16.8 C
Скопје
22/04/2024 18:38
МАКТЕЛ

  

     

 

Мој термин” инфициран со ,,само да прашам” и ,,преку ред”, нема лек за ,,врски” во здравството

      

Намалување на метежот и редиците на чекање во здравствените установи, квалитетна здравствена услуга за сметка на намалената административна работа, брза комуникација и консултации меѓу примарната, секундарната и терцијалната здравствена заштита се само дел од целите што требаше да се постигнат со воведувањето на „Мој термин“. За жал, реалноста е сосема поинаква. Тешко наоѓање на термин за специјалистички прегледи, полни амбуланти, влегување преку ред со изговор „само да прашам“ и по пријателска линија и непочитување на закажаниот термин.

   

Матичните лекари се соочуваат со проблем да закажат термин за специјалистички прегледи, а пациентите доколку го добијат терминот, во зависност од специјалистичката услуга, може да чекаат и по неколку месеци, иако понекогаш итноста на болеста е поважна од чекањето.

 

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари доктор Лилија Чолакова-Дервишова во изјава за МИА вели дека не постои матичен лекар кој нема проблем со закажување на специјалистички прегледи и дека најчесто се принудени да ги праќаат пациентите со приоритетни упати. Овие пациенти во специјалистичките амбуланти се прегледуваат последни откако ќе поминат сите оние со закажан термин.

   

     

– Станува многу тешко да се работи како матичен лекар и проблемите се енормни затоа што нема термини. Одредени доктори веќе со години ги немаме видено да имаат ставено термин или ставаат малку термини. Така што замолувам Мој термин да има поголема контрола или нешто треба да менуваме во целокупната ситуација бидејќи сакајќи да се направи специјалистот да биде подостапен за народот, излегува дека едноставно пациентите не можат да завршат работа, нема термини, па мора да одат на приватно. Нешто не функционира, време е за ресет, вели Чолакова Дервишова.

Најмногу се чека за еко на дојка, ехо на простата, мамографија, колоноскопија, гастроскопија, компјутерска томографија, ПЕТ скен…. , но проблемот, според доктор Чолакова-Дервишова, е и во тоа што недостигаат специјалисти во внатрешноста во сите области, па болниците не работат 24 часа, иако согласно закон треба да пружаат 24-часовна здравствена заштита. Поради тоа, пациентите се принудени да бараат здравствени услуги на друго место.

– Сликата во Скопје е една, додека во внатрешноста е сосема друга. Недостигаат специјалисти во внатрешноста по сите основи. Едноставно, болниците се десеткувани и празни. На пример, во Болницата во Велес има шест одделенија со по еден специјалист така што 24-часовна услуга нема. Ако се случи очниот лекар да е прва смена и да дојде пациент во втора смена со повреда на окото мора веднаш да се прати за Скопје. Така што проблемите се навистина големи и мора ингеренциите да се симнат на пониско ниво и менаџерскиот тим на Министерството за здравство за овие и други клучни интервенции да прераспредели кадар бидејќи по Устав и по Законот за здравствена заштита, болниците треба да пружаат 24-часовна здравствена заштита, вели Чолакова-Дервишова.

Според Чолакова-Дервишова, неретки се случаите и кога пациентот има закажан термин, а специјалистот го нема.

– Каде се санкциите зошто некој се става само два дена на термин или има само два термина во денот. На ова ние веќе подолго време алармираме, вели Чолакова-Дервишова.

За голготата низ која поминуваат пациентите низ здравствените лавиринти за МИА сведочи и пациентката Ана Марјановиќ која за скен на коски чекала од септември за да биде повикана на снимање кон почетокот на декември. За парадоксот да биде поголем, во разговор со пријателките сфатила дека сепак времето на чекање не било долго, односно дека завршила работа за краток временски период.

– Од лично искуство знам дека чекав од септември до почетокот на декември за скен на коски. Сега има пациенти кои, наместо да се намалува времето на чекање, за скен на коски, чекаат околу четири месеци, истото е и за ПЕТ скен, вели Марјановиќ.

„Мој термин“, според неа, е нешто што можеби функционира, но не и за пациенти кај кои е дијагностицирана болеста и кои имаат потреба од редовни контроли.

