МАКТЕЛ

    

Можна промена: Новиот државен грб ќе натовари и нови химна и знаме?

      

Најавата за можна промена на државниот грб уште на почеток ги подели партиите и клучното прашање е дали и доколку ВМРО-ДПМНЕ обезбеди двотретинско мнозинство ќе ја турка иницијативата без обезбеден консензус. Откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека со Вреди го отворил прашањето за промена на грбот, засега јасно е само дека отворање на Уставот само за тоа прашање ќе нема. Владејачката Вреди и опозициската ДУИ сакаат промена на грбот, но во пакет со други барања. Владиниот партнер ЗНАМ досега не е прашан, па нема ни став, додека опозицискиот СДСМ најави дека жестоко ќе се спротивстави на каква било промена на државниот грб. Ако Мицкоски е решен да ја турка иницијативата, прво ќе треба да ги испегла позициите во сопствениот владин двор, па потоа да се потруди да го убеди и Филипче за промена на државниот грб. Промена што би била одраз на сегашната реалност. Билал Касами, еден од лидерите на Вреди, вели дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи, поврзани со минатиот општествено-политички систем и дека се потребни пакет измени. Тој додава дека поддржуваат промени на Уставот, со кои би се рефлектирала сегашната реалност на државата.– Јас, впрочем, во еден претходен мој јавен настап сум кажал дека и една од целите за именување на улиците во градот Тетово, беше тоа што уште стои наследството од минатиот систем, што е и образложението на премиерот во делот на менување на грбот на државата. Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем, ќе рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Ние сме подготвени да разговараме сигурно дека тоа ќе биде и јавен транспарентен процес – рече Касами.

Висок владин функционер од Вреди за „Слободен печат“ вели дека покрај нов грб, потребна е и нова химна и промена на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик.– Точно е дека грбот и химната се влечат од комунизмот. Точно е и дека 20 проценти е понижувачки за албанскиот јазик. Ги разговараме овие теми, но сега приоритет е спроведување на владината програма и приоритетите, како што се евроинтеграцијата, правната држава, економскиот развој, децентрализацијата – вели функционерот. Висок владин функционер од ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ вели дека ако има договор за промена на грбот, Уставот би се отворил само за тоа прашање. Отворањето на највисокиот правен акт во државата не е врзано со внесот на Бугарите во Уставот, ниту, пак, со Вреди се разговарало за промена на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик или за нова химна. Од ЗНАМ велат дека Мицкоски досега со нив не го отворил прашањето за промена на грбот и дека откако премиерот отворено ќе зборува на таа тема, тие ќе го кажат ставот.
Освен Вреди, отворање на Уставот во пакет бара и опозициската ДУИ. Висок функционер од ДУИ за Слободен печат“ вели дека се подготвени да дебатираат за промена на грбот, химната, за промена на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик, но и за национално знаме на Македонците кое би се разликувало од државното знаме. Според функционерот, добро е да се постигне консензус за промена на државните симболи што треба да бидат прифатливи за сите граѓани и етнички заедници, а Македонците да изберат национално знаме за државното знаме да биде почитувано од сите граѓани и заедници. СДСМ е „жестоко против“. Наспроти подготвеноста на албанскиот политички блок за промена на државните симболи, против промена на грбот жестока реакција најави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. – Сметаме дека државниот грб сосема соодветно, прво хералдиски ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и придобивките од Народноослободителната и антифашистичка војна. Нема никаква поделба во однос на етнички групи и доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб – изјави Филипче.

