Речиси 6.000 станови се изградени во 2023 година, а сопствениците вложиле речиси 850 милиони во нивната изградба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2023 година се изградиле 5.776 станови, од кои 2.331 стан и викенд куќи кои се изградени од физички лица, а 3.445 станови ги изградиле компании.
Индивидуалните сопственици заедно со градежните фирми вложиле речиси 900 милиони евра во изградба, стои во извештајот на ДЗС. Индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност 223,8 милиони евра. Истите изградиле 2.020 објекти. Просечната корисна површина на завршените станови е 128,4 м2. Најмногу индивидуални сопственици граделе во Полошкиот регион каде што се изградени 641 стани и 5 викенд- куќи, потоа во Скопскиот со изградени 426 станови и 9 викенд- куќи и Југозападниот со 579 станови и 2 викенд куќи.
Градежните компании, пак, лани извршиле градежни работи во вредност од 600 милиони евра. Од нив, околу 308 милиони евра се за објекти во индивидуална сопственост. Во текот на 2023 година градежните компании граделе вкупно 2.874 објекти, а завршиле вкупно 3.445 станови со вкупна површина од 243.815 м2, од кои 3.415 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 70,8 м2. По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион каде што се изградени 2.061 стан , потоа во Југоисточниот регион со изградени 268 станови и Пелагонискиот регион каде што се изградени 212 станови.