– Јас ќе зборувам за Ц-50 болеста. Правите редовни контроли минимум на шест месеци што значи дека ако јас најдам по некоја случајност термин сега, по Мој термин или по новиот скрининг, треба да почнам од следната недела да барам термин за следното снимање. Меѓутоа кога станува збор за ехо и мамографија не ги закажуваат така, туку ги отвараат на месец.. Значи проблемот со онколошките пациенти и снимањата што треба да ги имаат посебно ехо и мамографија се решава единствено кога ќе отидете кај радилогот и ја знае вашата историја, да ја има можноста во истиот момент да ви закаже термин за шест месеци и да немате потреба од одење по тие бирократски патишта прво затоа што се намалува времето на чекање и резултатите ќе бидат на време, а второ посебно за овој тип на дијагнози е многу важно оној кој ве гледа да ве познава и да знае што видел претходниот пат, појаснува Марјановиќ.

Здравствените власти уверуваат дека редовно се врши контрола во електронскиот систем на закажување, но дека за да се добие целосна слика на ситуацијата треба да се имаат предвид неколку фактори меѓу кои дефектите на апаратите, потребата од редовно сервисирање, како и несовесноста кај дел од пациентите кои закажуваат термин, а потоа не доаѓаат.

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева во разговор за МИА посочува дека минатата година само за магнетна резонанца од вкупно закажаните термини, една петтина не се реализирани поради недоаѓање на пациентите.

–  Во изминатата година вкупно се реализирани 24.395 упати за магнетна резонанца, но нереализирани се 4.370 упати за магнетна резонанца, што претставува една петина од вкупниот број на термини. Со цел правилно да го разбереме овој проблем, би сакала да додадам дека треба да ги имаме предвид сите дефекти кои што се случуваат во тековното работење на дијагностичките апарати, но исто така и потребата за редовно сервисирање на апаратурата со цел да добиеме соодветни дијагностички извештаи од истите, вели заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

За недоаѓање на закажан термин, разгледувани се повеќе можни решенија, а едно од нив е пациентите да го потврдат терминот неколку дена пред да дојдат на преглед.

Заменик-министерката Манолева вели дека ќе се оди со решенија кои нема да бидат на товар на пациентите на кои и онака им е тешко поради болеста што ја имаат, но сепак повикува на совесност, а доколку граѓаните не се во можност да дојдат, да го откажат терминот кој може да се искористи за друг пациент.

Во Законот за здравствена заштита и сега има член со кое се уредува овој момент. Во член 39-а, став 12 е наведено дека пациентите се должни да го почитуваат терминот закажан преку електронската листа на прегледи и интервенции, а доколку се оневозможени да дојдат, треба да го откажат најмалку 24 часа претходно.

Закажувањето термин не е единствен проблем, се чека и за резултати

Чекањето да се закаже термин не е единствниот проблем со кој се соочуваат пациентите. Понекогаш се чека и за читање на резултатите од снимањето, а една од причините е недостигот на радиолози во земјава.

Марјановиќ, која е пациент на Клиниката за онкологија, вели дека онколозите прават напори доколку е нешто итно да се најде термин, меѓутоа и тогаш се јавува проблем особено ако треба да се направи магнетна резонанца или ПЕТ скен бидејќи нема кој да ги прочита резултатите.

– Откако ќе причекате неколку месеци за да стигнете до терминот, тогаш чекате три недели до месец дена за некој да може да ги прочита тие резултати  бидејки бројот на радолози кои ги читаат резултатите е многу мал, вели Марјановиќ.

Според неа, словенскиот систем на двојна проверка на читањето на резултатите е нешто што треба да се воведе во земјава за да се намалат и грешките што се прават, за кои вели дека не се така мали.

Заменик-министерката за здравство Манолева признава дека радиолози како кадар фалат, но додава дека голем е бројот на веќе упатени доктори на специјализација. Манолева се надева дека во наредните две до три години овие кадри ќе бидат дел од јавните здравствени установи и дека ќе се пополни празнината што постои во овие години.

Според надлежните, во изминатите шест-седум години речиси двојно е зголемен бројот на доктори на специјализација и супспецијализација. Без последниот конкурс, има околу 1.300 доктори упатени на специјализација и околу 400 доктори упатени на супспецијализација.

    

Најново

ИФИМЕС: Ризик од Ивановизација на претседателската функција

Sase Ivanovski

Уставот на раскрсница: „Ако веќе се отвора…“

Sase Ivanovski

За Ванковска надворешната политика ни е вазалска, а според Димитриевски имаме бизнис-доверителка дипломатија

Sase Ivanovski

Лавров:„Нема дијалог со САД за стратешка стабилност во услови на тотална глобална војна против Русија“

Sase Ivanovski

Шефот на израелската воена разузнавачка служба поднесе оставка

Sase Ivanovski

Економската директорка на Клиниката за токсикологија одби да зборува на македонски јазик, новинарите ја напуштија салата

Sase Ivanovski

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на изборите во училиштата ако се најде друго решение