   

Според него, ова е уште еден од низата ненајавени и испланирани предлози на ВМРО-ДПМНЕ, што се повторува од претходно. – Тоа е еден предлог што сега се повторува. Да потсетам дека тој предлог беше на маса пред повеќе години, за време на минатата влада, кога беа во коалиција заедно со ДУИ. Тогаш беше дел од еден пакет мерки што требаше да се донесе. Конкретно, сметам дека првата дилема што се поставува е дали можеби внатре, во коалицијата со Вреди, давајќи го овој предлог за измена на државниот грб, не се разговара и за измена на химната. И тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори – рече Филипче. ЛДП: Рисот како препознатлив вид да биде на новиот грб. И додека партиите лиферуваат предлози за отворање на Уставот, при што освен грбот би се менувале и другите државни симболи, ЛДП е за промена на грбот и веднаш излезе со предлог рисот да биде симболот за препознавање на македонскиот грб. – Поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава. Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции. Доколку се постави рисот, се покажува поглед кон иднината наместо враќање назад и гледање во минатото. Тоа е симбол што со ништо нема да потсетува на која било соседна држава и да создаде проблеми. Прифатлива е само уникатност, посебност, новина, свежина, иднина и заштита на своето, како што е балканскиот рис, кој потекнува од Шар Планина, е ретко и заштитено животно, и е еден од нашите национални државни симболи – велат од ЛДП. Според ЛДП, посебноста на Македонија мора да биде главната водилка кон прифаќањето каков било предлог за државниот грб. Притоа, тоа мора да биде и решение што ќе ги задоволи сите граѓани на Македонија, без разлика на националната, етничката, партиска, верска или било која друга припадност. – Предлагаме општоприфатливо решение. Бидејќи доколку сите се водиме од своите партиски обележја или позиции, ЛДП би се придржувала до македонската флора и фауна и би предложила поставување на соколот како уникатен македонски симбол и дел од нашиот македонски фолклор. Покрај тоа што во Македонија живеат девет посебни видови соколи, во нашата народна музика со гордост се опева соколот кој пие вода од нашиот Вардар, песна што е и химна на партијата – истакнуваат од ЛДП. „Слободен печат“ веќе објави дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди разговарале за промена на државниот грб. Премиерот потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб. – Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сè уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации – рече Мицкоски.

  

Најново

Времето денеска сончево со максимална температура до 18 степени

Sase Ivanovski

ЌЕ ГИ ИСПРАТИМЕ ВО ВЕЧНОСТА, НО ЗА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА, БОЛКАТА НЕМА ДА ЗАВРШИ: Таравари со емотивна порака

Sase Ivanovski

Брисел повторно ќе ги казнува „Гугл“ и „Епл“: Не ги почитуваат правилата

Sase Ivanovski

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ – Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

Sase Ivanovski

КАША ПОПАРА: И локалите со важечки лиценци не исполнувале ни половина од техничките услови

Sase Ivanovski

Граѓаните на Кочани во поворка пред Паркот на револуцијата

Sase Ivanovski

Премиерот го пофали Обвинителството за досегашната истрага за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Протест на опозициската Републиканска народна партија во Анкара

Sase Ivanovski

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот

Sase Ivanovski

Путин сака САД да ги признаат сите територии кои Русија ги анектира од Украина

Sase Ivanovski

Комора на психолози: Психолошка поддршка ќе им треба и на родителите и на повредените, но и на лицата кои учествуваа во спасувањето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во 30-дневен притвор одат седумте полицајци од Штип и Кочани

Sase Ivanovski

Се подобрува здравствената состојба на папата Франциск

Sase Ivanovski

Трамп: Украинските електрани ќе бидат најбезбедни ако преминат во американска сопственост

Sase Ivanovski

Откако испадна Џорџеску, романската крајна десница се обединува околу нов претседателски кандидат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Додека Македонија тагува, некој пука огномет на скопскиот кеј

Sase Ivanovski

Македонци во Брисел им оддадоа почит на загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ за новиот воен пакт меѓу Албанија, Косово и Хрватска: Уверен сум дека не го известиле НАТО

Sase Ivanovski

Тројца луѓе синоќа загинаа во страотен судир на три автомобили и трактор во Србија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Штипјани маршираа во тишина во спомен на жртвите од кочанската трагедија

