден да седи во агол подалеку од колегите-бели студенти

Sase Ivanovski

Од 13 до 15 септември: “Skopje Beer Weekend“ на стадионот на АРМ во Градски парк-Скопје

Sase Ivanovski

Тошковски: Има многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари

Sase Ivanovski

Ако сакате круши, кајсии, јаболка… од македонско производство, ова е земјоделецот кого го барате: Запознајте го Бајро Ашкериќ од Виничани кој го послушал министерот и прв посадил 4000 дрвца круши

Sase Ivanovski

ПОСЕТАТА НА СИЉАНОВСКА И МУЦУНСКИ НА СОФИЈА Е ГОЛЕМ ДРЖАВНИЧКИ ПОТЕГ КОЈ ЗАСЛУЖУВА ЦЕЛОСНА ПОФАЛБА!

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски излажа дека парите не се од Кина, меѓународни медиуми го потврдија тоа

Sase Ivanovski

КУЗЕСКА: Срамно понижување на државата и дипломатски дебакл на Давкова и Мицкоски во Бугарија

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Не сум монарх за да го менувам Уставот

Sase Ivanovski

КОСТОВСКИ: Ги прашувам институциите на прогонот и правда, кој е тој што има потреба да објавува лажни текстови во име на оштетените штедачи на ЕУростандард банка кои се целосно исплатени?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еве како да наместите некој пријател со одличен трик

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со Претседателот на МАНУ, Академик Живко Попов

Sase Ivanovski

Јефимчик, најмасивниот бодибилдер на светот, почина – неговата неверојатна диета и шокантен крај!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во најголемата заплена на синтетички апчиња во шпанската историја, полицијата открила и запленила дрога вредна 25 милиони евра

Sase Ivanovski

Ослободен заплеткан кит од рибарски мрежи по четиридневно спасување во Канада

Sase Ivanovski

Белата куќа: Предупредувањето на Путин го сфативме сериозно

Sase Ivanovski

Делегација на ММФ ќе ја посети Москва

Sase Ivanovski

Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово

Sase Ivanovski

Курти: Вучиќ во координација со Русија подготвува нови закани кон Косово, но не нè плаши

Sase Ivanovski

Низа реакции од ЕУ и САД околу одземањето на пратеничкиот мандат на Олта Џачка

Sase Ivanovski
Вчитувам....