Sase Ivanovski

Реакција на Синдикатот на УПОЗ при Министерството за култура: Ѝ благодариме на министерката која НЕ застана во одбрана на вработените и не ги осуди навредите и омаловажувањата кон нив

Sase Ivanovski

Театарската претстава „Јагнето“ во Public Room

Sase Ivanovski

Во Грција приведени десетици лица поради убиството на полицаецот за време на одбојкарски натпревар

Sase Ivanovski

Врачена највисоката награда – ГРАН ПРИ на Мице Јанкуловски на Меѓународно биенале на уметноста на минијатура во Горњи Милановац

Sase Ivanovski

Утре гласа дијаспората, затворениците и болните и изнемоштени лица

Sase Ivanovski

Авторката Оливера Зуловиќ присустуваше на промоцијата на „Прирачник за солиден живот“ која ја освои наградата на „Политикин забавник“ за најдобара книга за деца и млади

Sase Ivanovski

АВМУ: Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, нема вести ни за Парламентарните избори

Sase Ivanovski

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

Sase Ivanovski

Соборено израелско безпилотно летало на либанска територија

Sase Ivanovski

Петровска од големиот граѓански митинг: Во првите три месеци од мандатот 60.000 денари плата за пожарникарите

Sase Ivanovski

Агрон Демири: Нема откажување од иднината! Младите сакаат европска иднина!

Sase Ivanovski

Спасовски: Во следните 4 години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Sase Ivanovski

Производителите на пролетна зелка можат да бидат спокојни, предвидуваме мерка за нивна поддршка

Sase Ivanovski

Димитриевски на дебатата во МРТВ: Граѓаните да излезат и да стават крај на сето ова што се случува 30 години од едни исти луѓе, на ист начин

Sase Ivanovski

Николовски: Со европски мерки и политики до европски образовен систем

Sase Ivanovski

Тренчевска: Со Гаранција за млади ќе опфатиме нови 35.000 млади лица

Sase Ivanovski

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја по изјавата на Бајден дека неговиот вујко го изеле канибали:„Мојата земја не заслужува таква етикета“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАЛЕСКИ: ИЗГРАДИВМЕ ИКТ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРИЛЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОБАН ЈАНКОСКИ, ЧЛЕН НА ИК НА ЛДП НЕ СЕ СРАМИ ДА ПРИЗНАЕ ДЕКА САМ СИ ГИ ПЕГЛА КОШУЛИТЕ

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Анкета на Евротинк – 50% задоволство од управни служби за време на Спасовски, 20% задоволство за време на Тошковски

Sase Ivanovski

НСДП ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ДА ГЛАСААТ  ЗА НАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи  во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес    

Sase Ivanovski

Полска подготвена да распореди американско нуклеарно оружје на своја територија

Sase Ivanovski

Столтенберг: Одложувањето на помошта за Киев имаше последици

Sase Ivanovski

Мисајловски: Платформа 1198 е програма за подобар живот на граѓаните, за економски раст до 5%, за 50.000 нови вработувања

Sase Ivanovski

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Сила бога не моли.Одиме до таму каде што можеме, мала држава сме.Не да клекнеме сосема и да не тепа кој стигне. Да си ги кажуваме аргументите

Sase Ivanovski

Пендаровски: Јас сум претседател кој дал најмногу вета, за кои законите не се вратени потоа

Sase Ivanovski

„За да има помирување треба да зборуваме за транзициска правда, а за транзициска правда треба одговорност“ порача Силјановска-Давкова

Sase Ivanovski

Таравари: ВЛЕН ќе им ја донесе долгоочекуваната промена на Албанците

Sase Ivanovski

Османи со порака до младите: Гласајте за кредибилна понуда!

Sase Ivanovski

Даниела Колева: Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми за лажни вести?

Sase Ivanovski

Лефков: На ден пред гласање, разбиена мојата пратеничка канцеларија во Кочани

Sase Ivanovski

Министрите на ЕУ формално ги потврдија промените во Поглавјето 35 во преговорите со Србија

Sase Ivanovski

Во меѓународна полициска акција во БиХ приведени полицајци поврзани со нарко картелот „Тито и Дино“

Sase Ivanovski

Лукаревска: Силна домашна економија, праведен даночен систем, парите кај граѓаните, за европски стандард дома

Sase Ivanovski

ФОКУС: Актуелни директори, сопружници, внуки на изборните листи на партијата на Арсовска

Sase Ivanovski

Ангелов: „Ахмети, кревај „рачна“ со време, Мицкоски не е сам!“

Sase Ivanovski

БГНЕС: Ковачевски и СДСМ го користат фудбалот во примитивна антибугарска кампања

Sase Ivanovski

Маричиќ: Преспанскиот договор донесе крај на еден долгогодишен спор, членството во НАТО и ни го отвори патот кон ЕУ, за тоа не им е гајле во ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Sase Ivanovski

Битиќи: Поддршка од 1,35 милијарди евра и пристап до европските пазари за нашите земјоделци

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Пронајден e сторителот што ја обил пратеничката канцеларија на Лефков

Sase Ivanovski

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото, се бориме за правда за сите!