Sase Ivanovski

ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пазарната инспекција утврди дека повеќе од половина од дискотеките кои имале лиценци, не ги исполнуваат условите, ќе има забрани за вршење дејност

Sase Ivanovski

Мицкоски: За сите ќе има одговорност кои имаат вина за кочанската трагедија, без оглед дали е од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ

Sase Ivanovski

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски: Благодарност до граѓаните за достоинственото искажување на почит, а правдата и одговорноста ќе ги стигне сите виновници

Sase Ivanovski

Заедничко соопштение на Владата, МВР, ЗНМ и ССНМ: Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Sase Ivanovski

МЗ: Благодарност за натчовечките напори на здравствените работници од земјава и од специјализираните медицински центри од странство, кои даваат свој придонес во грижата на повредените од пожарот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против седум високи полициски функционери од СВР Штип и ОВР Кочани за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачки: Достоинствена почит, но и предупредување за злоупотреби

Sase Ivanovski

Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани денес доживеа удар

Sase Ivanovski

18-годишен и 24-годишен повреден во пожарот во Кочани се префрлени од Воената болница во Клиничкиот центар во Ниш

Sase Ivanovski

Зеленски: Со Трамп имавме суштински и искрен разговор

Sase Ivanovski

Влада: Сите вработени луѓе во Кочани утре да бидат ослободени од работа

Sase Ivanovski

Проверени преку 60 – 70 локали, дури и оние со важечки лиценци, над половината не ги исполнуваат минималните технички услови

Sase Ivanovski

Анестезиолог на ВМА Белград: Сериозна здравствената состојба на повредените од Кочани

Sase Ivanovski

Кочани – од град на насмевките до град на смртта

Sase Ivanovski

Професор во штипска гимназија ги искинал хамерите на децата кои оддаваа почит за жртвите во Кочани!

Sase Ivanovski

Владата одржа вонредна онлајн седница, донесени четири заклучоци за погребот на настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Им побарал 13.000 евра за им дозволи да градат апартмани: Падна Елезоски

Sase Ivanovski

МЗ: Двајца од хоспитализираните во Бугарија од денеска почнуваат да се движат

Sase Ivanovski

Муцунски: Благодарам на Србија за помошта

Sase Ivanovski

Д-р Добрила Андоновска: Значајно е да се нагласи дека лекувањето на тешките изгореници е повеќемесечно и „скапо“ го чини Фондот, но ништо не е поскапо од човечкиот живот

Sase Ivanovski

Нападнат лекар во тетовската болница

Sase Ivanovski

Клековски: Испраќаме пациенти во странство, затоа што немаме искуство со комплицирани пациенти со изгореници, за 4 години сме имале 28 тешки случаи

Sase Ivanovski

Извлечени двајца планинари од Чешка заглавени во снег на Галичица

Sase Ivanovski

АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Лицата кои оперирале со дронови при вчерашните настани морале да бидат регистрирани оператори на дронови

Sase Ivanovski

Клековски: На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете

Sase Ivanovski

Вучиќ најавува оставка од функцијата доколку се утврди дека бил користен звучен топ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клековски: Во контакт сме со фондација од Холандија за да донесеме кожни графтови за повредените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Седумте полициски службеници констатирале дека кабарето во Кочани ги исполнува законските услови, за нив доставен предлог за притвор

Sase Ivanovski

Таравари го разреши директорот на кумановската болница

Sase Ivanovski

Општата болница – Кочани од денеска спроведува психолошка и психијатриска поддршка

Sase Ivanovski

Стојановски: Состојбата на повредените пациенти во ГОБ „8 Септември“ е стабилна, интервенирање за отстранување на изумреното ткиво од изгорениците

Sase Ivanovski

33-годишен затвореник почина во „Идризово“

Sase Ivanovski

Клековски: Згрижувањето на пациентите од пожарот во „Пулс“ е завршено, од утре се фокусираме на планирањето на следните чекори

