Амбасадорот Желаско Радуков ќе биде примен од директорот на Директоратот за регионална соработка во МНР и таму ќе му биде врачена приотестна нота – откако тој ќе се врати во државата, најави денеска од МНР. Од МНР претходно соопштија дека фотографирањето на Давкова и Радев пред бугарското знаме, а без македонското, е протоколарен пропуст од страна на Бугарија. Но, министерот Муцунски не реагирал јавно, поради почит кон Бугарија поради авионската несреќа во која загинаа двајца пилоти.
Според МНР, пред средбата нашата амбасада и протоколот на претседателот Румен Радев ги договориле деталјите, при што била договорена заедничка средба и фотографирање само во работниот дел од канцеларијата на бугарскиот претседател, по што следел ручек на кој, парадоксално, имало истакнато македонско знаме, но од таму нема фотографија. Според МНР, бугарскиот протокол отстапил од договорено и Радев се фотографирал со Сиљановска пред бугарските знамиња.
За направената отстапка освен што ќе биде врачена протестна нота, ќе се бара и извинување од кабинетот на бугарскиот претседател. Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира случајот со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која при нејзината посетата на Софија беше повикана од бугарскиот претседател Румен Радев да се фотографираат пред бугарски знамиња, без да биде поставено македонското знаме, рече дека денеска ќе му биде врачен демарш на амбасадорот на нашиот источен сосед.