Sase Ivanovski

Мицкоски од Сарај: Криминалот нема етничка припадност

Sase Ivanovski

Почнува Програмата „ЕУ за Преспа“, над 13 милиони евра за инфраструктура, одржливо земјоделство и туризам

Sase Ivanovski

Охриѓанец пријавил дека две лица од Непал вработени во неговата фирма се оддалечиле од домот во Охрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: 24 април доаѓа како предигра, тогаш работите ќе се разјаснат

Sase Ivanovski

Прегазен малолетник во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЛУПЕВСКА: НАМЕСТЕН ТЕНДЕРОТ НА ДИК ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ГЛАСАЧКИТЕ МАТЕРИЈАЛИ, ВМЕШАНА ЌЕРКА НА ПОРАНЕШЕН ШЕФ НА ДИК?!

Sase Ivanovski

ДА ПОМОГНЕМЕ НА МАЈКА НА ДВЕ ДЕЦА ДА СЕ СПАСИ ОД КАНЦЕР

Sase Ivanovski

Европски фронт: Мицкоски во тешкo дереџе, спасот го бара кај Левица

Sase Ivanovski

Болничар од Токсикологија му вршел притисок на лаборантот урина со наркотици да ја замени со чиста и уште оди на работа

Sase Ivanovski

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Sase Ivanovski

Пендаровски: Потребно ни е обединето општество, една од моите заложби беше намалувањето на јазот меѓу етничките заедници

Sase Ivanovski

Пендаровски: Пародија е што Силјановска-Давкова коментира за слободи и права на граѓаните, а нејзниот сопруг остави стотици семејства без работа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ – тие не стануваат тоа, до гуша се во криминал

Sase Ivanovski

За два месеци раководење директорката на Токсикологија го зголемила долгот на клиниката за два милиони денари – реагираат вработените

Sase Ivanovski

Пендаровски: Ветингот сега мора да биде задолжителен, во склад со нашето законодавство

Sase Ivanovski

Последен ден од кампањата за претседателските избори пред гласањето во среда, кампањата за парламентарните избори продолжува

Sase Ivanovski

Пендаровски: Најнова идеја промовирана во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ им е предлогот за носење на целосно нов граѓански устав за кој опозиционата партија досега се нема произнесено зошто ни е потребен

Sase Ivanovski

Николоски: Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче за ауди од 250 илјади евра, за хациендата на Водно и дали Филипче знае дека Пендаровски за него озборува дека е уживател на психотропни супстанци?

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: НЕ ОЧЕКУВАВ НИКОЛОВСКИ ДА ПАДНЕ НА НИВОТО НА КАФАНСКИ ОЗБОРУВАЧ, ЌЕ ДОБИЕ ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: НАШИТЕ ГЕНЕРАЛИ СЕ СРАМ ЗА АРМИЈАТА, ИМ БАКНУВААТ ЧЕВЛИ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ ЗА ДА СЕ ИЗГРЕБАТ ЗА ЧИН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: БЕЗ ЗНАМ НЕМА ДА ИМА НОВА ВЛАДА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: МАКЕДОНИЈА НЕ Е И НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ МУЛТИ ЕТНИЧКА ДРЖАВА, ТОА ГО НЕМА НИКАДЕ НА СВЕТ?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: ВО СДСМ МЕ НАРЕКУВАА НАЈГОЛЕМ ВМРОВЕЦ МЕЃУ КОМУЊАРИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: СДСМ И ВМРО ДПМНЕ СЕ 30 ГОДИНИ ВО ТАЈНА КОАЛИЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Артан Груби: Симнете ги знамињата ало, како се вика бе на турски, спушти го знамето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: ВО СДСМ ИМА МНОГУ ЧЕСНИ ЛУЃЕ, СДСМ НАПРАВИЛ МНОГУ ДОБРИ РАБОТИ ЗА ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: МИЦКОВСКИ ЦЕЛО ВРЕМЕ МЕ КОПИРА И КРАДЕ МОИ ИДЕИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: ВМРО ДПМНЕ СЕ ПАТРИОТИ НА БАТЕРИИ, ГЛУМАТ ДЕКА СЕ ПАТРИОТИ!

Sase Ivanovski
Вчитувам....