Sase Ivanovski

Утре последен поздрав на градските гробишта Бутел во Скопје каде ќе биде погребан пејачот од „ДНК“ Андреј Ѓоргиевски

Sase Ivanovski

Јавноста се простува и изразува длабока почит и благодарност за херојството на Илчо Гоцевски – еве што раскажа неговата сопруга

Sase Ivanovski

Седум полициски службеници од Кочани и Штип осомничени за тешки дела против општата сигурност, доставен предлог за притвор

Sase Ivanovski

(ВО ЖИВО) УСС УКИМ го откажа денешниот мирен собир во чест на жртвите од Кочани: Немало доволно простор – СТУДЕНТИТЕ СЕПАК СЕ СОБРАА!

Sase Ivanovski

Зеленски по разговорот меѓу Путин и Трамп: Русите планираат неколку нови офанзиви

Sase Ivanovski

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани, на повредените им посакувам брзо заздравување

Sase Ivanovski

Манев: Палчо ладнокрвно запали цигара по убиството на Вања, а со средство, кое ги чисти днк трагите, го исчисти алатот со кој ја закопавме

Sase Ivanovski

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНА НАПАДНАЛА НАФТЕН МАГАЦИН, ИЗБУВНАЛ ПОЖАР Кој прв го прекрши договорот за ненапаѓање енергетски инфраструктури?

Sase Ivanovski

ПОСЛУШНИК НА ПАЛЧО ГИ УНИШТИЛ ПИШТОЛОТ И МОТОРОЛИТЕ Манев откри дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол

Sase Ivanovski

7 НОВИ УАПСЕНИ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИЦИ И СЛУЖБЕНИЦИ Плеткале со лиценцата на дискотеката на смртта

Sase Ivanovski

ДИСКОТО „ПУЛС“ НЕ Е ЕДИНСТВЕНО СО ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЦЕНЦА Досега 26 осомничени за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ЈА ЧИСТЕЛ ЛОПАТАТА СО WD-40 ЗА ДА ИЗБРИШЕ ДНК ТРАГИ „Откако ја закопавме Вања, Палевски ладнокрвно запали цигара и отвори да види што има на интернет“, вели Манев

Sase Ivanovski

ПОРТАЛИТЕ ОД ОНЛАЈНМЕДИА НЕМА ДА ГИ СНИМААТ ПОГРЕБИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА Треба целосно да се почитува приватноста на семејствата

Sase Ivanovski

ДОМА СЕ ЛЕКУВААТ 77, ВО СТРАНСТВО 101 ПОВРЕДЕН ВО ПОЖАРОТ Министерството за здравство ги објави деталите

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ АПЕЛИРА ДО НОВИНАРИТЕ УТРЕ ДА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ТРОГАТЕЛНИ СЦЕНИ Министерството за внатрешни работи ќе објави протокол за утрешниот ден

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН НА ИЗЛЕЗ ОД АЛБАНИЈА КОН ЦРНА ГОРА Се работи на негова екстрадиција во Македонија

Sase Ivanovski

„Го загубивме срцето и душата на Ансамблот“: Срцепарателно збогување со младата Стефанија која почина во кочанската трагедија

Sase Ivanovski

Мира Минанова: МНТ не ги враќа парите од картите за откажаната претстава Г. Глембаеви

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска е последниот транспорт на повредени во странство, во релативно стабилна состојба се повредените лица и нема починати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митева: Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови по што следи забрана за вршење на дејност

Sase Ivanovski

Соработникот на Додик за кого е распишана потерница отишол да го поддржи Вучиќ, поминал непречено покрај пограничната полиција

Sase Ivanovski

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје

Sase Ivanovski

Центар и Кисела Вода со по еден милион денари помош за семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Има ли притисоци да не се оди на собири? – учениците велат да, директорите демантираат

Sase Ivanovski

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени азбестни честички во воздухот

Sase Ivanovski
Вчитувам....