Дури и ако постојат ризици и без разлика колку предизвици има, Тајван мора да го преземе овој чекор и да дозволи самостојната национална одбранбена политика да расте и да процвета на нашата земја, рече Цаи, стоејќи пред подморницата која беше именувана „Нарвал“.
Тајван ја произведе својата прва подморница, а планира да има најмалку две оперативни до 2027 година. Претседателката Цаи Инг-вен рече дека тоа е дел од амбициозниот проект за модернизација на вооружените сили и дека тоа во минатото изгледало како невозможна задача, јавува Ројтерс.Новото вооружување, според неа, ќе ја зајакне способноста на Тајван да војува асиметрично.
– Дури и ако постојат ризици и без разлика колку предизвици има, Тајван мора да го преземе овој чекор и да дозволи самостојната национална одбранбена политика да расте и да процвета на нашата земја – рече Цаи, стоејќи пред подморницата која беше именувана „Нарвал“.
Подоцнежните модели на подморници кои ќе ги произведе Тајван можеби ќе бидат опремени и со сопствени проектили.Подморницата која сега беше произведена ќе користи борбен систем на Lockheed Martin Corp (LMT.N) и ќе носи торпеда од американско производство Mark 48 во тешка категорија. Ќе влезе во морски проби следниот месец пред да ѝ биде достапна на морнарицата до крајот на 2024 година.Производството на само една подморница го чинеше Тајван 1,53 милијарди американски долари.