Појаснувањето од Министерството доаѓа откако опозициската СДСМ денеска побара одговор од премиерот на чиј трошок синот го придружувал во САД.Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрлаат тврдењата изнесени од СДСМ.
„Делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството“се вели во соопштението испратено од Министерството.
Оттаму информираат дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрешени средства од буџетот на Северна Македонија и додаваат дека за дополнителни информации остнуваат отворени за јавноста